Preku koja agencija bese? I kakvo mislenje imas i od iskustvoto so rabotese tamu? Dali se isplakjat ili ne?
Дали има сезонска работа сега во Хрватска , и ако има, за која професија има? Преку која агенција да се пријавам ист0 така, прв пат ќе ми е?
Се јавив на агенцијава за вработување во Хрватска - Macedo HRM, ми понудија работно место келнерка, мислам стануваше збор за во Дубровник/Сплит, меѓутоа некако многу мала плата даваат - 732 евра нето плата почетна (реално у Мк и вон сезона зимаат толку), демек уште нешто ситно спомнаа, бакшиш, прекувремени итн. ќе можело да се стигне до солдина сума (мислеа до 1200 евра ваљда?). Давајте идеи каде можам да се обратам за работа во Хрватска, притоа да не се преваранти. Собарка/помошник во кујна ми е идеална позиција. ПС. Дали некој знае дали може да се започне со работа пример од 10-ти јули до крај на сезона во октомври? Поради испитни сесии не можам да тргнам натаму во мај/јуни.
Здраво сакам да ви споделам искуство за работа во Хрватска во околината на Дубровник и воедно би ви препорачала агенција од која сум презадоволна. Јас бев 3 сезони (2018, 2019 и 2020 само 3м заради короната) мојот сопруг 5 сезони, ова сезона одиме фамилијарно. Сите сезони работев за ист газда и сега пак се враќјам таму. Со газдите имам само позитивно искуство фер коректен однос се навреме и точно исплатено. Имавме пристоен смештај нормални услови за живот ништо подебно соба по двајца и тоалет на спрат го делевме неколку соби буквално како живот во интернат. Најбитното е што те ценат како работник и човек ако се покажеш дека си вреден, хрватите несакаат мрзи и забушанти или кривинаши. Aгенцијата која топло би ви ја препорачала има страна на FB која е Rabota vo Hrvatska ја водат брачен пар Зоран и Сара прекрасни луѓе нас ни станаа многу други пријатели во секој момент беа за нас достапни. Сара е Скопјанка и е многу достапн з комуникција.
Прво, фала ти многу вака што нѝ опиша детално и нѝ даде сугестија. Второ, имам прашање, сигурно веќе си запознаена како се одвиваат работите таму...Дали се случило да доаѓаат луѓе за работа од 10-ти јули рецимо до крај на октомври? Мене ми кажаа со пола уста од друга агенција, демек се барало цело време работници, но дали би ми средиле не беа нешто сигурни..Мене за сигурно ме интересира, ако можеш да ми кажеш
Кога е сезона цело време бараат рабоотници, за сигурно ќе си прашаш во агенцијата и тие ќе ти кажат најпрецизно се зависи од твои квалификации што сакаш да работиш и што се бара во тој период. Сега ти е период (февруари, март и април) кога се бара работа во Хрватска и вообичаено се почнува од 1ви април сега можеш да бираш а за 10ти јули е веке екот на сезона тогаш искрено неверувам да имаш избор не сум точно упатена за да ти кажам најдобро пиши и на страната што ви ја посочив или барај ги имаат бр. Viber тие живерат во Хрватска ќе те упатат
Sezonska rabota vo hrvatska otok ciovo kraj togira , ima potreba za , rostilj , pomosen konobar , i sanker ,plata po dogovor , smestaj osiguran i viza osigurana Whatsapp 00385958166121
Дечки, некој искуство со Томи маркети во Хрватска? Ќе одиме преку агенција Macedo.HRM, некој да има таму работено па да ми каже што како?
Завчера бев на интервју за козметичарка во Спа центар во луксузен хотел во Дубровник, и малку се разочарав од платата и условите. Нето плата беше 800 еу, со еден оброк, еден слободен ден, сместување со по тројца во соба без кујна. Персонални хотелски соби каде ќе немам можност да готвам. Што значи дека ќе треба да се хранам надвор, а ако го правам тоа во Дубровник и тие 800 еу со се' цигари нема да ми стигнуваат... Ова е само мое искуство, и не значи дека нема подобри услови. Познавам луѓе кои имаат многу подобри услови како 3 оброци и повисоки плати, сѐ зависи од работодавачите.. Но како следам, во последно време сѐ полоши услови и плати нудат зашто веќе сѐ повеќе работници им се нудат на пазарот и не се така во тесно како пред неколку години.. Исто, гледам дека позиции како врвни келнери и готвачи ги "галат' повеќе со подобри услови и плати, и со право секако, не се наоѓаат така лесно и работата ич не им е лесна. Муабетов ми е дека за позиции како мојава и покрај универзитетска диплома во козметичката област, спа терапевти, собар.ки , не се нешто добро платени.. поготово не во Дубровник.. Велат погоре платите и условите биле подобри. Но за после Макарска и нагоре немаше позиции во агенцијата која ме застапуваше.
Еве мене во маркетите Томи во Хрватска ми понудија 1000евра плата со 15 евра дневно за храна, смештај платен со кујна тоалет и тв во апартман, ќе бидеме сами со вереникот во соба.
Се супер, само да знаеш дека 15 евра не се ништо за јадење. Лани хамбургер во Дубровник и Корчула беа по 20 евра.
Се е супер, денес ни се јавија платата е до 100 евра плус, значи 1100. Мислам дека ќе биде се во ред дека сме двајца и јас и вереникот по 15 евра тоа се 30 доволно ќе е. Првиот месец може малку ќе е тешко додека плата стигне, ама ќе се навикнеме.