feminki posledno vreme ovaa agencijava venera kemaloski izbacuva oglasi za qatar...btw sakav da ve prasam dali ima nekoja poznavanje za taa agencija i dali se neso sigurni.. sekoja informacija e dobredojdena
Имаш подобри агенции , ке ти пишам во лп Инаку ако сака некој да сподели повеке информации за Катар , дали е дозволено да живееш со дечко во исти стан ?
До лани не беше дозволено, сега незнам. Лани јас и дечко ми аплициравме и дури ни рекоа да кажуваме дека сме сингл и не ни влеговме еден по друг на интервју, тој влезе па после 10тина апликанти јас, дека слично ни било правено CV то да не приметеле дека заедно сме ги правеле. Ни кажуваа дека ни слики заеднички да не сме постирале од таму многу често сами, дека имало пар што ги избркале од работа од таа причина. Но ние се откажавме од одење дека првин ни беше понудена една плата од работодавачот, потоа многу помалце и не ни се исплатеше да одиме.
Ауффф значи ни на фб постирање заеднички слики ?! Јас мислев само Саудска Арабија е заостаната во 5 век ..
Одлично просперира човек таму, ако е упорен и има високо образование. А се што е со хоспиталити индустрија, малку потешко... Имам познаници во Катар што слободно објавуваат слики на ФБ, па еве по 4-5+ години се таму и никој не ги избркал. Просто и едноставно е - не додаваш на ФБ секакви будали, сликите не ти се јавни и толку.. Никој нема да те избрка за објавена слика..
Едните живеат заедно, ама таму се преку 5 год. Првите години посебно беа, во апартмани од фирмата. Последниве мислам 3 год, живеат заедно а фирмата им дава одреден надоместок под ставка - сместување. Ама за такво нешто треба дискретно однесување од влез на зграда, до станот.. Се додека не им влезеш во око на некои непријатели, супер си. И без доцни журки, така одма ќе си направат проблеми.. Другите рекоа дека ќе се преселат заедно на пролет, тогаш менуваат компании и двајцата, ама сега за сега живеат посебно
Јас зборам за хоспиталити, и не е до прифаќање на секакви будали како што викаш, туку хотелот кај што работиш треба и да го рекламираш преку твојот Фб профил, и некој од менаџерите ако те додаде нема да го прифатиш? Јас кажувам како ми кажаа од агенцијата, не сум била, ама верувам дека е така, дека треба да се држиш на далечина, ако работите заедно само едно поздравување, здраво, здраво и толку. Нема застанување правење муабет, на паузите само вие двајца заедно.
Ако не веруваш, прашај некои што се веќе таму. Ете имам некаде наназад постирано групи на ФБ од србите, слободно прашај дали некои ги тераат да рекламираат хотели и ресторани на фб. Ако на пример немаш фб на што ќе рекламираш? Патем, хоспиталити е најслабо платена индустрија и онака не препорачувам некој да оди и да работи за 500-600 евра во таа пустелија.. И да, на работа не смеат да ве видат заедно во незгодни ситуации. Всушност не е Катар единатвената земја со таков кодекс на однесување. Дури и во МК не смееш. Зошто би правела на работа нешто ццц А за обичен муабет на пауза, никој нема да те казни ни во Катар ни во Дубаи Подобро одете на брод по 6 месеци, барем повеќе пари ќе заработите.
Не ни мислев да се прави нешто на работа, каде го спомнав тоа? Мислев на постојано зборување на пауза, и одење на пауза само вие двајца заедно. Знам дека Катар не е единствената земја, информирана сум, а за тоа дали те тераат да рекламираш на фб, да тераат. Дечко ми беше во Дубаи и секој ден требаше да објавува што настани ќе има во хотелот. Не ни отидовме во Катар да работиме, затоа што не ни одговараа условите, платата беше и помала од 500 евра.За среќа не ни треба веќе да одиме по арапските земји да работиме, веќе можеме и во Европа.