Работа во Швајцарија

Дискусија во 'Барање работа' започната од crnamacka01, 10 септември 2013.

  1. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    22
    Дали некоја од вас има некоја информација во врска со работа во Швајцарија, во Сион, берење грозје 1-2 месеци....ако имате некоја информација ве молам пишете ми, важно ми е.
     
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.246
    работа во Сион-Швајцарија,берење грозје

    Имам слушнато дека на лозјето се работело по цел ден, дневна заработувачка била околу 100 евра дневно (отприлика 10 евра на саат, зависно каде работиш, некаде е помалку, некаде повеќе).
    Засега имало премалку луѓе од Балканот кои оделе на работа баш таму (валда е потешко за одење), повеќето одат во Франција и Италија.
     
  3. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    22
    работа во Сион-Швајцарија,берење грозје

    фала многу...значи месечно 3000 евра,,па не е лошо...да можев јас би отишла хех
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.488
    Допаѓања:
    63.651
    Животот во Швајцарија е малку поскап од другите соседни земји, па зависи многу што треба да покриеш со тие 100 евра дневно. И не верувам дека ќе биде 3000 евра, сигурно нема да работиш баш секој ден, веројатно ќе бидат 2500 евра. Ако треба да платиш стан, сметки, јавен превоз - зависи од тоа колку ќе го користиш - може доста голем дел да ти отиде и на тоа. Сепак најмногу зависи од тоа дали сакаш да заштедиш пари и да ги донесеш тука, или да ги потрошиш таму на шетање. Ако сакаш да ги потрошиш на шетање, ќе ти отидат за секунда.

    Јас имам многу убаво искуство со Швајцарците како соработници, само немам искуство со ваков тип работа, па не знам какви се односите во земјоделието. Генерално, како народ ми се многу ок.
     
    На La.loca и xoxo5 им се допаѓа ова.
  5. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    959
    Зависи на кое место бараш, за во Сион мислам дека е 10 еврa на саат, ама не фаќај ме на збор :!: Поскапо е во Бирр, 14 евра на саат, таму работеше стрико ми :)
    Мене ме повикаа вчера на интервју, па здравје Боже на 6ти Октомври почнувам да работам во едно козметичко студио :) Плата 6.800 евра месечно, ќе работам на смена, по 7 часа :)
    Точно е тоа дека овде е поскапо од другите земји, треба да се платат сметки, стан + да купиш се што ти треба, и отиде поголемиот дел од парите.. Ама ако излегуваш секој ден, купуваш се што ќе ти се допадне под изговор дека е на попуст, трошиш по кафичи итн. е тогаш рачунај како воопшто да не си добила плата.
     
  6. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    22
    фала ви многу,,,не,шетање не иди во предвид...работата е да оди и да штеди колку што можи за да покрие дупки тука...и да не седи во стан луксузен туку соба,со цимери,,исто други работници отидени таму по работа...се надевам дека ќе успее....вака овде тешко....таму 1 месец тука 10 месеци работа...
     
  7. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    22
    со срека да ти е,за убаво парите да се трошат...а што работел во Бирр?...дали имаш контакт од некого таму?...дали е близу сион или не?фала за информациите
     
  8. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    959
    Режеше лозја, косеше трева и такви работи :) И да, имам во Бирр пријатели, а Сион е многу далеку од Бирр :)
     
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.246
    Колку што знам тие кои биле за берење плодови биле сместени на самото место, со платен престој (значи немале потреба од превоз) и имале бесплатно јадење (а, какво, колку и што, не знам).

    2-3 месеци можеби се напорни, ама вреди да се жртвуваш. Има време и за шетање, ама не како овде, секој ден кафе, иначе џабе си пошла.
     
  10. emilijamak

    emilijamak Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    206
    zdravo dali znaete kade bi mozela da se obratam za rabota vo ch, imate li nekoi luge ili firmi sto bi mozele da izlezat vo susred kako posrednici za rabota, stanuva zbor za soprugot, za pocetok bilokakva rabota doaga vo predvid, poseduvame bugarsko drzavjanstvo ve molam za info, blagodaram odnapred
     
    На 12masima му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.639
    Допаѓања:
    5.350
    здраво

    Сакам да ме упатите како,каде да најдам работа како бебисистерка или да чувам стари лица..или миење чинии или чистачка ....
     
    На La diabla му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.639
    Допаѓања:
    5.350

    е како се стигнува до таму..каде се пријавува кога..какви документи треба За било каква СЕЗОНСКА раб.?
     
    На CECA и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.013
    Допаѓања:
    5.541
    Преку агенција аплицираш? Која ако не
     
  14. AnA_1

    AnA_1 Нов член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    eve informacii od eden dobar decko italjanac posrednik: http://global-personal.ch/kontakt/zuerich/

    trazi Alessandro Barba
     
    На Ljrpa и CECA им се допаѓа ова.
  15. LadyInLove

    LadyInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    12
    Му пратив email на овој господин па се надевам дека ќе добијам одговор. Ви благодарам за информацијата што ја имате споделено.
     
  16. matilda258

    matilda258 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    здраво
    сакам да прашам има ли некој искуство од работа во Швајцарија и бил ли некој на работа за берење грозје, каде се аплицира и кои услови треба да се исполнат?:(
     
  17. LadyGaga-69

    LadyGaga-69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да знам како се аплицира за работа во Швајцарија ако знае некој нека каже
     
    На matilda258 и CECA им се допаѓа ова.
  18. matilda258

    matilda258 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.554
    Допаѓања:
    3.466
    Пол:
    Женски
    Eve jas znam edna stranica vo ch za rab,anibis.ch.Treba ubavo da znaete francuski ,oti e na toj jazik.imate oglasi tamu za rabota na crno,pa sekoj so srekata.ima mnogumina sto baraat i rab kako domasni pomosnicki,oti e skap zivotot tamu ,za hrana i stan.ako nekoj go interesira nesto poveke,slobodno neka mi pise lp
     
  20. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    9.810
    Пол:
    Женски
    За сезонска работа може и самите да барате работа од дома. Се прака Сиви преку мејл, во случај да ве контактира газдата ќе се договорите. Смештај, храна обезбедува газдата но ви одзема од плата.

    Во секој случај, за 3 месеци работа може да се заработи околу 3000-3500 еу. што воопшто не е за потценување. Иако си сезонец газдата ти дава Ф виза за 3 месеци, и за тие месеци исто плаќаш здраство. 350 еу е најниско.

    Иако ти дава една соба ти ја наплаќа околу 1000 франка (56.000 ден) и исто толку за храна. Секако, сето ова зависи и каков договор ќе падне со газдата, ама најчесто е толку. Храна за еден човек не кошта 1000 франака, ама секој гледа да профитира, од се, на секаков начин

    Сезонска работа најчесто се работи по 12 часа (со пауза од час, час и половина). Стална работа околу 9-10 часа со еден час пауза. Да се разбереме, секој газда бара работа во денешно време, нема лежи лебу да те јадам. 5 дена работиш, викенд одмараш и го посветуваш на семејството. Од една плата има да се покријат сите трошоци за семејството. Стан, телефони, сметки за струја, вода. (овие доаѓаат еднаш на 3 месеци) осигурување за кола, паркинг итд....

    Сега, доколку бараме стална работа, мора да имаме некој што ќе не подржи, познаник. Бидејќи ако не си пријавен на адреса неможеш да бараш виза. А стан е невозможно да земеш без виза, и тоа да имаш виза на 5 години. Во никој случај не го даваат станот ако имаш виза на 3 месеци или година.

    За работа исто така со новите измени неможеш да најдеш со БГ пасош. Автоматски мораш да имаш свој човек да те пријави во неговиот стан и да земеш туристичка виза. После со таа виза се бара работа и со договорот се оде повторно во Гемајде (општина) да се промене во работна.
    Тек тогаш има услови за да се аплицира за стан. За стан да се земе е многу тешко. За еден стан има апликации по 50-60 ... И тука игра улогата повторно ако имаш некој да ја потурне работата.

    Се на се, додека се среде целата документација, од една виза, па друга виза. Потоа, работа и стан бара истрајност, трпеливост.

    Кога ќе се добие стан, тек тогаш доаѓаат документите на другиот партнер. За женското е комплицирано за виза. Најчесто праќаат во Приштина. И целата процедура трае околу 5-6 месеци.

    Има многу документи, процедури додека се се среди.
    Во секој случај, најважно е да не се откажеме. Да бидеме спремни да одговориме на секој предизвик.
    Само упорните победуваат.
     
    На matilda258 му/ѝ се допаѓа ова.