Baram rabota vo Slovenia, dokolku nekoj znae neka pise. Znam dva stranski jazici i sum na ekonomski fakultet
Дали некој има искуство со работа во Словенија? Каков е стандардот, дали се добри платите и дали има просперитет да се живее таму? Колку може да се успее?
здраво Сакам да ме упатите како,каде да најдам работа како бебисистерка или да чувам стари лица..или миење чинии или чистачка ....само да е странство
Здраво, сакам да прашам дали има некој од овде што работи во Љубљана? Барам работа па би ми било мило доколку некој ке ме контактира.
Zdravo Jas ziveam vekje 4 godini vo Slovenija. Platite se visoki no i standardite se povisoki od Makedonija. Ako zivees sam i rabotis togas ke imas pari da se sam izdrzuvas i da stavas na strana od 200 do 500 evra sekoj mesec. Najbarani se kelneri/ki,diplomirani medicinski sestri, prodavaci/ka i slicnoo...
За луѓе што се државјани на земји надвор од Еу, и немаат некоја специфична професија (за која што има недостаток во Словенија) како медицински сестри, доктори, инженери итн. е многу тешко да се добие работа. Самиот завод за вработување прави проблеми дека не смеат да се вравотуваат странци се додека има словенци што чекаат во заводот за слично работно место. А без одобрување од заводот не можете да добиете виза. Исклучок од ова правило се сите што имаат средно образование или факултет завршен во Словенија, за нив не прават проблем при вработување. За прашањето погоре за посредник, не знам, меѓутоа доколку не ги исполнувате овие услови што ги пишав погоре, мој совет е да не верувате на секого, можат само да ве излажат за пари дека ќе успее, знаејќи дека најверојатно нема да биде, и на крај да ви речат дека ништо не испаднало.
Zdravo. Bi sakala nekoja shto zivee vo ljubljana da mi dade informacii. Na priatelka i e ponudeno rab ... rabotna viza . Smeshtaj i hrana... plata 1000 evra. A rab kako higienicarka. Dogovor 1 god....
1000€ плата бруто или нето? Ако и е платен смештај и храна ќе биде во ред, ако треба сама да си плаќа таа плата е прениска за Љубљана. Нека земе во предвид дека можеби нема да и се свиѓа сместувањето обезбедено од работодавецот (ако е старо, ако има влага , ако е премногу далеку... х други причини може да има) и ако сака она да си најде сместување и сама да го плаќа, најмалку 600€ ќе и одат за кирија и сметки. Кириите во Љубљана се ненормални. Нека се заинтересира и после таа година дена дали би и го продолжиле договорот за да може нова виза да извади или ќе треба да бара нова работа или да се врати дома.
@Alyson здраво. Ќе те означам тебе, гледам дека имаш познавања за околности во Словенија поврзани со работа и стандард. Ми се вртка на ум понатака за живот во Словенија. Дали можеш да пишеш каков е животот таму, дали вреди човек да се пресели, како се дочекани дојденците, колкава плата најниска е потребна? Освен во Љубљана, во друг град има просперитет или потешко? Благодарам однапред за одговорите.
Тоа е многу индивидуално. Но, ако имаш добро работно место вреди да се живее. Убави, средени, чисти градови. Зеленило, паркови, стара архитектура, порелаксирано, но од друга страна многу поладни луѓе, тешко прифаќаат нови пријателства, немаш кафе шеми по цел ден. Културолошки се доста различни, нема да ти одмогнат, но нема ни да ти помогнат.
Здраво. Животот во Сло. е убав, мирен, можеби нема превисоки плати за големи луксузи, меѓутоа се сосема доволни за достоинствен живот без грижи од финансиски аспект. За работа зависи многу од професијата, колку е барана и според тоа толку е платена. Професиите што им се во дефицит, логично се подобро платени и полесно се добива виза за престој и работа отколку за други професии за кои имаат луѓе во изобилие. За градови за живеење како за почеток би ти препорачала секаде освен не во Љубљана или на крајбрежјето, таму се највисоки цените за сé. Точно можеби и платите се малку повисоки, но таа разлика во плати не ја покрива разликата од поскапите кирии, поскап јавен превоз, поскапи цени во кафичи и ресторани итн. За да си пресметаш колку би ти требала најниска цена за живот ќе ти кажам вака, одприлика 300€ ќе ти одат за јадење за 1 човек или 400€ (најмалку) за 2ца. Додај на тоа кирија од најмалку 300€ мин во помали места (Марибор, Цеље, Птуј) или најмалку 400€ во Љубљана (подалеку од центар), плус 200€ за сметки и 100€ други лични трошоци месечно (ко на пример за здравствено осигурување, облека, лична козметика, средства за чистење, др непредвидени трошоци, итн...). Заедно доаѓа окулу 1000€ само за основни трошоци, на ова додај износ што би сакала да го заштедуваш на месечно ниво и одприлика ќе си утврдиш колку плата би ти требала за живот. Доколку си сама, на почеток е потешко да имаш сама стан и се исплати да имаш соба и да делиш стан со цимери, додека застанеш на нозе. Доколку си со партнер, со 2 плати е полесно, бидејќи најголемите трошоци се фиксни. Ќе се надоврзам на постот погоре за тоа дека луѓето се ладни... Воопшто не е точно. Луѓето си се убава комбинација меѓу германската дисциплина за работа и балканската дружељубивост. Точно дека нема кафе шеми по цел ден, особено не во работно време бидејќи си ја бркаат работата како што треба. И затоа и државата функционира како што треба. Од друга страна после работа сме се дружеле почесто отколку што не сме се дружеле. Често одевме на кафе/пиво поголема група на колеги после работа, зависи кој како има време. Се договаравме за излети, шетања, пикници во природа, одење на гости итн. Тие што зборуваат дека биле ладни како луѓе обично не се трудат многу да се вклучат со словенците, се делат со други "наши" луѓе (други македонци, срби, босанци, црногорци итн) бидејќи им е полесно да си муабетат на србски и да не се мачат да научат словенечки. Точно дека немаат толку балкански менталитет, треба малку да се потрудиш да се вклопиш во нивната култура, јазик, средина, и со право, сепак вие сте отишле кај нив а не обратно. Не сум имала искуство некој да не сакал да ми помогне за нешто (не мислам за финансии, туку општо за совет, искуство, било каква помош). Јас бев одлично прифатена од нив, и наскоро ќе се вратам пак да живеам таму
Фала ти @Alyson за описот. А јазик како научи, таму? Јас имам учено два месеци, ама не го вежбам. Малку е тежок со таа двоината. Дали знаат италијански Словенците?
Дали можеби познавате некој човек/агенција што би биле посредници за работна виза или пак каде бараат работници(фабрика, фирма итн)? Конкретно за Копер или околината.
Двоината и не е толку тешка, ама има падежи што се тешки Со тек на време се учи. Нешто учиш сам (граматика), а остатокот (фонт на зборови, акцент, изговор) тоа стекнуваш со муабет. Како и со секој друг јазик прво ќе почнеш да ги разбираш ама ќе ти биде тешко ти да зборуваш. Хрватски разбираат повеќето.. исто и англиски, ќе се разбереш, имаат разбирање дека си странец и не можеш одма се да знаеш. Година-две сигурно ќе ти требаат за малку од малку да имаш добра комуникација, муабет на словенечки. Иако звучи слично на србски/хрватски, доста е различен, има зборови за кои што мислиш дека го знаеш значењето, а значат сосема трета работа Италијански најверојатно на западниот дел кај Италија знаат ( не сум сигурна). Поверојатно е да знаат Германски повеќето. Јас не знам, можеби ќе најдеш нешто по фб, има групи за македонци во Сло. по градови, побарај, сигурно има и за Копер.
Здраво на сите сакам да ве прашам. Размислуваме да се преселиме во Словенија па да ми каже некој како идат процедурите.Маж ми има бг пасош, јас немам имаме три деца 19 год.15 год и 9 год фала ви однапред @Alyson те означив гледам имаш познавање околу прашањата за Словенија☺️