Би се сложила со членките дека не мора да се знае англиски. Овде кај мене има од најразлчни места, ако можеш да се разбереш со тие од Пакистан ќе ве частам што сакате. Знаат по еден збор, два збора што го научиле после 10 години живеење тука и толку. Дечките што ми носат онлине што имам наручано, само добар ден ми даваат да потпишам и чао, толку е муабетот. Шоферот ни е исто од Пакистан, и му кажуваме кај треба да не носи, или да однесе нешто во канцеларија и нема понатаму разговарање се јавуваш во канцеларија и нив им објаснуваш. Има некои работи што немаш многу контакт со луѓе и не ти треба многу англиски.
Не ширам дезинформации туку во последниве 3 години кога ќе соберам повеќе сум таму отколку во Македонија. Ете ти кажа дека си го работела тоа и тоа е твоето искуство. Јас што сум била по 12 саати со луѓе имало цели денови да не прозборам англиски или да било минимално е доволно да кажам дека и човек со основно познавање на англиски би се снашол сосема ок. Има денови кога се менуваат туристите и само наши( Балканци) се. Знам многу што биле чистачки, собарки или во кујна што работеле и го одбрале тоа токму ради таа причина, непознавање на јазикот. Да бидеме реални, многу повеќе пари требаат за таму да се отиде отколку јазик. Знам луѓе со 3 реченици англиски и се снаоѓаат одлично. Не разбирам како на некој со македонски пасош му се исплати таму да отиде, ако му е целта пари. И совет којшто морав сама да го научам - подалеку од наши.
Јас се согласувам дека треба англиски. Без разлика дали ќе комуницирате со гостите или не, во 99% од огласите за работа е наведено солидно познавање англиски. Можеби пред 2-3 години не барале англиски, или имале недостаток на врабптени па собрале и Непалци и од Либија и од не знам кај, ама веќе не е така. Може има некој исклучок ако имате огромно искуство. Дури и тие што бараат чистачки за во стан, за неколку часа, бараат задолжително да имаш убаво познавање на англиски.
Вработување на кандидати на повеќе работни места во Малта- Шанкери,Келнери,Чистачи,Кувари,Помошници во Кујна. Обезбедување на смештај, загарантирана работа, помош за добивање на Малтешка лична карта. Доколку сте заинтересирани за некоја друга работна позиција може да не контактирате и да се обидеме да ви ја овозможиме да ја работите работата од соништата. Сите заинтересирани кандидати, кои би сакале својот професионален развој да го продолжат во компании со локација во Малта, може да испратат биографија на jobsinmalta@yahoo.com и да наведат за која работна позиција аплицираат или во порака овде.
Не земам провизија. Ви наоѓам работа, ви наоѓам стан, договараме кога почнувате со работа и идете на малта ден пред тоа и од утре тргнувате на работа одма спремаме документи за добивање малтешка лична карта и тоа е тоа. За услугата си наплакам 700 евра и не ви се мешам во договорот со работодавецот и вашите примања.
Од многу имам слушано дека им земаат по 2.5 евра провизија па затоа прашав. Во кој дел на Малта посредуваш? Пиши повеќе информации да знаат оние што планираат да одат.
Посредувам за цела Малта. Значи ми праќате CV и ми кажувате која работа сакате да ја работите ја наоѓаме работата и на пример договорено е да почнете со работа од 20 ти јуни, вие доаѓате на 19 ве сместувам во стан и почнувате нареден ден со работа. Тогаш ги земам и парите не земам пари пред да ве сместам и започнете со работа. Потоа средуваме документи за лична карта и тоа е тоа.
Некаков договор постои ли, нешто што влева сигурност пред да се одлучи човек да тргне? И ова 700 евра не е некако многу?? За оваа агенција што мислите : https://www.bin.mk/itm/rabota-malta/357 ? Добри услови се ова за Малта, не се, искуства? Тој главен што им е, Максимилијан или како и да се викаше некако многу млад за тоа што се претставува. Стој ли некој позади него, или стварно се сам брка, сам свој газда си е? Мислења?
Па јас ти наоѓам прво работа, Потоа ти наоѓам смештај, те пречекувам на аеродром те носам во стан и од утре си на работа. Поголема сигурност од тоа незнам. Сеа ако ти неможеш да се носиш со работата и правиш глупости па те избркаат јас што можам ?
М&M ти се сигурни, не се секирај. Работната дозвола не кошта 700 евра, не знам за што земате толку? Провизија не смеете да наплаќате од кандидатите затоа што фирмите ви плаќаат!