1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа во ОАЕ

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 11 август 2011.

  1. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Бидејќи не сретнав ваква тема ниту пак дискусија на истата решив да отворам за да може да се споделат мислења околу истата. Можеби не е така актуелна работата во Обединетите Арапски Емирати со оглед на тоа дека доларот сеуште ниско котира, но сепак има многу луѓе од тука кои биле или сеуште се таму.
    Ме интересира какво е вашето искуство?
    Дали сте биле или познавате некој што бил?
    Дали би отишле да работите таму?

    Јас познавам неколку лица кои биле и генерално се задоволни од животот таму. Работата не е нешто премногу напорна (како на брод да речеме) но и не е така платена. Со оглед на тоа дека може да се остане подолго време, а истовремено не само да се работи може и да се ужива, ипак не е така лоша опција. Нејќам да отварам муабет за тоа дека плажите им се како разгледници и имаат феноменални градби (уан енд онли). Е сега културата да речеме не е ни приближна со нашата и законите се далеку построги и поригорозни, ама кој си е поштен и чесен ќе биде и тука и таму.

    Доволно јас зборев, оставам на вас сега да споделите нешто...
     

    Прикачени фајлови:

    • 01.jpg
      01.jpg
      Големина на фајлот:
      34,5 KB
      Прегледи:
      5.078
    • 02.jpg
      02.jpg
      Големина на фајлот:
      47,2 KB
      Прегледи:
      5.073
    • 03.JPG
      03.JPG
      Големина на фајлот:
      31,2 KB
      Прегледи:
      5.074
    • 05.jpg
      05.jpg
      Големина на фајлот:
      22,1 KB
      Прегледи:
      5.074
    • 04.jpg
      04.jpg
      Големина на фајлот:
      52,1 KB
      Прегледи:
      5.074
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. carli123

    carli123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    drugarce ja sum veke 1 god vo avganistan odmam i vo dubai po nekoj den imam zapoynaeno luge so rabotat tamu zemaat po 1000 dol za mesec
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Значи вакаааа, како прво треба да знаеш дека ќе живееш во вештачки град опкружен со бетони на сите страни. Екстремно висока температура која достига до 65 степени и поред тоа што таму се е климатизирано од Моловите до паркинзите. Нивната религија - исламот која се почитува 100% значи за време на пост (нели цел ден додека има сонце не јадат) никаде не се служи храна или ќе ти дадат онака преку рака ама да се скриеш некаде да ја јадеш за да не ги предизвикуваш останатите, алкохолот е строго забранет само на одредени места се служи алкохол, цигарите исто така - не се пуши.....
    Работа ќе најдеш и да од 1 000 долари па нагоре зависи што ќе работиш ама животот таму воопшто не е евтин. Ќе треба да си плаќаш, кирија, превоз, јадење.... и ако имаш дисциплиниран живот ќе заштедиш некој долар. Има посебни одделни квартови во кои станува таква раја т.е оние кои отишле на печалба таму. Има посебни маркети за таква класа на луѓе - Керфур мислам дека така се викаа каде што има храна и остало со некој си среден квалитет и можеш да си дозволиш.
    Тој луксуз што го гледаме по ТВ и слики е за висока класа, еден влез на плажа е 100 долари. Шопинг по Моловите само кога има попуст и тоа 70% или одиш на кинески пазар - верна копија на оригиналот каде што не ни можеш да ја воочиш разликата, тоа таму е цела машинерија.
    Ако си најдеш убава фирмичка можеш да си го уновчиш факултетот -економија, медицина....е тогаш се исплати, земаш плата од 8 000-16 000 долари зависи до позиција и ми се допаѓа што можеш уште да се надградуваш со тоа што ќе ти плаќа фирма ама потпишуваш договор дека 5 год. мораш да работиш за нив, што е ок, нели.
    Друга работа што ми се допаѓа е тоа што имаат јако банкарство, значи ако најдеш добра работа со солидна плата даваат убави кредити со добри каматни стапки па можеш пошироко да размислуваш.
    Таму важи секој Закон и се применува на тој шеикот како се викаше не ми текнува. Негова слика е на скоро секоја зграда, објект. Го величат како нивен бог. Тој е уствари син на тој што го создал Дубаи.
    Му текнало на типот да на сред пустина направи вештачки град со сите светски чуда ( од Ајфелова кула верна на оригинал до животно и растение) заедно со бизнис и пари.
    Кога се случи светската економска криза луѓето буквално бегаа од Дубаи, оставајќи автомобили, станови, куќи. Беше формирана посебна фирма која ќе ги згрижува таквите автомобили и др. останати средства.....
    Значи според мене, би го шетала и даље туристички ама не и да живеам и работам таму а во најмала рака да печалам (можеби би имала др. мислење за живот таму доколку бев без обврски). Таму се работи 24 сата (не ме сваќај буквално, ама се живее 24 сата). Сите знаат енглески а арапски ќе чуеш и ќе видиш арапско писмо ама нема да разбереш :)
    Се утепав пишувајќи, сигурно ти го доловив животот во ОАЕ.
    Не е злато све што сија
     
    На rose60, moneni, babybelle и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Miss.Bass

    Miss.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    206
    чупиња, знај некој агенција или преставништво каде што може да се аплицира за работа во ОАЕ, , баш сум заинтересирана ,
     
  5. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Славица гледам дека многу лошо си информирана како прво и основно они не постат цел живот туку само за Рамазан или на странски за празникот Рамадан и тоа трае само еден месец.. А ти мислиш дека ке те остават без јадење таму? Смешки!!

    И шеикот не може никогаш да се смета за Бог заради тоа што како што веќе спомна ти они се муслимани и имаат само еден бог. тие не веруваат во Исус или на арапски Иса дека е бог туку дека е пратеник од Бога.. па дури не може да се каже дека веруваат во повише богови како на пример на Шеикот? А ги има многу?! Како кај нас св.Марија, св.Петар и не знам таму кој не.. Кај нив постои само еден Алах..

    Јас сепак мислам дека е убаво искуство.. многу луѓе идат и би сакала искрено! Еве една другарка беше летово и гледав слики и она во кратки на плажа па дури се сликала со група шеици..
    Не е се така црно јас па би го рекла обратното..

    Зошто да не?
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Јас не сум лошо информирана туку пишав мое искуство и впечатоци. Имав прилика 4 год транзит да летам натаму и да шетам.
    Никој не ме остави без јадење, туку кога го погодив постењето ми дадоа храна која си ја купив и ми кажаа да се скријам и да јадам за да не ги изазивам другите.
    Шеикот не е Бог туку само го величат како Бог, некој кој е над нив и повеќе од нив, кој е моќен и богат.
    Никој не ти забранува да одиш на плажа, плати си карта па повели и можеш да се сликаш кај сакаш и со кого сакаш. За пари се ќе добиеш и од пиле млеко.
    Ти си смешна што си лошо информирана или лошо си ме разбрала што сакам да кажам.
     
    На moneni му/ѝ се допаѓа ова.
  7. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Мојата најдобра другарка работи во Дубаи веќе скоро година дена и е презадоволна од се таму ,значи она работи во продавница на Џими Чу заработува па можам да кажам многу 1400е и е фиксна плата плус бонуси 500е за 50 % продажба и 1000е за 100 % продажба сега колку што ми кажува скоро секогаш имаат продажба над 50 % ,а да заборавив да кажам иначе работи по 8ч дневно и еден ден во неделата е слободна .Трошоци месечно има околу 400е-500е што значи дека другото и е чиста заработка . Живее со цимерки од Европа и е презадоволна ,стално шетаат излагаат одат по дискотеки на кратко имаат убав живот таму :)
     
    На okcenzi, GaY.bOy и howdoyoudo им се допаѓа ова.
  8. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Дали има некој феминка на форумот која веќе се наоѓа во Дубаи или Катар а заминала преку агенцијата Кузон?.Ајде молам споделување на искуство,ме интересира што е и како е
     
  9. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119

    Како прво температурата не достигнува до 65 степени па ова како можеше да го напишеш? Еве ѕирни тука кои се рекордните температури http://en.wikipedia.org/wiki/Dubai
    Исто така за време на Рамазан секој кој не пости има право да јаде и пие каде сака и колку сака, па ни сите муслимани не постат. Едноставно ми е глупаво да замислам на туристите да им забрануваат да јадат :lol: Па тие заради тие туристи алкохолот го дозволија и јавните куќи легални ги направија ќе забрануваат јадење во Рамазан. :D
    Апсолутно не е точно дека на плажите се плаќа по 100 долари за влез. Постои една таква плажа таму, додека на останатите плажи се плаќа само по 1 долар а некаде се бесплатни.
    Дубаи е познат по шопингот. Точно дека таму ќе ја најдеш најскапата брендирана облека, ама оваа облека по нашите продавници кои ние скапо ја плаќаме таму е најефтина. Тука еден пар фармерки се 50 евра а таму за 50 евра можеш истите фармерки 5 пати да ги купиш.
    Алкохол се пие по дискотеките, по хотелите и во рестораните.
    Разликата помеѓу Дубаи и останатите светски метрополи е таа што во Дубаи строго се почитуваат законите, па така на пример ја немаме таа слобода да мочаме по улици, да се ебеме по улици, да се дрогираме по улици итн. Па на некого можеби ова скратување на слобода му смета :) Во Дубаи исто така безбедноста е на високо ниво.
     
    На Водолија му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    А да прашам, тие што одат преку агенции, конкретно за девојкиве, како успевате да добиете виза за ОАЕ? Колку што јас знам (а знам од прва рака) не даваат визи на немажени девојки или пак да се верени (без разлика преку која агенција одат) освен ако немаат јак спонзор да гарантира за нив? Знам дека мора да се мажени, освен ако, како што кажав, немаат јак спонзор. При тоа не мислам на маж (не летајте одма со паметот :D) туку на фирма конкретно.
     
  11. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    ^ Анатх преку агенцијава што е во Скопје без проблем одат немажени девојки, што не беше случај кај мене. Јас морав да стапам во брак, зошто договорот ми е на подолго време (5 години) и не ми даваа виза, иако универзитетот застана на моја страна, но закон си е закон.
     
  12. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Преку оваа агенција од Скопје што е доста позната, да не именувам име оти забрането е на форумов :?: одат само слободни девојки или момци ( но во повеќето случаи бараат повеќе девојки), имам 4 мои лични пријателки, другарки кои отидоа и веќе работат во ОАЕ, а додека за мажени или верени девојки јас како што прашав директно во агенцијата, и рекоа дека ретко, значи можат да се пријават еден брачен пар но не е гаранција дека и двајцата ќе заминат, може само еден од нив, така ми рекоа агентите од таму, дека поголема е веројатноста да те изберат за работа таму ако си слободна, па сега ти види :!:
     
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Јас па до сега не сум слушнала за таков пример дека бараат девојките да бидат мажени :^)

    За туристичка виза треба висока парична гаранција, но тоа важи подеднакво и за мажи и за жени (може да се помине и без тоа доколку туристичката агенција гарантира место тебе), а за работна не сум баш сигурна како оди тоа. Пример, еве една моја многу блиска другарка сега замина да работи таму (по договор на 3 години) и не е ниту мажена, ниту пак во некаква врска или има високо конто. Како нејзе и одобриле не знам, само знам дека она немаше никакви проблеми. Познавам и многу други (машки и женски) кои заминале исто така без никакви проблеми и голем дел се останати таму веќе подолго време. Можеби зависи и од агенцијата која им дава работна дозвола или работодавецот и барањата кои он ги поставува, па од таму произлегува и тој услов.
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Па можев да напишам затоа што ги почувствував, А ти можеш и понатаму да читаш и да се доусовршуваш.
    Бидејќи нема влажност воздухот - сува е климата затоа да не те чуди таа темп. а и пустина е бре.
    Незнам на која плажа си бил/била....али сепак постои таква плажа :) сама се негираш.
    Извини ако те погоди религијата, ама без гајле нема да умреш за јадење, ќе ти дадат да јадеш ама нема секаде да пиеш алкохол туку само во оние ресторани, дискотеки......кои имаат дозвола да точат алкохол.
    Ја имаш и овде таа слобода да мочаш по улица, да се ебеш, дрогираш?!?! |( Кога имаш шанса да ги прошеташ преградијата на Дубаи или квартовите кои се за земјите од втор и трет свет, разгледај наоколу. Можеби ќе сватиш нешто.
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  15. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Не ме погоди религијата пошто не сум припадничка на ниедна религија. Воопшто не се негирам за плажата, ти рече дека Дубаи е само за луѓе од високата класа и дека на плажите се плаќа влез од 100 долари а јас ти викам дека постои само една таква плажа таму сите други се бесплатни или само по 1 долар се плаќа влезот. Ти значи воопшто не си била таму на плажа, а тврдиш дека одлично го знаеш Дубаи :^)
    И не знам која е таа слобода која е скратена во Дубаи, затоа спомнав мочање, ебење и дрогирање по улици во земји во кои воопшто не се почитува законот. За разлика од Дубаи каде можеш да се шеташ скроз безбедно и се е уредно и чисто баш поради строгите казни за непочитување на законот.
    Единствената слобода што е одземена во Дубаи е баш таа, глупирањето во јавност.
    Мене воопшто не ми смета што се наоѓа во муслиманска земја, така да немам проблем со тоа.
    За човек што знае да шета и да се забавува секаде ќе си помине убаво, не е Дубаи само пустина, треба да се прошета и низ градот ;)
     
    На buba4e89 и NikJo им се допаѓа ова.
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Душо, ожени го принцот на Саудиска Арабија Мутаиб Фаисал, ќе те просветли ;)
    И форумот е за споделување на искуства а не тврдења, тези, трудови, магистартури...ќе ти се разјасни некое време
     
  17. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Уф кога само би можела без размислување :rofl:
    Да и јас сум сигурна дека кога ќе набилдам 1976 мислења подобро ќе го разбирам форумот а можеби и подобро ќе се вклопам ;) Поздравче
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Јас прашав за девојките, оти сопругот мој ми кажа поинаку. Башка, седиштето на неговата фирма е во Дубаи, и тој често патува таму и во други земји од Middle East. Има неколку девојки што од скопскава канцеларија ги пратија да работат во Дубаи, и за нив гарантира фирмата, затоа што договорите им се на подолг временски период. Инаку немало шанса да ги пуштат да работат таму, односно да живеат сами.

    Ако агенцијата гарантира за пократок временски период, тоа е супер. Ама колку може навистина да се заработи во Дубаи, не знам. Животот е таму скап, стандардот е висок, а не знам колкави плати земаат тие што одат преку агенција.

    Земјите од Среден Исток, вклучително и Емиратите се во моментов можеби најдобра опција за заработка. Ама, најдобро, навистина најдобро и најмногу за краток временски период може да се заработи во Саудиска Арабија.

    Славица, Дубаи нема сува клима, напротив - таму е многу висока влажноста на воздухот, ако не грешам. Доста сум слушала за тамошниот живот, клима и навики. Не сум била таму, ама ете, еден братучед живее и работи таму години наназад, да не зборувам за доста колеги од фирмата на сопругот. Се надевам дека и јас ќе имам шанса да го видам еден ден :)
     
  19. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Девојки би ви била многу благодарна ако некоја од вас во ЛП ми ја пише таа агенцијата од Скопје што поаредува за работа во Дубаи. :*
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    И јас исто би сакала помош околу ова и би била многу благодарна.
    Отворив еден српски сајт што посредува за работа во ОАЕ.
    Но сакам да прашам - дали има и други профили за вработување, од типот на архитект/градежник?
    Или сите работни места се за келнери, хостеси, продавачи итн, од тој тип работа?
     
    На Macyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.