1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа во Фешн Груп (Fashion Group)

Дискусија во 'Барање работа' започната од Sexybaby86, 11 мај 2012.

  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Луѓе, има ли некој искуство, т.е. дали некој има работено (или работи) во Фешн Груп? Тоа е групација на повеќе модни брендови, меѓу кои Спрингфилд, Манго, Голден Поинт, Хуго Бос, Окаиди и сл. Конкретно ме интересираат условите за работа какви се, колкави се платите, дали навремено плаќаат, дали ги пријавуваат вработените (и на колку) и сл. Исто така би ви била благодарна ако знаете да наведете колку зема продавач во бутик, колку аранжер на роба, колку раководител на бутик и сл. во наведената фирма, т.е. продавници. И само да напоменам, итно ми треба да дознаам нешто повеќе за Фешн Груп, па повелете изјаснете се ;) Поздравче :*
     
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    Вака, дргарка ми долго работеше во фиори кое е дел од фешн груп и моја препорака ти е ни на крај памет да не идеш таму бидејки освен што работат секој ден и за празници пошо е рамстор нели туку знам многу ги задржуваа после работно време ако имаше нова роба и седеа по цели ноки а тоа не им беше платено.Исто така постојано им ставаа некои глупави казни и им кратеа од плата 10-30% без причина.Платата мислам дека и беше околу 12 000 . Така да според мене тоа е најодвратно место за работење .Истото важи и за OBJ мислам дека и тоа е дел од оваа групација и истото што се случува во фиори се случува и во OBJ. За другиве продавници немам информации :)
     
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Фала многу, треба да одам на интервју за работа, а не знам за во која продавница е работното место, па сакав да прашам за искуства. Фала за тоа што го сподели и не знам зошто, ама ни сама немав некое баш добро мислење. А и ако е така во една нивна продавница, веројатно е така во сите, пошто за истата групација се работи :?: Поздрав :)
     
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    мило ми е ако ти помогнав :)
    мој совет ти е ако веке сакаш да работиш во бутик некој, да побараш некој што е помал обична продавница бидејки мислам таму дека не ги замараат толку како во големиве бутици што се и да не е некој во трговскиве што работат секој ден и за празници.Еве другаркава моја сега работи во она sara fashion што е, јес да и е помала платата мислам дека зема околу 9000 али барем никогаш не сум видела да остане после работа да мести роба цела нок и утредента пак да мора да стане да оди прва смена на работа како што беше во горенаведеното место.
    Ги изругав овие од fasion group да ме дознаат мислам ке ми пратат платен убица да ме среди за муабетов :D :D :D :D
     
  5. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Партал ги направи а ни Фиори ни ОБЈ не спаѓаат во Фешн Груп |(
     
    На KuklickaSk и HeidiDiWalt им се допаѓа ова.
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Не знам да одговорам на прашањата за платите, условите, само знам дека кога и да листам по огласи, секогаш бараат нови луѓе, што по мене не е добар знак.
     
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    не знам може грешам ама според тоа другарка ми што ми има кажано а доста сме праеле муабет за тоа бидејки многу се нервираше се си мислам дека се дел од фешн груп.Како и да е и да не се под тоа како за фирми кои нудат работни места го кажувам нејзиното искуство за тие 2 места.
     
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Да, и јас приметив, па затоа викам и да прашам да не знае некој нешто за нив. Ќе одам на разговор, па ќе видам што ќе понудат. Инаку, не дека толку сакам да работам во бутик (не потценувам никого), туку ете маката ме натера да конкурирам и на такви места, зашто подобра работа не можам да најдам за жал. Бидете ми поздравени :)
    Ако, како и да е, добро е да се знае и за тие места. Баш сега брзо имаше оглас за во Фиори и мило ми е што не аплицирав :D
     
  9. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    3.280
    Пол:
    Женски
    Sexybaby86 кажи ми беше ли на интервју? Што услови нудат?
    Сакам утре да одам да однесам CV зошто слушнав дека бараат девојчиња...
    Фала ти однапред :)
     
  10. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Другарка ми работи во еден од бутиците на Фешн Груп, несакам да кажувам кој ама од тие високо брендираните е. Платата и е 15000 основна и плус таргет што фаќаат секој месец и над 18000 и оди.
    Тоа дека работи и викенди и празници да, ама секоја недела и празнич се плаќа дупла дневница. Одат и на обуки за однесување со купувачи итн... По 6 ипол саати им е работно време.
    Дали вака се добри условите само во нивните скапи бутици (кога зборам на скапи не мислам на Спрингфилд и Манго туку уште поскапите :lol:) или и во останатите незнам...
     
  12. Columbianna

    Columbianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Некој да сподели искуство што работел ,или работи во некој од овие бутици? Дали се задоволни од работата и платата?
     
  13. whitepearl

    whitepearl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    38
    Дека се барало секогаш нови луѓе, до негде е така бидејки секој си бара подобро од бутик во ситимол или рамсторе, повекето е помлад кадар што раѓа, ако ти се работи нели секако ти продолжуваат договор, не секој доага да заработи за леб. Се е платено до минута и за останато време да не збориме за празници. И јес да е иста фирма но според мене и зависи во кој бренд ќе завршиш дали ке си се пронајдеша и сите менаџери се различни. За разлика од фиори и некој такви други не се споредува зошто доста сакаат да се префрлат во фешн групацијата.
     
  14. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.394
    Пол:
    Женски
    Да ја освежам темава со истото прашање.
    Дали познавате некој што работи во продавница во склоп на Fashion group?Споделете информации ако знаете.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  15. whitepearl

    whitepearl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    38
    Знам сега да, малку каснам со одговор..
     
  16. Hey Boo

    Hey Boo Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2020
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    29
    Здраво дечки. Дали примаат често работнички во Fashion Group?
     
  17. choko

    choko Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    324
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Некој поново искуство да сподели ?
     
  18. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.897
    Пол:
    Женски
    Сега примаа, другарка моја ја вработија, им требаат луѓе за во East Gate.
    Првата плата е минималец, како обука, после тоа 20 000 + бонус
     
  19. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    20.743
    Пол:
    Женски
    Дали даваат слободни денови за одмор во лето?
     
  20. jance

    jance Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    81
    Заостана темава, а постојано се бараат вработени во таа фирма.