Хм јас незнам за такво нешто. Знам само за привремена и стална виза. Стална можеш после 5год престој во Словенија да земаш.
Ужасно искуство од Словенија, ксенофобија до даска, подалеку од фирми каде што сите се балканци а главните шефови и директори се само словенци, не видено дисриминирање и малтретирање, ти кратат од плата, немаат аргумент зошто, ти се закануваат дека ќе ти ја преќинат визата ако не им играш како ти свират, 2 години зависиш од фирма која ти ја направила визата, замислите 2 години да сте помеѓу токсичен колектив, каде е себе поштувањето и менталното здравје, за 1200 евра скапат те од работа, а пола од парите одат во сметки и стан, освен ако со факултет или струка е друго, ама еве и јас имав ама никој не ме вработи со тоа, имаа предност секако словенците и хрватите.. Welcome to reality, сега сум фала богу на поубаво место со поубава околина и луѓе.
После 5 години можеш да поднесеш, а сталната после 5 6 месеци и повише се дешава да се земе, откако ке се поднесе
може ли да ми споделите искуство од поскоро за работа и живеење во Словенија? сакам да работам и живеам таму,имам 40год,а стаж од 15 во Македонија
Само немој да одиш во Сежана, хотелите, месарата, пиварата, сѐ тоа е на едни исти газди - Снежана и Марко, дури откако ќе отидеш таму, ќе сфатиш дека немаш ни виза ни ништо, а и би морала да потпишеш бланко договор за отказ. Една жена од Македонија пак беше наоадната од гостин како собарка, рекол тоа им било дозволено, женава се пожалила меѓутоа не реагирале, па дала отказ. Пази кај ќе одиш, веќе ни агенциите не знаат со кого си имаат работа. Во секој случај, не соработувај со српски агенции, само kariera.si
Здраво на сите со сопругот сакаме да заминеме во Словенија но не знаеме од каде да почнемеДали некој знае да не посочи некаде или да ни каже некои страни кај што има огласи да си ја пробаме среќата?
Здраво И ние со мм сме на тој ум да заминеме за Словенија Сум била неколку пати и преубава е Приклучи се на фб група addeco Slovenija Имаат често огласи Можете и на гугл да барате фирми во Словенија и директ кај нив да аплицирате Пратете исто често доаѓаат во Мк,фирми од Словенија што бараат луѓе...Среќно
На ФБ има група Makedonska skupina v Ljubljani/ Македонци во Љубљана. Составена е од повеќе од 20 000 членови. Распрашајте се таму и ке добиете информации и совети од прва рака. Барајте си сами работа во словенечки фирми, а не преку агенции.
Како прво со каков пасош сте?Дали имате конкретно каде би сакале да бидете или не е важно во кој дел на Словенија сте.Малку е потешко за стан ,но се наоѓа сега ќе има и повеќе огласи за работа,но најважно е дали сте со еу документи или ќе ви треба виза.
Најдете фирми во Словенија каде што би аплицирале,направете св на словенски и ако успеете да се договорите,они ќе ви извадат работна дозвола.Некои фирми помагаат и при наоѓањето сместување,поблиску до работа.Моја препорака барајте некое помало место,каде што киирите се помали Нова Горица е убава,има многу македонци...
Во Нова Горица имам пријатели викаат дека нема работа или никој од работодавците не се нафаќа да направи виза било многу тешко за работа таму.