Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа во Швајцарија

Дискусија во 'Барање работа' започната од crnamacka01, 10 септември 2013.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.971
    Допаѓања:
    16.621
    Пол:
    Женски
    Да, да. Дури и некој без образование ќе те упати подобро неголи нашиве испозанесени. Затоа подобра е секогаш дружбата со странци отколку македонци.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.829
    Допаѓања:
    30.179
    Пол:
    Женски
    Ма какво образование.
    Не гледајте кој какво образование има, туку гледајте кој како се снашол. Има многу роми без образование шо многу подобро се снашле од нашиве со образование.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.169
    Еве на форумов ја имаме @dunika , жената ја знаеме само како форумски лик кој живее во Швајцарија.

    Дуниче, ај шкртни на темава дали имаш било какво инфо во врска со работа во болница у Швицарска, @Selena01 го почна муабетот , но за жал на фемина нема од таа бранша , плус нема форумџики кои се иселени таму, само ти си за сега.


    Лично јас немам никаква поврзаност со медицина, никогаш не ме интересирало, скроз друг сектор сум, затоа не можам да дадам инфо.
     
    На Ednostaven, Cutiepie1 и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.860
    Допаѓања:
    95.473
    Пол:
    Женски
    @Herrera самата работам во здравство:)
    Учев овде две год,моментално сум AGS(Assistentin Gesunheit und Soziales),по наше болничар.
    Јас влегов во ова без искуство,ми беше тежок но и предизвикувачки чекор и сум среќна,сега веќе 3 год сум баш уходана.
    Од август продолжувам со школо здравје Боже.

    Дипломите на медицински сестри со средно како и со диплома(струдии)од Мк се признаени,треба само нострификација,истата се прави преку Црвен Крст во Швајцарија,за комплексноста и времетраењето на процедурата не би можела да кажам,но можам да се информирам па да споделам.
    За лекари треба Ц1 јазик,за сестри Б2,сертифицирано со потврда секако.

    Ако некому требаат подетални и конкретни информации и насоки,слободно нека ме контактира по порака.

    Околу работата.Многу фактори се во прашање за тоа дали ке е човек задолен.Условите варираат од кантон до кантон,јас ке кажам за Цирих.
    Има многу различни институции каде би се работело,амбулати,клиники,центри за нега и рехабилитација(јас),домови за стари лица,резиденции за сениори,Spiteх(домашна нега) итн.
    Има различни модели на вработување,со договор за стално,проценти(10-100%) флексибилно и адаптирано за мајки,во болниците има и градинки(јасли) итн.
    Сменска работа е тоа е јасно,но тимовите се поделени на ноќни и денски,значи ако се одлучите за денска работа,не сте обврзани на ноќни смени,сосем различен договор е.
    Викенд и после 20:00 има додатоци,платите се солидни.
    Работата се знае,не е баш најлесна,имаат многу високи критериуми и квалитет,но условите се супер.

    По групи по ФБ македонски не пишувајте,одма има недолични и плитки коментари,ретко вистински одговор.
     
    Последна измена: 28 февруари 2025
    На Ednostaven, dromka, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.169
    @dunika , фала од срце за одвоеното време и информациите, баш коректно од твоја страна.

    Се надевам @Selena01 ќе си донесе одлука каде сака да се сели , Германија или Швајцарија.

    Битно да знае дека еве тука на фемина форум не сме злобни ние што жиееме во странство, оти ептен лошо звучи ко ќе слушаш муабети од наши од Македонија каде се жалат како тоа дијаспорците сме заминале па не сме сакале да помогнеме на оние кои останале во Македонија

    Не е така, не сме сите исти.
     
    На eliesaab, Victorian, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    6.100
    Пол:
    Женски
    Доцнам една година до одговорот, ама можеби ќе се најде на некој што сака да живее и работи во Швајцарија.

    Linkedin профил за професионалци е доста важен, јас мојата работа ја најдов преку Linkedin и тие ми беа гарант за добивање на работна виза.

    Најголем предизвик нам нимсе покажа наоѓањето на стан, бидејќи во тој момент само јас работев, а не и маж ми. Но имавме среќа една жена од милион агенции за недвижности, се погоди Македонка и буквално коментарот на жената беше “верувам дека и маж ти за кратко ќе најде работа” и ни го прати договорот за станот уште непреселени во Швајцарија (секако плативме квалитетен депозит од 3 месечни кирии за станот).
    Инаку ние доцна откривме, ама за земање стан под кирија, не секогаш мора да имаш илјадници франаци пари за депозит, другата опција е Swisscaution: Плаќаш годишно од 100 - 250 франаци ви зависност од квадратурата на станот и цената, наместо илјадници франаци кои барем за почеток доста би ти го олесниле животот во Швајцарија.

    Здравственото осигурување во Швајцарија ти е многу важно, имаш рок од три месеци од денот на влез во државата да избереш основно здравствено осигурување.
    Тоа е задолжително и цената на осигурувањето варира во зависност од кантонот, општината и висината на франшизата и основниот модел во главно можеш да го промениш секоја година.
    Доброто е што кај дел од осигурителните компании покрај стандардните јазици има и Англиски (Helsana,Swica,Sanitas…), па наш избор беше Helsana.

    Покрај основното имаш и дополнително здравствено осигурување кор не е задолжително.

    Што се однесува до административните работи, барем во Базел и Базел Ланд кантоните можеш да се разбереш на англиски и вработените се доста експедитивни.
    Продолжувањето на работната дозвола беше само со праќање на мојот договор на емаил и тие ми ја оратија новата работна дозвола по пошта.

    Што се однесува до телефонските опреатори, Swiss дефинитивно имаат најдобра мрежа, но ние отпочеток сме со Sunrise - комуникацијата со нив е исто на англиски.

    За банка, ние сме во UBS, комуникацијата исто ни е на англиски и најбрзо беше да се отвори сметка, a twint ќе ти стане најдобар пријател овде.

    За барање на станови homegate.ch / Flatfox.ch/ comparis.ch (компарис е добар за споредба за се)

    За купување на мебел со најпристапни цени: IKEA, CONFORAMA и FB Marketplace

    Што се однесува до данокот на доход, за лица со L или В работна Виза данокот се одзема директно од платата. Истиот е прогресивен и варира од кантоните и местото на живеење. За лица со работна виза C или швајцарски државјани, данокот се плаќа еднаш годишно (до крај на Март) потребно е за тоа да имаш сметководител

    Што се однесува до јазикот, јас учам Германски бидејќи сакав да го научам јазикот барем за официјална комуникација. Сепак Германскиот од книгите и германскиот во Швајцарија се два различни светови.

    Макар да од мое досегашно искуство, во 80% од случаевите секогаш може да се разбереш на Англиски и/или Српски, ако тоа не е случај A2 гррмански и ChatGPT помагаат доста.

    Друго што морам да додадам, не е се така лошо моето искуство со македонците па и швајцарците е доста позитивно, барем во околината во која што сум јас.

    Јас имав многу среќа бидејќи сестра ми беше тука пред мене (нецели 2 месеци :D), но сепак ми помогна доста со кое прво треба да се направи.

    Најтешкиот дел вообичаено е да се излезе од маѓепсаниот круг:
    -> за да имаш работа ти треба виза -> за да за да добиеш виза ти треба стан и работа -> за стан ти треба работа.

    Штом го добиеш едното, најчесто работа, другите лесно ќе се најдат.

    Знам дека темава е за наоѓање на работа, но се надевам дека оваа информација ќе се најде на некој што има работа и треба да се снаоѓа во Швајцарија.


    linkedin, jobs.ch, jobsbasel.ch, hayes.ch и агенции за привремени вработувања.
     
    На Isabel, CareTee, dromka и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Attenzione

    Attenzione Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2023
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Директно со наш мк пасош отиде таму ?
     
  8. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    6.100
    Пол:
    Женски
    Да 8-|
     
    На Attenzione му/ѝ се допаѓа ова.
  9. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    492
    Пол:
    Женски
    Не најдов друга тема за да пишам, па морав тука. Ме интересира дали е океј Басел за шетање на 2-3 дена и дали повратна за Интерлакен е 50евра отприлика од Басел или тие се цени за еден правец?
     
    На Zorica sl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    12.009
    Допаѓања:
    174.627
    Пол:
    Женски
    Имаш на интернет карти и да ги видиш термините и да си резервираш...
    Цената е од кај 47 евра до 70+ во еден правец

    Базел мене ми е баш убав, нема да згрешиш ако го посетиш
     
    На dromka и idktbh им се допаѓа ова.
  11. Attenzione

    Attenzione Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2023
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Уште едно нешто ме интересира, дали си приморана одреден период исклучиво да работиш за фирмата која ти гарантирала за виза ? Дали може во меѓувреме без проблем да смениш работа ?
     
  12. slatka39

    slatka39 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    1.744
    Пол:
    Женски
    Здраво, не најдов друга тема па морав да се обратам овде. Дали знаете некој од шофериве кој што вози Швајцарија (конкретно Берн) до Скопје за праќање на лични работи, за оваа недела мие потребно?
     
    На diskreten32 му/ѝ се допаѓа ова.