@Dust потполно си во право за тоа но на МАЛТА испод 1500 евра не се трга само депозитот и киријата ке ти ги земат парите а да не збориме за останатото сега усте малку и ке ја поскапат и автобуската карта на 2 евра а ако немаш ta-linja си го наебал отидоа уште 120 до 130 евра за карта... и цените во lidl исто ке се поскапат...
После сите мислења што ги слушнав за Малта , се чудам како им се исолака на нашинците што живеат и работат таму
Не ширете дезинформации... мои луѓе велат дека освен стан друго ништо не е поскапено. Или ве лажат за да не одите таму. Сакав да прашам дали некој летал преку Будимпешта и дали прават проблем преку тој аеродром?
Вие што сте во Малта, дали ви се исплати да живеете и да работите таму? Мислам, можете ли да тргнете пари на страна, да заштедите? Со која цел одите и со која цел останувате, дали да живеете и да работите или да спечалите и дома да си се вратите? Според мене Малта не е место каде што можеш да спечалиш и тргнеш пари настрана. Многу отидоа таму, но незнам како се справуваат. За мене не е живот во една соба со 4-5 души да живеам, немаш интима, ни приватност, преживуваш, а не ми се оди во странство да преживувам зашто можам и тука во МКД да преживувам нели? Таму одам на пример, да живеам убаво, со поголеми примања, не мора убава работа, но да имам пари за да си приуштам нешто, не да јадам макарони по цел ден. Корегирајте ме ако сум грешка, но Малта не ми е земја за такво нешто. Се фалат дека им е убаво, ама што знам не е исто фалењето од оние што отидоа во западна Европа. Инаку сум била на Малта пред неколку години на шетање, ги посетив сите градови што се поголемки, па и некои помали села, Малта е навистина мал остров, убав, така, не преубав, имаш да прошеташ и да видиш нешто поразлично.
Не е дозволено законски да живеат 4-5 души и најчесто прифаќаат црнците овде и имигрантите за да не плаќаат поголема сума за стан. Законски е дозволено по 3 души во стан со 2 соби и купатило и кујна. А ако има простор за уште една личност тогаш може да престојува. Зошто да јадеш макарони? Затоа постои Лидл, на некои работни места даваат храна. Поголема плата, саатница од 6евра па нагоре по 9 сати дневно, два дена одмор. Можност за вадење документи. Е сега становите се терсене и скапи повеќето Малтежани живеат од кирии, ги прекршуваат правилата на Малта. Они имаат строги закони но се многу културен и чист народ. Не дај Боже да ти се случи нешто веднаш ти притрчуваат на помош, ти вика брза помош сведочи за тебе,такви се тука. Но има народ кој е доста злобен. Не ги сакаат Србите ич. Инаку да и мене не ми се допаѓаат некои градови ама сепак сега е фул и работно и туристичко.
Не знам како оди плата и живот таму ама бев на одмор 10 дена и не би да одам пак. Мое мислење е дека се премногу мрзлив народ и несмасен. Конкретно во Буџиба (Bugibba) нема контејнер или канта никаде. Не знам каква им е таа култура ѓубрето да го оставаат пред врата додека не го соберат комуналците, а некогаш беше и на 2 дена. На таа вруќина смрдеше и корнеше од сите страни. Исто и по плажите, пример Мелиа и Голден/Парадајз Беј, смрдеа на фекалии помешани со ѓубре. Јавните вециња на исто рамниште со тоа доле во ГТЦ. Малтежаните што ги сретнав да работат по рестораните или продавничките беа далеку од љубезни, додека Балканците баш беа океј. Патиштата тесни, јавниот превоз крш, тротоари кај има, кај нема... Уште се чудам како влегле во ЕУ!?
Јас кога бев плажата Мелиха вриеше оси и се беше нечисто и неуредно. Е, сега како е за живот и работа не знам, но за одмор не ме импресионира ама воопшто.
Дали има некој од вас што работи канцелариска работа во Малта со македонски пасош? Администрацијата, финансии... ?
Junior Accounts Officer FULL TIME Posted 2 days ago CLOSES: Oct 5, 2018 Job Description & Responsibilities Reporting to the Financial Controller, the selected candidate will be responsible for • Processing of data with regards to customer receipts and supplier payments • Assisting in the preparation of the various reconciliations and other statistical reports • Carrying out other day to day work within the department as necessary The ideal candidate must: • Be a team player with strong interpersonal skills • Have strong knowledge of Microsoft Excel • Be organised and accurate, with a keen eye for detail • Be able to work within tight timescales in a challenging environment • Have excellent command of written and spoken English with strong communication skills Minimum Qualifications Required Applicants must have an O' level Standard of education in Accounts and preferably English. Minimum Accounting Experience Required Previous experience in an accounts department will be considered as an asset. Кај мене во фирма го ова овој оглас моментално.
Здраво девојки, на Вработување има оглас за вработување во Малта, https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/378904/Otvoreni-rabotni-pozicii-Malta/ дали некој знае повеќе информации за агенцијата или работните позиции?
Има ли некој што моментално е на Малта? Ме интересира се заработува ли добро, останува ли нешто да се заштеди? И која е процедурата за да се отиде?
Ја сум на малта веќе 5-6 месеци и иакрено ќе ви кажам кога дојдов тука отидов во агенцијата ГАСАМ МАМО не ви препорачивам никогаш повеќе ви зимаат пари за посредување со работодавците 250 евра што кога контактираш со нив од македонија не ти кажуваат дека треба 250 евра за нив да дадеш па дури чекаш господата ти вика сега во вторник ке ви се јавиме за интервју чекаш по 2 3 недели и пчус соработуваат со ОЗО катастрофа кај што ќе работите како роботи 12 саати изложени на сонце и ќе ви стојат на глава супервизори од кои ќе се заебаваат со вас за 4 или 4.5 евра. Ќиријата ви е скапа од 600 па нагоре ако делите куќа со повеќе луѓе кревет ви е 350 450 зависи кај кое место. Сите ја прават малта вов само ради морето ама кога има невремиња не ви препорачувам да сте блиску до море. Градбите им се катастрофа имаат превише некои бубачки изроди(бубашваби на секој чекор и бубашваби што летат) грозно. Матежаните се добро луѓе некои од нив можат многу да ви помогнат од искуство. Храната скапа е најискрено зеленчук и овошје КАТАСТРОФА. Нивните јадења се грозни и мрсни. Најбитното е што се многу алчни за пари. И да заштедите неможете ако не тргате по месец 5 или 10 евра пак и тие ќе ги искористите или најубаво е центите да се штедат
* за овие 6 месеци имам уште многу да кажам да не должам тоа ви е во кратки црти. Само едно ЕДНА Е МАКЕДОНИЈА КАЈ И ДА ОТИДЕШ ПАК ЌЕ СИ СЕ ВРААТИШ НАЗАД ОВА ВИ Е САМО ФРЛАЊЕ ПАРИ НИШТО ДРУГО попрво во македонија ќе заштедите.
1. Кажано е сто пати подалеку од агенции. 2. Скапа е киријата да, ама 450е е едино сам ако живееш, ако делиш е помалце. 3. Тоа за до море незнам кое место и какво искуство си имал/а, јас под тераса ми е морето немам никаков проблем. 4.За бубашвабите сум сменил 3 смештаи до сега за година ипол, во ниеден не сум имал. Не се изнајмуваат секакви шупи. 5.Храната е лоша да, нит месо асално, нит зеленчук. Штедењето е релевантна ствар, ама неможеш да кажеш дека не се штеди пак ќе кажам. Поздрав
1. Не живеам во шупа во ново реновиран стан. 2. Во слиема натака ст.јулианс во буџиба во слиема има превише вода неможеш да кажеш дека нема пред некоја недела ако не си била да видиш 3. Да ако имаш плата од 1600 па натака плата и ако делиш смештај со повеќе луѓе и ако во цената ти е интернетот и струја и вода мжеш. 4. Затоа луѓето кои се на малта по 10 15 години се чудат со цените на апартманите сега. 4. Поздрав