Најбитно е да си најдете работа. За мажот ти со бг пасош најверојатно нема да биде мн тешко, за тебе можат да настанат компликации, зависи од твојата професија. Ако сакаш можеш да ми пишеш приватна порака со детали па ќе ти кажам подетално какви опции има за различни струки. Ако не со работна виза друга опција е со виза за соединување на семејство откако мажот ти ќе најде работа во Сло. Само ако одиш преку таа виза, во Словенија не смееш да работиш наредните 2 год. Тоа може да биде проблематично како за почеток кога финансиите се најбитни. Децата секако можат да добијат визи за соединување на семејство. Ако нешто подетално те интересира можеш слободно да ме прашаш во лп
@Alyson Ако тој најде работа и отиде после колку време имаме право да аплицираме за виза?Дали треба три платни листи или порано? Бидејќи најголемото сака таму да се запише на факултет за музичка уметност? Второто учи угостителски готвач дали може да продолжи со истата струка? Јас досега немам работено.
Zdravo baram rabota vo Slovenija so makedonski dokumenti. Dali nekoj znae firmi shto sreduvaat rabotni vizi vo blizina na Ljubljana ili Kranj.
Здраво ако има некој активен да знае за колку време се добива виза,Документите се подадени сега чекаме одговор.
Здраво, работам во Словенија со работна виза што ми ја извади фирмата, 4 месеци сум тука. Прашање ми е што доколку останам бремена? Дали одам на боловање тука, тука можам да се породам, или ќе морам да се вратам Мк?
Во словенија можеш да се породиш и од Словенија ќе користиш боловање. Во случај да не работиш, а да се породиш во Словенија нормално со средени документи ќе имаш пак платено породилно 12 месеци и еднократна помош.
Случајно да не живееш во Словенија? Ако да, ќе може ли да ти пишам лп, имам одредени прашања околу вработување и живот таму
Zdravo, dali ima nekoj iskustvo so agencii sto posreduvaat rabota vo Slovenija,kako Konekst, Macedo i sl? I koi mesta se najdobri za ziveenje tamu
Здраво на сите, Барам цимер/цимерка во Љубљана почнувајќи од октомври па натаму. (Вработен сум) Доколку знаете некои страни или групи по социјални мрежи во врска со барање цимери, би ми помогнало многу. Фала!
Здраво,сопругот беше во Словенија пред три месеци со работна виза но фирмата каде што работеше се распадна и тој остана тука визата има важност до крајот на декември. Прашањето ми е дали може некако да се искористи истата виза за друго работно место ако некој знае?
Здраво, работам во ИТ индустријата и размислувам да почнам да барам работа во Словенија со можност да продолжам да живеам таму. Како се движат платите за таа индустрија со 3-5г искуство и дали со работна виза имаш шанси да добиеш државјанство како што е за студентите ако се 5г во државата.