Како ќе ти се погоди. Таму кајшто одам на одмор, келнерот од прва и втора смена не е ист, значи не работат сегде по 12 саати. И баш имаше келнер од Македонија . Со среќа
Три работни места, лошо душо, пробајси и види Од убо не застанав да ја опишувам ситуацијата ви посакувам на сите да си видите сами. Три пати дневно беше кажано храна ама после два дена секаде на еден пат намалија магично а земјата е дупло поскапа од Дојчланд, just saying
Интересна и малку смешна ситуација. Ќе ве замолам да се одлучите колку пати имате работено во Хрватска, двапати или сепак трипати? Не се ни сомневам дека ќе заминете и оваа сезона. Ова ви е најдобар пример за поговорката "Никогаш не вели никогаш", а за вас останатите еве еден добронамерен совет, немојте НИКОЈ и НИШТО да ве демотивира (особено оние што решиле да одат првпат), не велам дека ќе биде сјајно, има различни шефови со различни карактери, во екот на сезоната ќе биде малку понапорно, но ве уверувам дека ќе биде многу подобро од Македонија. Што преостанува, подгответе ги куферите и идеме! Со среќа на сите што решиле и оваа сезона да ја поминат како мене во убавата Хрватска.
Ха ха, абе не зезај не ги лажи лугето, точно е дека има секакви шефови, ама овај комфор на работа како во мк никогаш нема таму да го имат! Тие шо не се научени на то темпо хах, жени имаше од 50 години вика ке припаднам а не па овие без искуство. Јас не демотивирам никој ја кажвам реалната ситуација за жал или срека- таа е! Ги лажите лугето, првиот пат ојдов преку посредник ми рече на едно место ке сум, газдата ко ме однесе после во едно забачено пиле кај шо не пеј! Еј пиле ПРОДАВНИЦА немаше требаше со кола да молиш неколку км да те однесат гнасите ало! Приказни кажвај кај некој шо не бил, нека имат претстава кај одат немој да лажиш. Прекрасната хрватска, ах пустата сета камен и бетон, ееедна плажа песочна да имаше и то нема! ПС Јас бев кога немав еу папири оти немаше каде, сега ги имам и никогаш нема да ја видам! Кажи зошто ни еден хрват не работи во нивната земја со туризам! Кажи зошто???? Нафта не пијам ти ако сакаш слободно!
Можете да "плукате" по Хрватска колку сакате но тоа нема да го промени фактот дека вие сте работеле таму 3 сезони и дека сте заработувале пари за леб од истата таа Хрватска. Зошто воопшто сте оделе 3 сезони кога не ви се допаѓало? Можеби вашето искуство со Хрватска е лошо, за среќа моето е добро. Нема да расправам со вас за разликите помеѓу Македонија и Хрватска бидејќи се очигледни, ние идеме да работиме кај нив а не обратно, досега не сум видел Хрвати што дошле да работат во "комфорот" и песочните плажи што го нуди Македонија. Истото тоа го покажуваат и бројките кои велат дека во 2022 год. 10.053 Македонци добиле дозвола за работа во Хрватска, во 2023 год. 13.412 Македонци добиле дозвола за работа во Хрватска, а претпоставувам дека оваа година таа бројка уште повеќе ќе расте. Супер за вас што сте добиле ЕУ "папири", што во никој случај не ви гарантира дека во иднина ќе работите подобра работа и ќе имате подобар живот од оној во Хрватска, оној што е упорен и сака да успее, ќе успее и без ЕУ "папири". Со ваков менталитет и ваков начин на размислување како вашиот тешко дека ќе успеете да реализирате подобро животно искуство од она во Хрватска. Секое добро!
Се гледа дека си посредник, иначе не би се замарал толку. Види ако и постари луѓе го делат моето мислење дека маста ја вадат во хрватска, не се прај паметен те молам. Работниците и тоа како сами си го заработиле тој некој денар, со пот и маки, за разлика од тука нишај врата земај плата во повекето случаи тоа не е исто таму. Ист си како газдата бивши, хаха вика земаш пари од мене, абе чоек земам пари од мене мојте нозе, раце, тело истрошено алоо. Друго, мојот бакшиш беше повисок од платата шо ми ја дава, значи мене луге од цел свет ме почитувале, биле задоволни од мојата работа, газдата нема врска со то ама ич. И достате со вакви заостанати мислења, не туку ги сили лугето, јас реков секој нека си проба и ке си знај нема ти шо да идеализираш. А за моето животно искуство право немаш да збораш оти не знајш со кој збораш прво и каков живот си живеам јас! На мајка ти прво да го дознаеме животното искуство, после за другите се надевам ти разјаснав! п.с Моите еу папири и то како ми гарантират убав живот оти јас сум ВРЕДНА а вредноста се цени секаде во светот, малце помалце во хрватска хахах Хрватска е балкански ментатитет, тие немат веза со западот уште помалце подалеку
Здраво дечки. Јас и дечко ми планираме да одиме во Хрватска сезонава. Може ли да ми препорачате каде да аплицираме или некоја агенција.
Препорака за барање сезонска работа во Хрватска: -во кој дел на Хрватска сакате да одите -таму барајте хотели или кампови.....најдете мејл адреса, се има на интернет, и обратете им се директно -бидете упорни, проактивни -не дозволувајте посредници да ви земат дел од вашата пот -побрзајте, потребно е и до два месеци за работна дозвола/престој
Јас трета сезона ќе одам во Хр, и не ти препорачувам да одиш преку оваа агенција. Многу мали плати нудат.
Ако не е тајна каде одиш во некој хотел како Валамар или? Некој што работел во Валамар Дубровник да сподели искуство? Да ли е навистина ок како што кажуваат на видеата и имаат предобар маркетинг или е маска да привлечат луѓе? Ме интересира за собарка.. Пишува плата ид 1000до 1300еу од 6:30 - 14??смештај ок ли е како што прикажуваат? Аплицирај директно зашто ти се посредници.. Одговараат брзо Работат не е да не, али углавно се скоро сите со факултети и струки кои не се у врска со туризам и си наоѓаат раб во Загреб или вон Хрватска. Да речеме како овде што однемај каде пуно одат по фабрики да ринтаат така они гледаат на угостителството и таквите работи. Денес како и кај нас е мн застапен ИТ сектор и работа со многу поголеми примања и тотално друга бранша.
Искрено во Загреб никој не нуди смештај тоа го има само Далмација. Ако гледаш колку ке платиш кирија таму свршен чин.. Сите сакаат лесна работа то е факт, ама доколку не постојат останатите бранши како "ринтањето по фабрики" и останато само со ит секторот неможиме да функционираме. Ке нема кај да одиш на одмор кога си да касниш да се напиеш ако никој тоа не го работи и многу други гранки без кој неможиме.
Така е, све си у право. А за ринтање по фабрики може да се преформулира како црнчење, мрцварење, стресирање, изигравање малтене понизни робови на неиживеани шефчиња. Ако, нека има и фабрики не векам, али со оваков однос кон работниците.. Не бива! Одат луѓе од зорт. А Загреб.. прескапо е стан да земеш под кирија и точно тешко се наоѓа. Да има нормални платени добро работни места каде што ќе одиш со мерак колку и да има работа, луѓето не би бегале надвор од државава.
Знам, постои премногу булинг врз работниците од страна на неизживеани шефчиња за жал… И незнам дали некогаш ке се отсарасиме од такви
За жал вистина е и на своја кожа осетив.. Го има тоа и по други бранши не да нема али фабрикиве со шанса за веаботување која "не се пропушта" За одење во Хрватска на работа можам да кажам само да внимава секој посебно кога иде у помали приватни објекти, знаат да не испкаќаат и да ти даде покрај договореното уште други раб да вршиш. Среќно на сите
Скоро па секој газда таму очекува да си и келнер и шанкер и чистач и хостеса буквално се и сакав да им доловам на луѓето дека ке земаат една плата а ке работат повеке работи и тоа го прават секаде и јас каде што работев и тие околу мене скоро сите.. Таму нема седење во слободно време како тука. Разлика има во работата сепак тие илјада и нешто евра така нема да ти ги даде.. Треба психички а и физички да си спремен. Со среќа и од мене