Здраво, Дали некој е запознат дали во Шведска може да се работи со Мк пасош? Доколку некој знае како би можела да добијам повеќе информации околу иселувањето во Шведска? Би била ептен благодарна!
Може ако им требаш како кадар па да ти извадат работна дозвола со која ке имаш престој додека работиш за таа фирма
Здраво, за жал не добив одговор. Но од тоа што барав по нет, ако најдеш работодавец да те вработи, ќе ти дадат дозвола за престој и работа. Е сега, уште не знам како да најдам работодавец во Шведска Поздрав, се надевам за тебе ќе биде полесно барањето на работа
Незнам дали има ваква тема? Ако има во канта? Скоро 4 години на YouTube следам семејство од Шведска. Многу ми се допаѓа нивниот начин на живот. Мајка, татко и две синчиња. Јас по природа не сум завидлива личност, но кога ќе ги погледнам нивните видеа, ми застанува кнедла во грлото. Ми се чини дека овде животот ми поминува без врска. Со ВСС сум, но работам во сендвичара. Катастрофа. Синчето скоро 2 години и 8 месеци. Однеси градинка, земи од градинка. Со сопругот сме различни смени поради синко. Понекогаш ми помага мама и сестра ми. Едноставно не ми се допаѓа животот кој го живеам и мислам дека може подобро. Ајде, ако има некој искуство со Шведска или живее таму, ако сака да пише како да се дојде во Шведска, кој начин е да се вработиме, стан или куќа. Благодарам однапред.
Здраво дечки Дали некој има искуство со Lide Krstic на Facebook околу работа во Шведска? Бара по 70€ од човек за виза