Европските граѓани имаат повеќе бенефиции, ние сме многу далеку од таму. Ма да, ти треба да го регистрираш станот на твое име, и да имаш постоечка адреса.
Искуства за работа во Малта? Дали можиш да се снајдиш без познавање на англиски јазик? Во кој град се бараат најмногу работници?
Како ќе се разбираш со газдите, како во продавница, во диско и со луѓето околу и вон тебе ако не знаеш англиски? Со мимики. Тешко без англиски.
Ако работиш во хотел како собарка или чистачка реално не ти треба затоа што повеќето што работат во хотели се Србинки и Македонки. Сепак, за секојдневно комуницирање треба бар основно да се знае англиски. Работници секаде се бараат, зависи кај ти одговара тебе и каде сакаш ти да бидеш.
Те молам да не шириш неточни информации. За таа позиција и те како е клучен англиски за да се разбере со гостите кои најчесто имаат барања. Точно е дека работат балканци но тоа се кланови и затоа не е препорачливо да се работи таму каде што има наши.
Ехееее, во колку хотели сум била кај што собарките блага веза немале од англиски. Кои барања, се знае што е работа на собарка. Минимален контакт има со гостите, нема тука циле-миле. If you to know what I to mean.
Работата може да се обезбедите од тука преку групите на фб. Jobs Malta. Можете и преку MM Consulting на Максимилијан Казаков да побарате работа. Немој да одите преку малтешките агенции. Второ смештајот е многу битен. Прва грешка што ја прават почетници е што бараат стан на македонски групи и плаќаат за соба повеќе од просечното и ми доаѓа ко да плаќаш за 4ца ти, а другите двајца живеат гага. Соба за двајца ќе барате на Accommodations Malta. Валета, Слима и Сан Џулијан се поскапите. Буџиба, Мелиха, Марселокс и Марсаскала може нешто поефтино. Спремете си пари ако летате директно. Cv на англиски јазик, препораки ако можете и тоа е.
Воопшто не е така. Кога ќе ти побараат сапун, пешкири, па пепељари па ако ти остават бакшиш е многу важно да му однесеш тоа што бара, во спротивно ти кратат од плата. Нема циле-миле
Сапун се остава секој ден. За пешкири важи стандардното, се што е на под се менува, исто секој ден. Бакшиш за послуга исто се знае како се остава
Сапун оставаш да, оставаш чисти пешкири секој ден, обавезно по 3-3 гел за туширање и шампон. Ако гостинот е внатре и не излегува и побара бањарка, ти побара пепељара, ти побара дупло од она што оставаш ако не знаеш англиски како ќе се разбереш? Ако има дефект собата и ако ти чистиш треба да го пријавиш на одговорниот ако не знаеш англиски како ќе го пријавиш? Бакшиш не оди за послуга само, туку и за собарките. Ако ти остави порака да направиш нешто ако не знаеш англиски како? Обично шефовите за тој одел се што треба да ве информираат зборуваат на англиски ако не знаете како ќе разберете. При комуникација со колегите да, ама нема вечно да е бидејќи ќе ве искодошат. Собарките добиваат список на соби и опис на задачи на англиски, ако не знае да чита како ќе извршува задачите? Има разлика меѓу гостин во некој хотел и собарка вработена во хотел. Убава вечер
Сум била во хотели и хотели и со собарка се немам сретнато до сега, барем не во моја соба, во ходник да. До сега не сум потрошила ниту еден шампон или гел за туширање, во соба за двајца секогаш има барем три шишенца од двете работи. Секој ден дополнуваат. Ниту тоалетна сум потрошила цела. Ниту пак крпи ми биле малку, а и нив ги менуваат секој ден. Не знам колку треба да си глотен за да ги направиш лом крпите и да ти требаат нови, а и не знам дали воопшто можеш да добиеш. Всушност, сигурна сум дека собарките не се достапни 24 часа, тие имаат работа преку ден, кога менуваат крпи и чистат соби откако гостите ке си заминат. Што би работела собарка во 23 часот навечер? За посебни барања си постои рецепција, собарка не може да ти заврши никаква работа. А ако ја сретнеш во ходник и ти треба екстра шампон ке го земеш шишенцето во рака и ке покажеш 2 со прсти (читај ке дигнеш два прста). Кога да видиш можело и со гестови и мимики да се разбереш. Другарки кои не зборуваат англиски баш најдобро, во Америка најдоа работа како собарки од таа причина - никој нема да им прави муабет.
Сигурно не зборувам на памет. Работат во две смени, најчеста е прва смена. Но има и втора и за итни случаи. Има луѓе што имаат препотентни барања. Каде и да одите и да работите за ваше добро е да знаете англиски.
Тоа и јас сакав да кажам, во Америка сите што не знаат англиски собарки станаа. @buba4e89 препотентните барања на рецепција се прават, сигурно не дежура по една собарка пред секоја соба за да не му текне на гостот нешто случајно.
Ме убедуваш во нешто што е невозможно. Не знам зошто упорно сакаш да докажеш нешто за кое поим немаш. Пак ќе ти повторам не е така како што мислиш. Како гостини (сум била и во ефтин и скап хотел ) не можеме да ја видиме сликата на собарката бидејќи не ја знаеш. Ја знаат само тие што работеле и со што се се соочиле. И не знам зошто упорно ја рамниш сликата кога не е исто.
Дали Америка, дали Малта - исто е. Собарката треба да е дискретна, да влезе и да ја среди собата без никој да го забележи нејзиното присуство. Плус па и не сите гости зборуваат англиски. Чиниш за собарка ти требаат две дипломи а не само воља за многу работа која е слабо платена.
Не планирав да се правдам, јас не се срамам од професијата што ја работев во Малта, токму оваа беше. Работев во еден од најлуксузните хотели во Пачевил. Работата беше добра. Бев платена 1200 евра, секој нареден саат платен,ако останувам + уште една смена и тоа е платено. За собарка во таков хотел е тешко да се одржи дискреција,а особено ако прва смена ти почнува во 8часот. Сите спијат, а ти тропаш мораш да средиш за да стасаш на време и се да завршиш. Ти даваат список на 10,20 соби и на тој список ти се задачите што треба да ги извршиш, плус на тие задачи да смениш постелнина, да проветрееш, да измиеш тераса (доколку има), да средиш купатила, да дополниш продукти сето тоа за 15 минути. Ако имавме соба каде гостите заминале треба истата да биде нова за 30 минути. За барањата. Еве ви два примера. Имаше гостин кинез кој бил негде и се вратил додека јас му ја средував собата, гостинот ми побара пепељара и ми рече дека прашал на рецепција, но му рекле да се јави во оддел за housekeeping преку телефон и од таму ќе му дадат. Се разбира јас му донесов. Потоа имав соба каде имаше џакузи, гостинот ми се обрати дека џакузито не работело, јас тоа морав да го пријавам во друг одел за да дојдат мајсторите, рецепцијата не им го пренасочува повикот, мора собарката да го воочи проблемот и доколку постои проблем таа пријавува Потоа ако на списокот имам соба која сум ја исчистила, а гостинот подоцна побара нешто, јас сум таа што треба да се врати и да го услужи. Имавме јадење во хотелот за собарките посебно време, за шефовите посебно, за келнерите посебно. После месец дена напуштив од друга причина, ама можам да кажам се сум видела, најголеми бакшиши лежат таму. И плус таму беше најголема саатница. Хотелот е прва лига. Меѓутоа луѓе ако не сте брзи не се трудете воопшто, не чекаат и не даваат време. Се што поврзано со вас и вашите соби од списокот вие сте одговорни, ако гостинот побара да дојдете во соба ваша должност е да одите и да ја видите причината. Затоа реков не зборувајте како гостин бидејќи не е исто. Сите други помали хотели плаќаат 4 евра саат и немате јадење, немате ни вода. Лесно е да се суди, тешко е да се прочита и размисли убаво.