Јас би одела во првата половина на јуни. Само не знам која е најдобра опција за да немам проблеми, многу ги враќале велат. Некои препорачуваат да се оди Малта преку Скопје со повратна карта за 10 дена и резервација од хотел, а некои велат да се избегни Скопје по секоја цена и да се оди преку Атина. Еве ако има некој нека предложи нешто или нека сподели искуства.
значи Атина никој ништо не прашува? Ниту Солун? Дали може да си одам Солун-Атина-Малта со карта во еден правец или морам да глумам 10 дена одмор и таму?
нема потреба од повратна туку едноставно со ryanair купи си карта од солун до атина и од атина до малта и мирна си и од скопје до солун ти е 20 € со бус
Ти не си веќе на Малта но читам дека имаш искуство. Ајде сега за нас неодлучните кажи ни што да очекуваме. Дали е подобро да одиме преку агенцја или сами. Имам еден пријател замина преку некој човек по огласи што го најде. Се снајде таму веќе е три месеци и добро му оди. Работи како келнер и плата му е 250 евра неделно плус бакшиш. Вели му остануваат 700 евра месечно. Колку пари се потребни за почеток. Дали тешко се добива работна дозвола. Дали до кога добиеш не смееш да работиш. Со еден збор се мислам дали да одам сам така или преку агенција. И тука не ми е јасно што да очекувам од двете работи. Ајде малку подетално те молам
вака 700 евра чисти да му останат треба да е еден од ретките на малта што се или е платен над 5 евра од саат,што се однесува за работната дозвола се добива лесно ако си преку агенција некоја на малта и додека имаш плав лист вистина е дека несмееш да работиш но мој совет штом стигнеш на малта право агенција они си знаат што им е работа.... како и да е со среќа нека ти е штом си се одлучил за жолтата земја покрај многу други останати од ЕУ.....
Не. Влегуваш во шенген во грција и немаш никаков проблем. Барем лани беше така, ке ти излезат картите поскапо ама имаш мирна глава. Агенција избегнувај само како последна опција, мој совет директно со работодавец да комуницираш. За работна дозвола зависи 2 до 3 месеци се чека, некои работодавци се нафаќаат да почнеш со раб додека чекаш со плавиот лист, некои не. Законски не смееш. Глупости имаш изнапишано .....
Здраво на сите. Треба да заминам за малта деновиве. Може ли некој да ми каже колку пари од прилика ми се потребни за првиот месец за скромно да поминам до првата плата? Ви благодарам.
Дали одиш преку Скопје или Солун? Со повратна карта или во 1 правец? Мене ми рекоа дека треба најмалку да имаш 1200 евра за почеток, но немам сопствено искуство за да ти кажам со сигурност. А, сум со намера да одам и јас за скоро.
Луѓе, да не ме разберете погрешно ама лично за себе да кажам дека јас на одмор не одам без 500 евра резерва и тоа на 10дена а не па кога се преселуваш во друга земја па уште и да чекаш до прва плата.. Значи најдобронамерно, земете со вас колку што можете повеќе пари, не дај боже нешто да се случи, пари требаат, не лепи очи А да не зборам дека треба пари за кирија, депозит, превоз, јадење ...
Туку нешто читав дека дипломи ќе признавале таму или нешто за здравствени работници... Некој знае доктори наши отидени таму како што?