Блазе си на тие луѓе што имаат познаници/фамилија и ги ,,влечат" во странство.... Јас иако имам премногу, никој не сака да ме ,,влече" во странство....
A како би те повлекле со македонски пасош? Сама треба да си најдеш работа, виза итн.. Они може само да ти помогнат во прво време кога ќе стигнеш.. Како они би ти средиле за виза на пример?
А ти си им кажала дека сакаш да се селиш? Што ти имаат речено? И како би си подготвила виза, многу ме интересира.. Освен за Германија, за другите земји во ЕУ многу тешко се добива виза.. А за Америка, Канада и Австралија да не правиме муабет.. Се чека со години..
Точно дека не е исто Швајцарија и Германија во однос на преселба и вработување но ако се сака се може. Ова го знам од прва рака. Кога имаш човек секаде се е полесно. Па така се поголемиот дел преселени. Едноставно знаат или работат фирми што се отворени за тоа и те "внесуваат". Сите што ги знам се отидени преку некој во Швајцарија. И нас ни е понудено од роднини и пријатели ама во скоро време не би се селеле таму, не одговара со мали деца живот таму. Тотално на разбирам членката. Има луѓе што сите ќе ги повлечат и ќе помогнат има луѓе што не сакаат.
Не сум јас тагната, ама моето искуство со преселени роднини е страшно. Односно и тие што се во Мкд не ти помагаат за ништо. Го моли Бога да ти стане полошо дури. Така да Македонче што ќе отиде, поголема е веројатноста да ти каже "седи таму, овде нема леб" а притоа он не се враќа. Отколку да помогне
Како би сакала да ти помогне роднина за преселување кога главното како работна виза, пример, би го немала? Јас би можела да помогнам за интеграција во општеството. Вадење лична карта, осигурување, избор на матичен доктор, општи услуги за да ти се олесни животот. Но, освен тоа, било кој човек не би знаела како би ти помогнал. Не е дека некој отишол, па со врски како во МК ќе те вработи и тебе. Како ја замислуваш помошта?
Нашите тука повише ќе ти одмогнат од колку што ќе ти помогнат. Сите живеат во завист и љубомора, никој не ти мисли добро поготово не нашиве. Од лично искуство, ама среќата никој неможе да ти ја земе. Само позитивно и без откажување мора да се почне од негде. Све ќе си дојде само не ви требаат никакви врски поготово не овде.
Не не за виза, многу добро знам што замислувам. Пример, имаш роднини што работат во болници каде што се бара кадар и од инат не сака да те препорача. А да, може да се оди со препорака, не со врски. Не сака да даде совет пример кои документи се потребни, а веќе го има изодено патот. Ако прашаш "дали ти требаше тој и тој документ, ќути.., ако прашаш да препорача преведувач - пак ќути. Ако прашаш "колку време чекаше за тоа и тоа - не кажува. Каде направи нотарска заверка. Ништо од ова нема да помогнат! Има вакви луѓе, не помошта само врски, ама добро
Има секакви луѓе, но мислам дека повеќето, меѓу кои и јас, мислат дека ако имаат роднини во странство, дека е многу лесно да се емигрира. И со препорака, не е тоа така лесно. Кај знаеш кој фактор е таа твоја роднина, па да препорачува. Маж ми е на добра функција и препорача пријател, па не дека го вработија. Што може повеќе да направи? Ние сами се си средивме. Има куп трчканици, особено ако си со МК пасош, сега и да ме прашаш, не се ни сеќавам што се вадевме. Не дека не би сакала да помогнам. Можам само она што ми останало во меморија да ти кажам. Јас би те советувала да си направиш профил на Linkedin и да додаваш регрутери за твојата професија. На тој начин и тие самите ќе ти посредат за документи и ќе ти се олесни патот. Не само регрутери, стави си нотификации за секоја нова работа во посакуваниот регион и аплицирај на секој оглас. Ќе те одбијат 50, еден ќе се погоди.
Фала секако за LinkedIn советот, да пополнам ЦВ ми е и тоа во план. Секало поентата ми беше дека и да знаат/можат нема да помогнат. Не за крупни работи, за најмали ситници како "кој е добар телефонски оператор". Затоа што луѓето не сакаат да гледаат некој како успева. И тоа е факт. Не станува збор за јас да лечам фрустрации на форум. Ова се случува и во Мкд, не е нешто само кај тие што си заминале.
Ние кога прашувавме по фејсбук групите како е во Швајцарија, коментарите беа , абе седите си во Германија , затоа ти го разбирам муабетот. Албанците се тата мата за такви работи, они си имаат фирми и одма даваат договор за работа за да може да добие виза албанецот кој дошол во Швајцарија, па после лесно е да менува работа. За да се снајдеш во странство МОРАШ да имаш некој. Реков јас, имаме ние фамилии во Швајцарија , во Базел, во Цирих и во Винтертур , после сериозен муабет и ко им појдовме на гости видовме како живеат и се направи муабет и ние да дојдеме. Значи луѓево се понудија да помогнат. Драга Селена, бидејќи ти ја разбирам тежината на зборовите, ако планираш да дојдеш Германија, еве ние крајот на Март се селиме, но станот не го одјавивме , ќе ти дадам клуч , дојди , седи, НЕ МОРАШ да ми плаќаш кирија, еве мала помош од мене со сместување, намерно не го одјавуваме станот, од следна година ќерка и на една роднина од Мк сака да дојде на студии во Германија, па и го чуваме станот оти е ТЕШКО да најдеш стан посебно во централна гратска зона, па сакаме да помогнеме на наши како што си помагаат албанците. Еве, пиши ми лична порака, ќе се договориме, ќе ти оставам клуч, средено ти е станот, земи си алишта само и дојди.
Сите тие патишта се врват сама, оти злобен народ сме. Многу поголема помош ќе добиеш од странци, буквално да прашаш некого што не го знаеш одма ќе ти даде совети и насоки.
Точно. Јас секогаш викам дека подобро е да прашам некој Ром за било шо, дали документи, дали стан, дали пари. Обавезно ќе ти кажат буквално се, од а до ш. Они ја знаат и на мишот дупката. Можеби нема да ти помогнат ама ќе ти кажат кои документи, од кај да извадиш, кај да носиш, како да кажеш, шо да кажеш. Од македонец тоа го немам добиено.