Работа во Кина

Дискусија во 'Барање работа' започната од kataleja1, 1 јуни 2015.

  1. kataleja1

    kataleja1 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Сакам да прашам дали некој од вас има досега барано или бара работа во Кина или во било која друга земја од далечниот исток? Со оглед на моменталната ситуација во Македонија ми се чини сега да ми се јават од било кое место во светот да одам да работам нормална, пристојна работа, со нормална плата за тамошни услови, одма заминувам не размилсувам.Јасно е дека од Македонија нема да бидне ништо па доколку има некој било каква информација за некој кој веќе работи таму или планира да оди нека пише.Поздравчеее
     
  2. bokace

    bokace Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    5.971
    Пол:
    Женски
    Vo Kina koj se uslovite za rabota?
     
  3. kataleja1

    kataleja1 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Па за Кина потребна ти е виза.Јас искрено најдов оглас за наставници по англиски јазик имам информација дека многу се бараат.Платата пишуваше дека е од 900-1300 евра со обезбедено сместување и храна во школите.Толку информации имам сега за сега па затоа и ја отворив темата доколку некој знае нешто повеќе да кажи :)
     
  4. Ichbinschmetterling

    Ichbinschmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Истражував малку за ова бидејќи и јас сум многу заинтересирана.По тоа што го прочитав Република Кина има недостаток на наставници/професори по англиски јазик. Инаку да школите ви нудат сместување(во згради наменети за наставниците кои се во близина на училиштето во кое би предавале).

    Контактирам моментално со две организации кои регрутираат наставници по Англиски јазик меѓутоа имаат различни критериуми и нудат различни услови.Првата организација бара да го имате положено сертификатот ТЕФЛ(teaching english as first language) кој ќе ве кошта 180 долари само полагањето(колку што видов може да се полага само онлајн бидејќи нема ни каде да се полага во Македонија). Општ услов е да поседувате било каква диплома од додипломски студии. Во првата организација платите кои се нудат се околу 1000-1200 долари.Договорите за работа се на 1год. и ако се задоволни ги продолжувале.Има и опција за луѓе кои не го поседуваат ТЕФЛ а имаат добри познавања од англиски јазик да одат во Кина на период од 6месеци.Како што последно прочитав на нивната веб страна нудат до 1000евра за да покриете патни трошоци.

    Вторава организација со која моментално контактирам нудат доста помали плати(почетна плата за првата година е 700-800 долари) меѓутоа не ви го бараат сертификатот. Пред скоро имав интервју на скајп со една
    од нивните вработени и ми ги објасни општите услови за работа. Од документација ми побараа да им пратам скениран пасош,преведена диплома , резиме и кратко видео (со кое се претставувате себеси) за да можат да ме аплицираат во некое од училиштата со кои соработуваат. Трошоците околу апликација за виза и патни трошоци се на ваш трошок.

    Пишете ми ПП доколку сте заинтересирани околу ова да ви напишам веб страни каде може да се аплицира.
    Поздрав и секое добро феминки:hai::e: