1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа во Ирак

Дискусија во 'Барање работа' започната од MarijaLovee, 6 ноември 2017.

  1. MarijaLovee

    MarijaLovee Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Се повеќе се одлучуваме да заминеме некде надвор од земјава заради што знаеме дека овде пари не се праат лесно. Видов нема тема за работа во Ирак, сакам да прашам дали некој познава што бил таму на работа преку КБР,Флуор,Дајнеркоп, да ми каже како се работите таму, да сподели искуство некое би ми значело.
     
    На vlatko spasovski и dejanchili им се допаѓа ова.
  2. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Работа во Авганистан и Ирак се подразбира работа во американските бази сместени таму. Порано имаше доста поголем избор на работни места, но сега нашите работат претежно во кујна. Од тоа што сум слушнал и знам. Во кујна е многу тешка работата. Најголем проблем е тоа што во минатото многу поголема плата давале, а сега е паднато доста. За сега платите се движат од 2500-3000 долари. Но мора да знаете дека има и ризик.
     
    На dejanchili му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dejanchili

    dejanchili Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Машки
    Јас разбрав дека во последно време регрутирале и викале луѓе во КБР. Јас аплицирам уште од есента 2017 година но до сега никој не ме повикал. Зошто, не знам. Исто така знам дека имало луѓе од Куманово кои посредувале, аплицирале и помагале побрзо да те викнат но не знам име на ниту еден. Доколку некој знае, нека сподели информација.
     
  4. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.386
    Допаѓања:
    8.323
    Пол:
    Женски
    Во Ирак и Авганистан се работи во американски бази, за американски фирми. Во Авганистан условите се добри, тие се базите веке изградени што функционираат со години, додека во Ирак уште се во изградба базите и безбедноста, а и самите услови се полоши. Но платите се поголеми во Ирак од 4000$ до 5000$ почетна. Во Авганистан за ново вработените се околу 2000$ до 2500$. Со оглед на безбедносната состојба во Авганистан тие пари малку се.
    Дека работат нашите само во кујна не е точно, работат на секакви работни места.
     
  5. dejanchili

    dejanchili Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Машки
    Јас колку што знам безбедната состојба и во Ирак и во Авганистан е иста. Никој не гарантира ништо, но сега за сега немало проблеми.
     
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.841
    Допаѓања:
    19.517
    Пол:
    Женски
    А како да аплицираме ? Или посредник некој ?
     
  7. MarijaLovee

    MarijaLovee Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    https://kbr.jobs/irq/jobs/
     
  8. dejanchili

    dejanchili Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Машки
    Да, тоа е линкот што го напиша Марија. Напумпај го само CV-то со работи кои наводно си ги работела поврзани со позицијата за која ќе аплицираш без разлика дали си или не си го работела тоа. Никој нема да проверува ништо. И обавезно пропратно писмо.
     
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.841
    Допаѓања:
    19.517
    Пол:
    Женски
    Мислиш мотивационо ?
    И каде се врши интервјуто ?
    Колку посто треба англискиот да се владее?
     
  10. MarijaLovee

    MarijaLovee Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Преку кбр ти се јавуваат на телефон па доколку се одлучат после одиш во америка на прегледи за кој може да те вратат и за расипан заб, па доколку таму ги поминеш ситепрегледи леташ ирак, авганистан...иначе треба англиски за да се разбереш не бараат многу
     
  11. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.841
    Допаѓања:
    19.517
    Пол:
    Женски
    Дали има врска што горните заби ми се порцелан а на долната вилица носам протеза ?
     
  12. dejanchili

    dejanchili Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Машки
    Тоа со забите има и нема врска. Да, може да те вратат за расипан заб. Нејќат они таму да им отиде некој па после да им офка од болки, туку сакаат да им работиш. Иначе знам случај на човек кој отишол со здрави заби у Хјустон на прегледи па сабајлето на јадење му се скршила пломба или дел од заб па прошол. Но тоа можеби бил изолиран случај. Иначе откако ти се јават на телефон ти закажуваат интервју во америчка амбасада. Муабетот е на англиски со човек од амбасадата. Али ко што се збори чим ти се јават, 90% идеш у Ирак. Ја у моментот барам чоек од Куманово што посредуе и наводно се убрзуе процесот за идење, па ќе видиме што се случи. А до сега не ми се јавиле.

    Се очекуе да биде голем проектот и дека во тек била отворање на нова база во Ирак а тоа значи дека ќе им требаат луѓе. Па со среќа аплицирање. :)
     
    Последна измена од модератор: 5 април 2018
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lovestonedd

    lovestonedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2018
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    Од Куманово сум,знаете и сами секоја втора куќа има по минимум еден заминат или во Авганистан или Ирак.
    Брат ми е Авганистан, братучед ми Ирак, од друштво исто имам еден куп луѓе заминато,така да знам сигурно што е и како е, и самата чекам за брзо за заминам за Ирак.

    Не е точно дека Авганистан е подобра опција, беше на времето сега КБР нуди многу подобри услови у поглед на плата ,третман и безбедност. Во Авганистан е ратно стање,секој ден им летаат гранати над глава,многу немирно е, јас затоа и се откажав од идењето таму а можев да идам пред една година. Пред 4 5 месеци се врати тетка ми, ја погоди шрапнел од граната у рамото, и им зема добра оштета,сега замина за Ирак.
    Платите во КБР се скоро па дупло поголеми од оние у Aвганистан,и што е најбитно мирно е. И да точно е дека се отвара нова база,што значи дека ке им треба голем број на работници.

    Аплицирајте на страната на КБР,има огромен број на позиции, ви треба добро ЦВ и среќа.. Полека со луѓево што као водат, пошто 95 посто од нив се измамници.

    Кој е заинтересиран,имам мејлови директно од регрутери Американци, нека ми пише ЛП ке му ги пишам.
     
    Последна измена: 15 март 2018
    На Spiceyourlife и Дејанстрела им се допаѓа ова.
  14. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Во Авганистан и Ирак веќе многу Индијци, Пакистанци, Авганистанци работат за многу помали пари и веќе ги превземаат позициите на Балканците. Инаку има позиции за се и сешто, но највеќе е за кујна каде се паѓа од работа и е ненормално топло. Добрите позиции ги држат Американците. Немате слободни денови. Се работи по 12 часа дневно. Па сега видете.
     
  15. lovestonedd

    lovestonedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2018
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    ^ Кујна каде и да идеш да работиш е најтешко,не само во Ирак/Авганистан. Најлесно е да се отиде за таа позиција затоа што не бара посебни некои квалификации. Знам луѓе што со години и години се у кујна,па ете ги живи здрави прави и со богатство на сметките :D
    Никој не вели дека е лесно, секоја позиција своја тежина си има. Друго ако си способен,таму напредуваш. Ги ценат спремните луѓе и степенот на знаење на англиски, можеш многу лесно да идеш на боља позиција.
    А за 12 часа работа да, точно е. Тука работиме по 8 9,па немаме ништо, а таму со 12 часа земаш брдо пари. Life changing буквално. Кујна конкретно е 4000 долари плата во Кбр, плус бонуси. Па за таа пара вреди јас мислам
     
  16. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.841
    Допаѓања:
    19.517
    Пол:
    Женски
    Ги разгледав огласите скоро на сите бараат возачка дозвола ...
     
  17. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Мора да имате во предвид дека примате многу вакцини кои не се баш пожелни за девојки коишто утре сакаат да раѓаат. Климата е екстремно топла. Паѓаат гранати нон стоп. Се работи по 12 часа 7 дена во неделата. Немате одмори. Цело време сте во базата и нема никакво излегување надвор. Работат и жени, но голем дел од нив се уценувани за сексуални услуги. Не се само кумановци таму, туку има и од Скопје доста. Јас познавам лично човек од Скопје кој е неколку години таму и од него ми се пренесени искуствата.
     
  18. lovestonedd

    lovestonedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2018
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    Амааан што збориш ти? Те молам не шири дезинформации. Не смее никој со прст да те пипне ако ти не сакаш, со согласност е друго. Имаат опасна полиса за sexual harasment,доволно е само во службата за човечки ресурси што им е да се обратиш, одма опомена или трансфер следува.

    Toа да.. Полисата им е таква, за било која позиција бараат дозвола. На еден другар му се јавија, го прашаа за дозвола, рече нема и го одбија..
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  19. dejanchili

    dejanchili Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Машки
    Не дај Боже некоја да се пожали на sexual harasment, на таквиот одма му ги пакуваат парталите и до крајот на денот лета од кај што дошол. Така што не се грижете за тоа. На тоа добро им е познато на оние кои пробале такво нешто и знаат како си прошле. Lovestonned ако може да ми кажеш информација од некој кој посредува за КБР, ќе ти бидам благодарен. Поздрав до тебе.

    Доколку некој знае нека сподели доколку сака кој е критериумот според кој од КБР ги бираат луѓето на кои ќе им се јават? Дали е тоа начинот на кој е напишано CV-то, мотивациското писмо или нешто друго. Јас имам еден пример на CV кое што ми го дадоа луѓе од Куманово, но добредојдени се секакви информации.
     
    Последна измена од модератор: 5 април 2018
    На Дејанстрела му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MarijaLovee

    MarijaLovee Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Шанси нема да ги уценуваат одма леташ за назад тоа сигурно и сите што отишле остануваат дур не им го раскинат договорот а тоа дека е тешко не е така, или идеш да рабптиш или не иди боље...