Еве јас ќе ви кажам друго искуство. Дечко ми е таму веќе 6 месеци и е презадоволен. Работи по 8 часа дневно од недела до четврток, а платата му е многу поголема од овде.
Systems engineer. За муслиманските празници не работа, исто и за Велигден го пуштија не работеше. Сега за сега е презадоволен. Работното време му е исто како и овде кога беше, со разлика што таму доби можност за напредување. Фирмата плаќа секакви сертификати кои можат да му овозможат многу работи понатаму.
Јас добив работна понуда во една од најаките компании , и ни таму немаше 5 работни денови , и почнуваш од пониско ниво, иако имаш работно искуство од тука , сепак почнуваш од пониска позиција и пониска плата , и ако напредуваш ке бидеш унапреден , а до сега не сум чула млад од мк да заминал таму и директно на инжињерска фотеља . Одмори лесно даваат на лето бидејки тогаш таму нема работа , тешко даваат есен , зима , пролет бидејки тогаш е турбо.
Ако си добила работа од најаката компанија зошто не си ја прифатила работата. Барем таму имаш можност да напредуваш. Нејсе, тоа е твој избор. Дечко ми сега си доаѓа за 8 дена, па планирам после тоа јас да одам. Сега додека е на одмор ќе праќам CV да најдам работа за да одам со работна виза. За одморот исто не му праевеа проблем кога сака он тогаш и плуд картата му ја плаќаат они.
Па ја прифатив , во ноември заминувам . Но се чудам стварно , ова е прв ваков случај за Блискиот исток .
Јас немам со коузон соработувано , но внимавајте со арапите , не се потпирајте многу на нив бидејки вo последен момент можат да ви откажат , и патем таму не тече мед и млеко . . се работи и по 12 часа на ден , 6 дена у недела , слободниот ден најчесто се користи за спиење и одмарање и тако .... Нема многу време за "живот'', и ако сте плавуша очекувајте да ве " замараат ",
Не замараат плавуши, ами сè што е со бел тен и за нив поинакво. Во случајот ова се однесува на девојки кои не се Арапки.
исто и јас немам отидено преку коузон јас си најдов работа сам и би бил пресрекен да работев 12 саати а што нема живот нема, ти дава еден слободен ден и сто попрво на тој ден дали да спиеш или да прошеташ... затоа и се вратив во рок од 3 месеци.... И размислете дали би сакале да отидете во дубаи таму баш не тече мед и млеко или како другите зборат единствено што е евтина храната и пијалоците...