Работа во агенција за недвижности

Дискусија во 'На работното место' започната од butterfly.fly, 30 јануари 2012.

  1. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    Ме интересираат вашите позитивни или негативни критики во врска со работата во агенција за недвижности..Ако сте работеле/работите ќе ви бидам благодарна ако споделите збор-два :) тенк ју!
     
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    4.144
    Јас порано агенцијата за недвижности си ја замислував како канцеларија со голем бел ѕид на кој што има 200-300 закачалки на кои висат клучеви од станови и куќи, а на масата компјутер и телефон каде се закажуваат термини за разгледување со заинтересираните купувачи и изнајмувачи. :D
    Но суровата реалност е поинаква, ти си таа што ќе им се јавува читај: досаѓа, на луѓето по телефон кои не ни имаат појма дека нивниот стан огласен во рубриката „издавам-продавам шупа„ го пикирала и агенцијата и сега се распрашува за повеќе детали: има ли парно, лифт, интернет, кога е изградена зградата, дали има еркондишн, шанк и тн. за потоа тие информации им ги нуди на оние кои дале оглас во рубриката барам стан или палата, ако е могуче испод 50ЕУР месечно. Само по себе тоа и не е така лошо, го забрзуваш процесот на комуникација помеѓу интересентите а за успешно завршената работа земаш одреден процент. Најчесто за изнајмени станови процентот(кој што е помал, 20-30-50 евра), зависно од газдите, се добива веднаш а за продадените додека не се заврши целата бирократија во катастар, општина и тн. Но не ретко се случува да луѓето имаат предрасуди, не сакаат да работат со агенции, или најпрвин сакаат потоа настојуваат да разменат мобилни со клиентите а агентите да ги фрлат на страна, а тоа значи дека ќе нема процент, џабе се шетало, преговарало и договарало. И тука почнува отворање на простор за мали и големи лаги.

    Иако се вика тоа агенција за недвижности, и те како се бара да сте подвижни, значи обавезно возачка дозвола, основно познавање компјутери и англиски барем. Многу глупа работа инаку, но има и такви кои уживаат во истата, па кој сака нека си ја проба среќата.