Работа во Хрватска

Дискусија во 'Барање работа' започната од Wiliams, 22 април 2012.

  1. Damata so marama

    Damata so marama Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Здраво, има некои што знае за работа во Хрватска? Заинтерсирана сум сакам да одам да работам. Ако знае некои нека ми пише инбокс.
     
    На Nate- princeza му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lale@12

    lale@12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2021
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Ај пиши ми неможам јас прва да пишам
     
    На zoya и Nate- princeza им се допаѓа ова.
  3. Nate- princeza

    Nate- princeza Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2023
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    I jas sakam da odam, Ali sama nekjam da odam, podrugo e so nekoj lani koj bil pa Ima iskustvo da odam so nego ..
     
  4. mari_sa

    mari_sa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2015
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    И јас сум заинтересирана, може да ме контактирате
     
    На Nate- princeza му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Panda23

    Panda23 Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2022
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Дали постои Work and Travel во Хрватска?
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.478
    Допаѓања:
    13.715
    И таму има лоши газди, лоши шефови, мобинг. Од наши што работат во Хрватска, разбрав дека има доста косовски работници, па благодарение на нивната слога си се избориле за подобри плати од Македонците. Значи како што ми кажаа „може има 10% од твоето знаење, ама се држат, ем нема да работи, ем повеќе ќе заработува од тебе, ем ќе ти стои над глава, ќе те третира лошо и не му можеш ништо“.
     
  7. SlimReaper

    SlimReaper Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Машки
    има агенција MacedoHr се вика,јас би ти препорачал да не идеш преку агенција во Хрватска,туку сама да си се договориш со работодавците.
     
    На Myliu му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ilce89

    Ilce89 Нов член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Zdravo na site
    Jas planiram da odam Rijeka, da rabotam tamu kako vozac dokolku nekoj/a e so zelba za tamu da delime smestaj vo hotel kaj so ke bidam, pisete mi licna poraka.
    Pozdrav
     
  9. Pamela Daisy

    Pamela Daisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Јас бев во Хрватска да работам летово преку познаник, не преку агенција.Со газдата сами си договаравме плата и нели што и како ќе се работи, му пратив податоци на мејл, ми прати договор да потпишам и кога излезе работната дозвола исто ми ја прати на мејл.Смештај ќе кажам скоро сите мора да обезбедат, е сега има разлика од смештај до смештај нели.Работев во кујна, ретко некој што работи во кујна или како келнер /шанкер да добие слободен ден, обично нема слободни денови и се работи од 9-10 саати.Генерално годинава јас каде што бев имаше многу Македонци и по нивните коментари можам да кажам дека повеќето не беа задоволни (општо значи). Јас лично не бев задоволна од непрофесионалниот однос на газдата и условите за работа. Ако му е на некого од помош, Агенцијата Хоризонт посредува за работа во Хрватска со некои си 90 и кусур % успешност/задоволност нели и од вработените и од газдите. Но најбитно е кога се договарате за работа точно да се одреди што ќе се работи и по можност да се види каде и во какви услови ќе се работи, како и слики/видеа од смештајот. Ви посакувам многу среќа на сите што планирате да одите да работите во Хрватска.
     
    На mari_sa, orxideya, Tam4yy и 4 други им се допаѓа ова.
  10. SlimReaper

    SlimReaper Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Машки
    Мене годинава ми беше втора сезона и да во споредба со лани многу луѓе беа незадоволни и наши и срби и хрвати итн. пред се поради инфлацијата и намалената посетоност во споредба со прошлите лета. Според мене е многу подобро сам да се организираш со работа. Некој ако е заинтересиран слободно може да ми пише би му дал контакти од работодавци и би го советувал кои фирми да ги избегне.
     
    На mari_sa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Bravo za iskrenosta.
    Se' najdobro ponatamu vo zivotot.
     
    На Pamela Daisy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nate- princeza

    Nate- princeza Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2023
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Nikako preku niv...
     
  13. SlimReaper

    SlimReaper Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Машки
    Си била преку нив? Јас требаше во 2020 да идам преку нив,ама нели се случи што се случи и не отидов во Хрватска таа година. Прва сезона ми беше во 2022 во Дубровник,се сам си договорив и океј излезе. Ако имаш искуство со нив сподели да знаеме да ги одбегнеме.
     
    На Kiko9 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. golemiotmalisan

    golemiotmalisan Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2014
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    54
    Идеш на мој посао за странце и ти отвора позиции(слична е страната како вработување) не се потребни никакви агенции за Хрватска јас така најдов летово и сум задоволен
     
    На Myliu му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    И јас бев во Хрватска 6 месеци...Работата беше малку напорна ама никој не ни вршеше притисок. Шефицата и колегите ни беа погодени. Смештајот и 3 оброка на ден ни беа обезбедени од фирмата. Барем на тоа заштедивме. Платата ни остануваше чиста. Се исплати да одиш само пред да одите треба да се осигурате кај кого одите да не налетате кај некој што не плаќа. Многу се жалеа од Албанските газди дека биле преваранти, можеби не сите ама повеќето така правеле.
     
    Последна измена: 6 октомври 2023
    На golemiotmalisan, Tam4yy и Kiko9 им се допаѓа ова.
  16. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.600
    Пол:
    Женски
    Реален коментар и јас како што знам обично вака оди. Само не знам, ви се восхитувам како издржувате без слободен ден. Башка и смена од 9-10 часа е премногу.
     
    На Nate- princeza му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SlimReaper

    SlimReaper Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Машки
    Ова ќе биде долго но многу корисно.
    Како некој што бил 2 сезони во Хрватска се сметам за ветеран (мала шала) па еве да ви подобјаснам на тие што не сте биле а сакате да идете или тие што прв пат сте биле а не сте задоволни. Ваквите работи обично се случуваат кај приватњаци,познавам луѓе хрвати и срби што работеле по 3 месеца е не им давале плата,и нив ги бие глас дека не даваат слободни денови и дека работиш по 9,10 па и 12 саати на ден. Поради ова јас лично би избегнал да работам кај приватњак и до сега сум бил во Valamar i Maistra (хотели кои се меѓу најдобрите во Хрватска). Во хотел си многу заштитен од вакви работи,нема да се случи да не те исплатат никогаш,даваат сместување и храна. Проблемот тука е што фалат луѓе и обемот на работа е огромен,и тука знае да се случи да немаш слободен ден во јули и август и да работиш по 12 саати. Шефовите и менаџерите на рестораните исто така знаат да бидат гомна и да те цедат на максимум,има некои што се големи националисти и мрзат македонци,срби,црногорци и бошњаци,а на хрватите за многу работи им прогледуваат низ прсти,дури сум слушал дека и многу помалку работеле и слободен ден им давале кога и да побарале. Но сепак 1200 евра е платата во најгустиот дел од сезоната а 1000 во април,мај,септември (зависи од фирма) и октомври. Доброто за Хрватска е што немаш трошоци таму кога ќе отидеш се ти е покриено и плус на море си неколку месеци. Лошото е што смештајот знае да биде катастрофа,храната исто така знае да биде катастрофа и да се погодиш кај некој сероња газда/шеф. Во секој случај да работиш во угостителство во Хрватска е подобро неголи кај нас,и кај нас како роб те работат ама барем во Хрватска знаеш за што работиш.
    2019 била сезона за која слушав убави работи,туризмот на најако бил пуштен и сите убави пари заработиле,следната година сите знаеме што се случи,мене 2020 ми требаше да ми биде прва сезона во Хрватска ама тоа е. Тие 2 корона години немало многу гости и работа,јас 2022 кога отидов прв пат веќе се беше отворено и океј беше,вака што ми збореа не било како порано,но прва океј година после ковидот. Многу работи се поскапени и дури и луѓе што зимаат 2000 евра плата ми се жалее дека се мачат да сврзат крај со крај. Оваа 2023 година беше катастрофа,а толку ја збореа сите дека ќе биде одлична,но воведувањето на еврото како валута и инфлацијата си го направија своето. Цените на се беа качени до плафон,дури и за ЕУ туристи тоа беше претеризам и некои извори викаа дека 20-30% е намалена посетеноста во однос на 2022. Поради ова фирмите кратеа плати од работниците и уште многу вакви гомнарии. Јас оваа година отидов во крај на јуни,а требаше до 1ви октомври да седам,но поради кратење на плати и слични гомна многу порано се вратив во Скопје,стварно не сакав вака да биде ама едноставно не вредеше. Плус ја утнав и фирмата,Maistra се вика да знаете да ја одбегнете,буквално сите работници беа незадоволни и хрвати и срби,не бев единствен што даде отказ.Јас имам и тука што да работам не сум некој што нема за леб. Големи се шансите ова да ми беше последна сезона на Јадранот,имам завршено економски така да планирам по струка да си работам. Следната сезона стварно не знам каква ќе биде,дали газдите пак ќе се полакомат за пари или ќе намелат да биде соодветно. Друга битна работа е тоа што во Хрватска доаѓаат многу филипинци,пакистанци,непалци итн. Тие луѓе доаѓаат беда и тука се спремни да работат за 700-800 евра,за џабе што се вика,а тек па што им даваат сместување и храна тоа е бомба. Во подрум да ги стаиш и леб и паштета да им даваш само нема да се жалат. Хрватите ептен се загрижени за ова,некои викаат како ова можно е да се последните година каде што наши луѓе (балканци) ќе работам во угостителство,друго се ќе биде од Азија носени. Ако западен балкан влезе во ЕУ готово,се што е тука на балкан ќе отиде на запад,а од исток тука ќе дојде.
     
    На Biljarkata, eliesaab, Youknow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.600
    Пол:
    Женски
    Ти го прочитав коментарот, значи и ти си ја утнал работата.
     
  19. SlimReaper

    SlimReaper Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Машки
    Ја утнав ептен оваа година. Како и да свртиш не е некоја кој знае каква работа угостителството,сите хрвати идат на запад да работат а наши балканци идат натаму а се и азијциве се вмешаат,така што не знам што ќе биде со Хрватска. Ама па од друга страна Хрватска е похумана опција од Америка и Германија. Во Америка 2 работи треба да работиш за да вратиш нешто,во Германија не би идел да да чистам и да пржам компири ( не сакам да навредам никој,ама конобар ми е многу поокеј позиција а и знам англиски и малце германски,би го искористил тоа). Некој е заинтересиран да иде во Хрватска слободни нека ми пише порако би му дал контакти.
     
  20. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.600
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е подобро да работиш како шанкер, не е некоја филозофија да ги научиш кафињата и пијачките како се прават. Ама келнер, да служиш багра секаква, па и вени на млади години да пуштиш. Не знам колку е паметно.