@buba4e89 Ако имаш време те молам пиши ми лп . Дали некој ќе аплицира за работа преку ММ Consulting? Ако може да ми пишете лп.
Прво Озо не е најголема компанија, второ Озо не ти плаќа документи, кои чинат 360 евра дупло плус бидејќи работат на тој принцип. 4,5 евра е саатница и минимална плата 800 евра. На саемите можат да презентираат бајки, ама во реалноста е друго. Со ковид пасош може да влезете овде од 1 Јуни. Мм Consulting е на Максимилијан Казаков, многу луѓе зборуваат дека не е таков каков што се претставува, јас би одела со друга агенција ама тоа во лп ќе ти кажам.
Далеку е од тоа што се претставува не сакам да зборувам ама ептен се жалат од него мн луѓе биле излажани.... Сега како е што е незнам сум немала комуникација со него
Drugar bese preku niv i objasni deka barem vo negoviot slucaj preku OZO aplikacija platil okolu 300evra i rabotel 8 casa od pon. Do petok i imal moznost .dokolku saka da raboti i sabota i sekoj prekuvremen cas mu bil platen vo restoran kelner sega sto kako kolku sekoj si znae za sebe.....
Мојава другарка не успеа да отиде на презентацијата, но читам сте споделиле инфо, дека се плаќало за средување документација... А и платата 800 евра, за леб и вода, ако нема сместување и дали ќе стигнат да се истера месецот. Но, тоа е, кога државава ни е за никаде.
Angel_G ma koi 800evra bev na prezentacija plata za prvi 6 meseci 785 evra bruto naredni 6 meseci plata po 800 evra sto znaci te plakaat sat 4,53 i od ova plata imas minus okolu 120 evra penzisko i zdravstveno ...a za da stasas do ovaa plata ti treba dogovor za cela godina rent za stan , 280 evra za dozvola i ako si za F&B plus nekoi 200 evra vakcini i se razbira skoro cel mesec da si letuvas na Malta dodeka najdes stan dodeka ti izleze rabotnata vizi onaka da si pominis eden ubav odmor pred da pocnes da rabotis....
Здраво, гледам дека некој од вас биле на презентацијата вчера од OZO Group. Јас им пратив маил пред 1 недела и им пишав дека сакам да аплицирам за возач Б или Ц категорија. ми пишаја да им пратам CV им пратив во саботата но сеуште не ми одговориле па ме интересира дали кажаја за плата за шофери со Б или Ц категорија.
Nisto za toa .....se bese okolu toa deka hitno im trebaat rabotnici za hotelierstvo za fabrika onaka samo spomnaa deka toa nebila teska industrija a za soferi voopsto ne ni spomnaa
Alo kako be bruto 785 eura, pa kaj se naogaat tie? Ovde kaj nas imas partiski vojnici sto stignale do plata i od 1000 evra netto (no toa e druga prikazna neli)...ama ova e za ponizuvanje...Drugarkava moja nema profil ovde na femina ama ke i gi prenesam informaciite ic da ne se nadeva, so taa plata ke bide glada i ke spie na klupa u Malta, Strasno na koe deredze stigna kleto makedonce. Ako do nekni ne vikaa na rabota za malku pari, sega baraat da im se raboti za dzabe!!!! P.S I fala na informaciite draga!!!
Беда и очај. Евтина работна стока сме ние, веќе ни работна сила законски како што се нарекува не сме. Тоа му се нуди на клето македонче, да биде амал, аргат за леб и вода!!!! П.С ја викнаа другарката на Скајп интервју сега ми кажа. Баш ќе ви пишам што и кажале, за утре и е закажано.
Апликацијата не е 300 евра за документи да ти извадат туку 280,50 евра. Озо си зима 20 евра во џепче од вас. Ама ви реков и вие со глава во ѕид. Со 733 евра едвај ќе скрпиш крај со крај. 4,50 саатница премала, до 6 месеци си како пробно и на блу папер дур ти искочат документите. Они тоа си го зимаат како аванс за да те пријават и може до 6 месеци да не те пријават. Ами оди ако сакаш.
Таа сатница е ништо.... Ќе ти биде исто како во Македонија да седиш само што си далеку од дома и море што има. Документи излегуваат за прва апликација ептен доцна 5 месеци чекавме за сопругот. Апликацијата како што кажа Бубе е 280.50 другото озо го зема. Ако сте за идење тука има на интернет објави на секое бараат многу работници и за каде каде повисока плата од оваа.... Одете српско малтешка група или македонската пишете објава ќе ви пуштат и линкови...
Јас имав интервју со OZOgroup вчера и условите се мизерни. Ме праша за која работна позиција аплицирам и кажав за возач со Б или Ц категорија или рецепционер. И од старт кажаа дека можат да понудат работа само како келнер. Ми кажа дека треба да одам како турист за Малта и да си најдам сам сместување а тие ќе ми кажат каде ќе ми е работното место. 720-30 € кажа дека ќе е платата после 6 месеци околу 800€. За виза ми кажа 280€ дека треба да се плати. Со 7-800€ на Малта тешко дека може да се преживее.
Не знам како планираат Озо да ве внесат во земјава бидејќи е мизерно страшно. Без ИД одиш во карантин кој не е во домашни услови туку државата одлучува и си го плаќаш сам (100 евра од ден без храна и вода). Моментално се води петиција за ставање во амбер листа па кој сака може да ја потпише.
@buba4e89 може да ми напишеш во ЛП да те прашаам некои работи .. пробав ама неможам јас порака да ти пратам
Има шанси да.... Има еден куп работни позиции од келнери готвачи собарки рецепционери апсолутно се....
Ти благодарам на позитивниот одговор дали можеби знаете каде можи да се аплицира и на што да се внимава? Колку е доволно да се изнајми студио и да се почни со нешто на почеток?