Здраво феминки ! Би сакала да ве замолам, доколку имате некакви информации за вработување во Шведска, преку агенција за вработување или било каква друга установа, да ме известите. Сеедно е дали се работи за краткорочна или долгорочна работа ( и неколку месеци би било океј) Доколку имате некои искуства или информации за истото, споделете ги ве молам Однапред благодарна на сите !
Тоа е една од државите во која важат и се почитуваат Законите. Имаш 2 солуции да отидеш таму, 1 - да се мажиш за швеѓанец и со тоа добиваш привремена виза за престој во Шведска а после 5 год. (и поред тоа што си мажена) добиваш онаа регуларна. Кога сме веќе кај мажењето има 2 типа на брака, првиот е оној нормален како што е кај нас а вториот е во стил нешто како договор (незнам како да бо објаснам, као потпишуваш договор на секои 5 год, го продолжуваш така нешто, бар јас како што разбрав). И втор случај е да запишеш некоја школа таму, со тоа што ќе депонираш некоја пара во нивна банка и ќе најдеш работа. Ако поминеш низ нивната служба, твојата гаранција е задоволителна е тогаш ќе можеш да останеш. Како студент кој работи таму немаш многу избор за раб. на пр. разнесуваат весници, пици, миеш садови во некој ресторан, кафуле, хигиеничар во хотел, мотел... такви ми ти ствари. Добра ствар е што даваат стипендии нивните школи на недржавјаните па и таа пара ќе ти заврши некоја работа. Имаат тие некои чудни закони во споредба со нас. Имаат најјака социјална помош мислам во цела Европа. Швеѓанец и да не работи од Биро зема добра пара и скромно може да истрае цел месец. Факт е дека добро се платени професиите таму ама факт е дека и тешко се влегува таму али цени школа. Интересно ми е што имаат најстрог Закон околу алкохолот. Во 1900 год просек им бил 3л алкохол по жител, зачудувачки нели. Таму нема алкохол и неможеш да купиш. Обично одат во соседна држава каде што купуваат или пак на нивна територија има 5-6 овластени продавници каде што во некои денови и под сат можеш да купиш. Има ретко тук и тамо овластени барови кои држат алкохол. Можеш да испиеш само 1 нискокалорично пиво и толку, ако отидеш и на второ оставаш клучеви од авто во Барот и утре одиш по кола. Како случаен поминувач полицаецот има право да ти направи тест за алкохол, дозволено ниво 0,01 промил ако си над таа граница одиш дирекно на суд. Казните се строги, каде што покрај парична казна добиваш и обавезно и работа за општество - собираш лисја по паркови, метеш улици и сл. Висок стандард да, убав живот да, скап живот да... Агенции не нудат работа за Шведска, треба сама да се снајдеш. Треба да научиш шведски јазик обавезно, ретко кој зборува англиски, горди се тие на својата историја. Ти како девојче да видиш по нет нешто како бебиситер која е добро платена и за смештај да не мислиш, би ти одговарало, ама јазикот треба да ти е на прво место (да го научиш).
Е тука ќе те поправам за некои работи. Англиски зборуваат сите. Можеби не најтечно, но дури и бабите и дедовците над 60години те разбираат и знаат да ти кажат што ти треба. Лично се уверив во ова. Едно бабче, комшија, зема да ми објаснува дека таа зима, наврнало најмногу снег во историјата на што ти знам колку години. А бабава имаше 64 години. Алкохол купуваат, но не е дека не може да се најде. Има специјални продавници со лиценци за алкохол, како супермаркет но само за алкохол. И има внатре вина и пијалоци од цел свет. Заборавив да кажам дека таму каде што бев јас, влегов во две такви различни продавници. Ама не дека ти е многу битен алкохолов. Друга работа е што е ненормално скап, заедно со цигарите. Една кутија цигари 20 евра - изволте пуши ако ти се пуши. Во врска со социјалната помош, додека не најдеш работа, државата ќе ти плаќа стан, трошоци, па дури и ќе имаш џепарац. Ако имаш деца, државата ти плаќа и за нив. Ако одат на школо, добиваат некоја круна ако се редовни. Да да. Ги плаќаат да одат на школо. Многу семејства таму, претежно Арапи, Турци, Иранци и слично, преживуваат благодарение на децата - имаат 15-6, земаат социјална помош и ништо не работат. Швеѓаните се прилично иритирани од таквите безработници, посебно затоа што плаќаат данок од 49%. Најчесто, луѓето живеат така првите 3-4 години, после веќе им се здосадува и земаат и сами да работат - зборувам за тие легачите со 15 деца. Пола плата оди кај државата, ама имаш здравство бесплатно, школување бесплатно и еден куп бенефиции. Опасност од тоа да останеш на улица - нема. Државата те сака и ти ја сакаш државата. Како студент, имаат специјални парт тајм џобс, некаде 4-5 часа, со кои можеш и да работиш и да учиш. Затоа што таму, не плаќаат мама и тате. Да, студирањето е бесплатно, ама тие сами си плаќаат стан, храна и сл. Да не се секираш, што и да работиш, трудот ќе ти се исплати. Студирањето МИСЛАМ дека е бесплатно и за странски државјани, само мораш да знаеш шведски и да си ги платиш трошоците за тебе. Стандардот им е неверојатно висок, луѓето се едноставно - среќни. Ќе видиш и самата ако отидеш. Животна желба ми е таму да се вратам. А и не е толку тешко околу добивањето на државјанство, треба да живееш таму одредено време и да го учиш јазикот. Држава части, нормално, првите години, за ти да се посветиш само на шведскиот јазик. Гуд лак, енд кен ај кам ? п.с. Јазикот воопшто не е тежок. Граматиката е една од наједноставните што ги имам сретнато, тежок е изговорот. Од едноставно зјапање во телевизор со превод на шведски, јас почнав да ги разбирам по еден месец. Така да, јаг кан пратар свенска, а литл.
На една моја другарка родителите и живеат и работат веќе 5 години во Шведска и сум слушала од неа дека таму сите зборуваат Англиски. Нејзините на работа зборувале Англиски и не се ни труделе да научат Шведски, затоа што сите Швеѓани па дури и постарите знаеле англиски. Така да, мислам дека јазикот не е проблем ако знаеш течно да зборуваш англиски. Инаку, за работа во Шведска има преку нашиве агенции за бејбиситерки. Еве линк http://kontext.com.mk/?meni=1&podmeni=1 ... 8&jazik=mk
Да не има некој што аплицирал за стипендија во Шведска ? Јас аплицирав, па здравје во средина на Март ќе има резултати Леле ептен сакам да отидам ! (аплицирав и за во Данска, но многу се надевам дека ќе добијам за во Шведска)
Може ли да ни казешкадеи како се аплицира за стипендија во Шведска Сигурно има многу услови кои треба да бидат исполнети.
Ова е страницата кај што може да видите на која програма да аплицирате (http://studyinsweden.se/) Све е убаво објаснето и единствено важно е да имате добро познавање на англискиот јазик и да имате положено ТОЕФЛ. Аба е страницата за стипендиите за студентите од западен балкан (http://studyinsweden.se/scholarship/swe ... n-balkans/). Инакѕ ако ви треба инфо за во другите земји за стипендии може да побарате на http://www.mastersportal.eu/ или ако барате работа посебно научна работа http://ec.europa.eu/euraxess/index.cfm/jobs/index.
Штознам за ова околу јазикот,јас па кога ќе му зборнев на англиски мислам дека пресреќни беа. Буквално сите го знаат англискиот,дури и уличните чистачи го знаат перфектно.
здраво Сакам да ме упатите како,каде да најдам работа како бебисистерка или да чувам стари лица..или миење чинии или чистачка ....само да е странство
Заинтересирана сум и за студирање и за работење. Ако некоја од вас сака другарче нека ми пише ЛП ќе аплицираме. Некако сама не ми се тргнува .
Ги има на претходната страна линковите за студирање, еве ги: Ова е страницата кај што може да видите на која програма да аплицирате (http://studyinsweden.se/) Све е убаво објаснето и единствено важно е да имате добро познавање на англискиот јазик и да имате положено ТОЕФЛ. Аба е страницата за стипендиите за студентите од западен балкан (http://studyinsweden.se/scholarship/swe ... n-balkans/). Од она што го знам и читав, а и видов до сега е дека тешко даваат виза за студирање ако немате дебела сметка за да докажете како ќе се издржувате, или пак да докажете дека некаде ќе работите и ќе имате одредена сума на месечни примања и со тоа ќе можете да се издржувате. Некои студии се бесплатни и за странци, некои студии се плаќаат дури и за Швеѓаните.....зависи на кој универзитет и кои студии. Убаво разгледајте, за стипендија верувам дека нема да биде тешко, потешко е за работа да се најде, а со тоа и за визата за престој. Ако успеете да обезбедите работен однос, веднаш ги имате сите скоро сите можни поволности во државата. Животот е многу поедноставен и помирен, се' функционира малтене беспрекорно......Само мора да бидете спремни на доста поинакви временски услови, времетраење на ден/ноќ, нешто сосема поразлично од она на што сме навикнати
Многу сакам да продолжам со студиите тука. Веќе почнувам да си ги разгледувам опциите и можностите и многу сакам да успеам. Ако некој веќе некој студира таму, зашто гледам има некои што аплицирале и слично, ве молам споделете искуство
Ме интересира колкави се шансите да се најде работа во Шведска доколку просекот од факултет не ми е 10,00 (во конкретниов случај е негде околу 7, па не сум баш идеален кандидат за стипендија), меѓутоа имам 3 годишно работно искуство во 3 различни фирми, од кои едната е престижна компанија (во која се уште работам меѓутоа од за мене оправдани причини сакам да ја напуштам)?