Барав ваква тема, но не најдов. Дали некој има вакво искуство? Дали знаете некои агенции што нудат работа во Шпанија? Се распрашував во Зип травел и Коузон, но тие не нудат работа во Шпанија. Доколу имате вакви искуства повелете споделете
Шпанија е во голема криза, Шпанците бараат работа на други места, не верувам дека странец би нашол работа, макар и хонорарна. Невработеноста им е 23%, што за нив е премногу (остај не нас, ние имаме поголема невработеност, ама ние и така сме на дното). Повеќе од 5 милиони луѓе се без работа. И таму има протести заради кризата, ама не знаеме толку за нив, повеќе слушаме за Грција. Така што, за работа во Шпанија
Се согласувам потполно со Lioness! Зборував со Шпанци и истото ми го кажаа, така што ќе чекаме подобри времиња за печалба во Шпанија
И јас разбрав дека немало многу печалба во Шпанија.Инаку без двоумење би отишла.Па ако дојдат некои подобри времиња во блиска иднина и се поправи состојбата таму,би отишла зошто да не.И така јазикот го знам а и отсекогаш ми било желба да ја посетам Шпанија.
^ Имаше една феминка која во Барселона студира економски науки и таа бараше тука некој мкд кој е таму, арно ама не ми текнува како се вика. Пребарај по темите за кариера и образование и наука ќе и најдеш мислења ама мислам дека таа веќе не е активна на форумот. ...што ти кажав, ништо не ти кажав
Јас имам потекло од Шпанија (мајчин јазик ми е шпански (втор) од таткото ми таткото, значи дедо ми е од Шпанија), имам таму братудечи и во март пак ќе одам кај нив на гости. Зборев со братучетка ми и таа рече дека се во толкава криза што шпанците одвај чекаат да избегаат, а камоли да нудат работа!
Ме интересира дали некој има работено во Ибица? Досега немам слушнато дека некоја агенција посредува за Ибица меѓутоа имам читано дека многу одат да работат таму, па ако некој/а бил/а или е, нека го сподели неговото/нејзиното искуство, како дошол/ла до таа работа.
Јас знам девојка што беше лани во Магалуф ама со бугарски пасош.. Ми нудеа и мене ама грчкиот пасош не ми беше ни на почеток со постапката.. Само што платите и не им се многу јаки, повеќе е ако најдеш работа во добар ноќен клуб па на бакшиш да се извлечеш.. И ретко кој обезбедува сместување, знам девојкава сама плаќаше и не баш евтино.. Платите се помали од Малта (освен во случајот погоре) Со МК пасош не знам некој да отишол.. Работата на нет ја најде, 21 век.. Само ..биди спремна за работа во малку разголени услови.. Убави девојки се на цена, за бакшиш..
a vo malta mislite dobri plati se zemaat.....i tamu ne e veke sjajno filipincite mama ebavaat rabotat i za 3 evra od saat..no ne mi e muabetot za ovde sepak moze da se otide vo ibica so mk pasos...
Па со оглед на тоа по обичните кафичи ретко 1000е надминувале со се типс а плаќале по некои си 400 за сместување, не останува многу.. За храна за шетање и толку.. Има голема невработеност кај нив, дури и локалците се нафаќаат на секаква работа. А казните за на црно се тука.. и за тоа ретко се нафаќаат.. Треба NIE бројче да извадат..
Реално економската состојба на Шпанија со оглед на тоа што е една од повлијателните држави во западна Европа, и не е баш на најсјајно ниво. Опаднат им е стандардот и платите се лоши за живот во поголемите градови, барем така ми кажуваа луѓе кои живеат во престолнината. Внатрешноста е друга приказна, ама па ретко кој сака да работи и живее во помалите градчиња. Ако бркате посигурна и поплатена работа, тогаш обавезно со ЕУ пасош пошто со нашиов нема многу пари да направите. Е сега за привремена сезонска работа која е повеќе за шетање и запознавање на нивната култура, има многу интересни опции. Ете ја спомнавте Ибица како една од поинтересните дестинации, но секако и поскапите пошто животот таму не е баш најевтин. Мајорка е исто интересна опција, како и целото крајбрежје на Каталонија, Барселона, Валенсија... Јас размислувам и планирам летово да поминам некој месец таму. Кој е заинтересиран да се придружи нека се јави.