Старите Малтежани не се алчни за пари, тие што се доселеници тука од Италија пребегани и те како се. Лесно ќе ги препознаеш.
Гледам темава има активност за Малта,така да би ми било мило ако ме одговори/советува некој. Сакаме да заминиме со женската да работиме во Малта.Двајцата имаме работно искуство колку-толку.Јас имам работено во угостителство исто и таа,но таа е исто така масажерка така да можи да биди исто така нешто како spa therapist etc. Како да најдиме работа во Малта,преку агенција или преку некој малтежки сајт,искуства некој да сподели ?
Можете да најдете работа и преку агенција и директно, компанијата да ви извади документи. За угостителство има безброј работни места. Всушност за се има, дефицитарно е со работници.Предноста преку агенција е тоа Што ако од х причини ја изгубиш работата тие се должни да ти најдат друга. Преку фирма е поинаку, ако изгубиш работата мораш во рок од 1 месец да најдеш работа Инаку ќе ти стигне писмо за депортирање. Е сега преку фирма ќе зимаш многу поголема плата. Агенциите си ја наплаќаат својата услуга логично... Јас и мм двајцата најдивме работа директно преку компании. Најдобар сајт со огласи е keepmeposted следете таму има огромна база.
Здраво, Заинтересирна сум за работа во Малта со струка машински инженер, дали може да ме информира дали е возможно да најдам и која е процедурата за посредување на документи ? Фала
Секогаш ти аплицира компнија или агенција. Како физичко лице без компанија не можеш да аплицираш. А сам одиш да си ги подадеш документите во институција ако мислиш на тоа.
Ако аплицира компанија она ти плаќа, искуството мое беше вака. Ако аплицираш ти си плаќаш сам, во документите имаш документ дека си вработен во таа компанија. Втората опција најчесто е применета бидејќи како што ми кажаа ако ти плати компанијата поради нередовни плаќачи ја укинале таа опција. Компанијата ти дава рок до кога да аплицираш во институцијата. Затоа реков не секогаш сите компании го прават тоа. Ако аплицираш преку агенција - 420 евра е со вклучен надоместок. Инаку вака е околу 300 евра сам да си извадиш документи.
И за колку обично важи тоа ? А како е точно за добивање на државјанство ? Дали е вистина дека можеш да добиеш Малтешко државјанство после 5 години ?
Точно. 280е е апликацијаата во Identity Malta, и ако ти е прва работна дозвола плаќаш и здравстевно околу 160-180е зависи каде. За обновување не плаќаш здравствено фирмата ти плаќа, ти си плаќаш апликација само 280е. Ова се трошоците ако дозволата е на твој трошок. Ако е на фирма не плаќаш ништо нормално. 1 година. Пиши ми пп. Колку си сигурна за ова ? Знаеш да има некој добиено ? По закон со naturalisation е така, ама по пракса колку е спроведено незнам
Државјанство или пасош ? Пошто ми имаат кажано пасош ти следува, ама не државјанство, незнам како е возможно ама така имам слушнато.
За стан зборам јас. Ма да треба 5 години да седиш и после 5 години ти следува државјанство. А пасош не знам.
Ги измеша брзините чекај. Стан не се добива, се купува, и нема никаква врска колку долго си. За home loan да земеш од банка ти треба 2 години сметка во банка да имаш. А прашањето ми беше за пасош како оди таа работа. Нешто што кошта 750.000е (со инвестиции во Малта) да го добиеш за 5 години некако не ми штима
Вака човекот што ми го кажа ова живее веќе 5 години во Малта, никој нема да ти даде стан да купиш ако немаш документи, ниту преку агенција да одиш, веќе треба да имаш некои документи и работа осигурана. За инвестиции не знам што си разбрал, ниту за пасош се имам распрашувано. Тој ми кажа ако сакаш да успееш во Мала да опстанеш треба да останеш 5 години без да се вратиш во МКД и после има процедура.
Може, меѓутоа има само еден начин што не е многу изводлив. Како Нон-еу резидент во Малта, дозвола не ти треба да купиш недвижност само ако се наоѓа во т.н special designated areas.Нови комплекси и изгор скапи. И да се согласувам со тоа за 5 год, полесно е после.