Има различни понуди на Kouzon.com.mk, разгледајте си, а доколку не нудат на странава нешто што ви одговара, отидете во агенцијата, претпоставувам дека би можеле да најдат и средат, посебно за архитекти
Мислам дека може да се најде и таква работа, ама не преку нашиве агенции, туку директно да ги контактирате фримите што бараат архитекти, а имаат седиште или филијали во ОАЕ. Колку што сум информирана, еден период имало доста голема побарувачка токму на архитекти и градежници, оти на пример, во Дубаи интензивно се гради, а и не само таму. Кога фати кризата имаше доста отпуштања, сега можеби пак вработуваат. Ама најдобро е да се провери со самите фирми.
^ Во врска погоре наведените адреси за аплицирање онлајн, се заангажирав повеќе околу тоа да откријам дали се легитимни и дали навистина постојат. Нажалост, од досегашните "истражувања", НЕ. На Google ми даде еден куп страни и форуми каде што дискутираат за тоа дека двете веб страни припаѓаат на иста фирма/агенција и дека двете се лажни и не посредуваат за работа. http://www.jobsindubaiscam.com/printer_ ... .asp?TID=5 http://www.jobsindubaiscam.com/forum_posts.asp?TID=341 http://www.consumercomplaints.in/compla ... 07454.html Имам и блиска пријателка која живее во Торонто, каде наводно е и седиштето на фирмата, да провери дали навистина постои таму и колку време функционира. Нејзиниот одговор беше дека во Канада не постојат агенции кои посредуваат за работа во Дубаи и штом бараат application fee да бегам што подалеку од нив, но сепак ќе ги посети за 100% сигурност. Ќе пишам штом имам нешто ново за тоа.
Самоцитат за да го дополнам мислењево со дел од одговорот кој го добив денес: Останатиот дел е спомнат скоро се во други постови на интернет и не би да го пастирам цел муабет. Општо познато е дека нешто е мутно кога некој постојано бега и се крие.
Овие агенции ги листа весникот gulfnews. Можете и да проверите што огласи има во самиот весник, но колку што се сеќавам гледајки огласи во хартиено издание, во повеќето од огласите се нагласуваше дека морате веќе да бидете резидент во емиратите за да аплицирате. Ако имате резиме направено веќе не е лошо да се регистрирате со некои агенции оти кој знае што можност ќе излезе. Ако некоја фирма понуди работа и е спремна да ви аплицира за работна виза и да ве чека да стигнете, ОК. Но не треба ништо да ве кошта да се пријавите во агенциите. Фирмата која вработува ги плаќа агенциите за вработување, а не самиот кандидат. http://gnads4u.com/companylistings/jobs ... cies/-/-/-
И мене ме интересира за искуство преку Коузун, баш ги разгледував понудите и ми изгледаат многу поволни, платена авионска карта, платена виза, платено сместување, платен превоз и плата околу 1000$ , звучи поволно, примамливо и интересно, но би сакала да слушнам некое искуство, јас лично не познавам некој кој бил преку агенцијава. Патем имам слушнато дека сепак и не било толку скапо за живот таму.
Еве ви веродостојна страна за аплицирање за работа во Дубаи http://uae.dubizzle.com/jobs/ Ми ја даде другаркава која работи во Дубаи нејзе и е од нејзините цимерки кој се вработиле преку оваа страница и се презадоволни .
не било скапо таму? е тука грешно те информирале срцка.таму е многу скапо.скоро се врати една другарка од таму и прескапо било.со плата од 1000 долари таму ке треба да се стискаш ако сакаш да заштедеш повеке .мислам ако си некоја шо несака да излегува да троши само работа дома и чат пат на кафе нема да имаш проблем,ама ако сакаш да излегуваш да шеташ е тогаш богами тешко. башка ја како шо знам коузон не даваат 1000 долара туку 500 долара за работа у дубаи и катар скорото бев да прашам.
http://www.moveoneinc.com/work-at-move-one/ Вработување во земјите на Блискиот Исток, во областа на логистика, транспорт и релокација. Ако сте заинтересирани, бујрум. Има канцеларија и во Македонија Ништо не ве чини да си ја пробате среќата
Ако прашуваш за Move One, канцеларијата им се наоѓа во зградата на Фонко, до Систина, позади Александар Палас. Можеш таму да се распрашаш за овие позиции, а од друга страна - мислам дека секогаш им треба некој нов и тука. Немаш што да изгубиш во секој случај
Eве нешто сега гледав, во бар на плажа Waiters/ Waitresses- Dhs 2000- што е еднакво на 434 евра . Hе знам дали се исплати за тие пари да се работи толку далеку, на крај света. плус и дали се сигурни овие компании , и на тоа треба да се мисли E ова у Kатар е веќе понуд, 2000+ евра http://kouzoncorporation.com/oaeqatar/% ... 8/?lang=MK друга понуда They need 80% FEMALES Age: LESS THAN 25 years old. - The full body photo must be attached with all CVs......
Да, затоа што малку плаќаат, мислам на тие што се тука запослени во Мк. Обично влегуваат бившите печалбари од Ирак и Авганистан и пола Ку-во и Ск. е таму запослено. Али немора да значи, да не обесхрабрувам, може секој да проба/ поднесе СВ. Просечна плата е 12 000-15 000ден а до добри позиции тешко се стигнува кои се добро платени. Добра работа е ако не се лажам во Ск. има организиран превоз па ете бар пари за пат не даваш (ова од другарче кое таму работи а е од Ку-во).
Па не плаќаат баш малку, јас колку што знам, не е точно дека просечна плата е 12000 - 15000, ама искрено, ако добро се покажеш, имаш шанси да напредуваш и да добиваш покачување. Освен ако ја смениле политиката, а јас да не знам А инаку, да, точно е дека плаќаат помалку, порано главната канцеларија им беше во Будимпешта, сите си отидоа од таму, кој во другите канцеларии, кој во седиштето на фирмата, па сега македонската канцеларија е најголема во овој регион. Инаку, штом има огласи на нет, може да се јави кој било, значи секој има шанса да добие работа - само зависи од искуството, спремноста и познавањето на одредена област. Факултетот не играше толкава улога порано, иако сега знаат да бараат факултет за одредена позиција - од проста причина што во земјите на Middle East добиваш виза за престој врз база на универзитетската диплома (и ние така би требало да добиеме).
Се извинувам за пост врз пост... за сите доктори, сестри и останати кои бараат работа во здравство, погледнете го линкот, бараат само знаење на англиски јазик, доволно работно искуство (минимум две години) и препораки. Пожелно е за фамилијарни луѓе. Не прашуваат колку, прашуваат дали можеш. Не е во ОАЕ, ама е на Блискиот Исток, и во земја во која добро се заработува. Повелете линк http://www.drsulaimanalhabib.com:8090/
Луѓе имате некое искуство со ова агенцииве? гледам и преку коузон има понуда, па како идат давачки едно друго пред да појдиш??
Знае некој нешто за Globalwork recruitment agency? Гледам имаат некои понуди... Некако имам желба за таму за работа, па почнав да се распрашувам.
Понуди за работа на Блискиот Исток, преку лиценцирана агенција тука во Мк. http://www.tvak.mk/ Сега за сега има понуди за работници и за медицински лица, конкретно за Саудиска Арабија. За таму може малку проблематични да бидат визите, се чека долг период, но впрочем, така е за сите земји на Блискиот Исток, освен можеби во Дубаи што е за нијанса полесно да се добие виза. Следете ја странава, може да излезат и други понуди