1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа во аптека - искуства

Дискусија во 'На работното место' започната од smiley16, 19 јуни 2013.

  1. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    да се разбереме, плата од 10 000 во аптека нема. најмала плата техничари(со средно) зимаат 14 000 илјади и тоа почетнички. фармацевти зимаат од 18 000 почетник до 24 25 000 со искуство , кажувам средна вредност +/- . Работно време имаат полошо од маркети, посебно зегин , срамота е . Имам во фамилија фармацевт и знам. Во секој случај е лошо, потценето, и неплатено! ама немаме ние закон, немаме држава , зегин дава пари таму кај што треба па може да ги измачува вработените колку сака!
     
    На Doryana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...неинформираноста и погрешното толкување на нештата во денешно време е застапено во секоја сфера , сите учиме секој ден ... но многу лошо е кога не знаеме дали е точно тоа што го учиме или знаеме...и со право :( кога нема кој да објасни или ај да кажам каде да се обратиме ...ете конкретно за овој проблем околу фармацевтските техничари како што гледам се влече уште од 2013 година овде без соодветен одговор ....

    ... ајде вака , ќе почнам постапно па доколку има прашања или коментари дополнително ќе објаснам... Приватизација на примарното здравство ( примарно се мисли болниот каде оди од почеток при појава на болест значи општи лекар, стоматолог , педијатар и аптека ) се случи во 2005 година , до тогаш сите си беа под државна капа , но како што е во светот мораме и ние во тој чекор да ги приватизираме тие сегменти во здравството....оние кои останале во државни простории ( лекари , стоматолози , фармацевти ) тие се наречени концесионери затоа што ги користат државните згради , внатрешниот инвентар , но дејноста си е приватна тие имаат само предност пред другите приватници што плаќаат паушал струја , вода и помала кирија за просторот ....

    ... во периодот на приватизација на примарното здравство сите лекари , стоматолози ,педијатри гинеколози /диспанзер станаа ,,матични,, односно здрваствена услуга даваат на одреден број пацинети , само фармацевтите во приватните аптеки останаа нематични ? ...зашто? ...затоа што државата имаше разбирање од револтот на тогашните аптеки дека нема доволно дипломирани фармацевти во тој момент за да покријат и втора смена и да биде матична аптека која ќе ја води специјалист по фармацевтска пракса, затоа до денес ...општ лекар/стоматолог нивните ординации ако работаат во две смени треба да вработат уште еден свој колега лекар /стоматолог , како и аптеката да работа втора смена требаше уште еден фармацевт и сето тоа се одложи до одреден период додека не се намножат дипломираните фармацевти...

    ..пред да продолжам во континуитет од горе наведеното сакам да објаснам накратко што значи државен испит за здрвствените работници и со средно и со високо образование каде спаѓаат и фармацевтските техничари заедно со медицинските сестри , акушерки, рентген технолози , физиотерапевти итн...
    ... сите здравствени профили доколку се вработени во склоп на некоја јавна институција било да се со средно или високо образование не им треба државен испит односно лекар ако работа во склоп на некоја фармацевтска куќа како комерцијален преставник или стоматолог вработен како презентер на некоја фармацевтска фабрика или фармацевт кој работа како професор во едукативен образовен систем не им треба да полагаат државен испит ... истото се однесува и за соодветните профили со средно образование фармацевтски техничари , медицински сестри, физиотерапевти , лаборанти...итн

    ... но доколку здравствените работници сакаат да засноваат САМОСТОЈНА јавна здравствена дејност , според законските нормативи треба да полагаат државен испит , тоа важи за здравствени работници со високо образование - лекари , стоматолози , фармацевти при што по положениот државен испит добиваат правен документ ,, лиценца,, за самостојна јавна здравствена дејност , при што ако неправилно работаат спротивно од законите односно направат тежок прекршок или кривично дело - ќе им се одземе лиценцата за работа ! ... пред да полагаат државен испит предходно овие високо образовни кадри треба да идаат на стажирање/ приправничка пракса на четири места во временски период од 1,5 или 2 месеци односно вкупно 6 месеци , конкретно за дипломираниот фармацевти мора да помине праксата во аптека од затворен тип - Болничка аптека , аптека од отворен тип - Аптека со галенска лабораторија , и пракса околу фармакоинформатика и клиничка фармација како фармацевтски можни идни специјализации ... исто и лекари , стоматолози ... истото важи и за други профили од други бранши со високо образование , на пример архитект да работа во склоп на некоја градежна фирма или правник во склоп на некоја јавна установа не му требаат да полагаат државен испит и да има лиценца , но ако истите сакаат САМОСТОЈНО да основаат дејност мораат да имаат државен испит со добивање на лиценца архитектот може да си отвори на пример свое проектанско биро или правникот своја адвокатура ...итн

    ... здравствените работници со високо обраование ( лекари , стоматолози , фармацевти ) можат да работаат самостојно со добивање на лиценца ( приватна дејност со отварање на лекарски ординации , стоматолошки ординации и аптеки , педијатри и гинеколози основање само на примарни ординации-диспанзери) , со нив ќе работаат и здравствените работници со средно образование , па затоа и тие на ист начин мораат да поминат приправнички стаж и да полагаат државен испит при што добиваат уверение односно сертификат за положен државен испит и можност да се работи јавно уз здравствениот работник со високо образование од ист профил... здравствен работник со средно образование не може да заснова самостојна здравствена дејност ( медицинска сестра -ординација , забен техничар- стоматолошка ординација , фармацевтски техничар - аптека или акушерка - гинеколошки диспанзер ) , но може да заснова друга општа дејност пример фармацевтски техничар може да си ,,отвори,, кафич или продавница со своето средно образование,но не како стручно -аптека, па макар бил спремен и знаел повеќе од сите фармацевти ...како што и медицинска сестра знае да препишува рецепти и става инекции , мери притисок итн ама не може да заснова самостојно здравствена ординација , значи мора да се има завршено соодветно високо образование :whew:

    ... значи здравствените работници со средно образование ( медицинска сестра , акушерка , физиотерапевт, ртг технолог , лаборант , забен техничар и фармацевт ) доколку работаат заедно со соодветниот профил со високо образование мораат да имаат уверение за положен државен испит кој се состои од приправничко стажирање/пракса од 6 месеци и тоа на три места по 2 месеца каде истиот среднист може да работа , конкретно ќе кажам за фармацевтски техничар ( според темата во форумов) , треба да стажираат 2 месеца во :
    1. Аптека од отворен тип ( тоа е аптека која има директен контакт/здравствена услуга кон пациентот што во денешно време е приватна аптека која има склучено договор со Фондот и ги менаџира неговите лекови на позитивна листа)
    2. Аптека од затворен тип ( тоа е аптека која е во индиректен контакт/услуга кон пациенти преку главна сестра на соодветно одделение во болница)
    3. Трансфузологија ( тоа ќе го објаснам пошироко понатака) :!:

    ... и со право револт околу неинформираност!!??!!
    -прашувам зошто си стажирал на трансфузиологија кога си фарацевтски техничар ?? ,, -Појма немам ! ,, добивам најчест одговор.
    ...тука ќе се надоврзам со погорните објаснувања кога напишав како во 2005 год со приватизација во примарното здравство со формирање на матични лекари ,стоматолози требаше и матични аптеки ...
    ...со одредување на прва смена фармацевт , втора смена фармацевт во аптека , фармацевтскиот техничар ја губи својата улога во фармацевтскиот тим во засновање на здравствена установа/ дејност- Аптека како што е сега сеуште во моментот да се заснова аптека мора и фармацевтски техничар, така кога тоа ќе профункционира највероватно 2017 год , ретко некој фармацевт ќе сака дополнително да плаќа работно искуство на фармацевтски техничар ако веќе не е обавезително да биде во аптекарскиот тим ...
    ... но државата не го остава тоа туку така и со ( мислам само воведувајќи само еден стручен предмет -биохемија ) поновите генерации мислам од 2006 год навака во звањето на својата професија фармацевтски техничар се додава ,,лаборант,, и сега гласи фармацевтски лаборантски техничар што со еден збор значи дека добива можност за ново работно место - Лабораторија !
    ...ете затоа се стажира 2 месеца на трансфузологија каде има лабораторија и фармацевтскиот техничар односно фармацевтски лаборантски техничар треба да се запознае со тоа работно место .
    ... мене ми е многу ми е жал што скоро сите генерации што завршиле уназад едно 10 год средно фармацевтско училиште не си ја прочитале својата професија - фармацевтски лаборантски техничар и појма немаат дека можат да засноваат работен однос во било која лабораторија :^) ...
    ...следи понатака објаснување ;)
     
    Последна измена од модератор: 8 април 2017
    На lavica82 и Alianna им се допаѓа ова.
  3. pharmacy

    pharmacy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски


    Многу погрешно баш како што кажаа погоре зимаат и по 10000 11000 ти кажувам за сигурно ни малку не е платено работам во аптека и знам
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Сите средни училишта со доделување на сведителство и полагање на матура се завршува било која активност во нив значи не се полага државен испит таму затоа што нема никаква допирна точка со целта на државниот испит со средно школо . Со завршување на средно образование ученикот односно матурантот добива сведителство со сите оценки што преставува доказ за завршено средно образование , а Диплома не е таа класична диплома која се добива со високо образование каде таму студентите се дипломирани студенти , овде ДИПЛОМА е за положен завршен испит - матура , но не диплома за завршено образование, не велите дипломирав во средно фармацевтско, туку сум матурант во средно фармацевтско!. Вашата професија е запишана во дипломата на завршниот испит на матура и пишува сега по ново фармацевтски лабораториски техничар .
    Е сега , во сите градови каде имаме средно медицинско училиште со средно фармацевтски отсек , физиотерапевт, лаборант итн... има и формирана комисија за полагање на државен испит за среден здравствен профил за сите што ги спомнав посебни комисии за полагање на државен испит од страна на министерство за здравство, значи комисија за полагање на државен испит има во Скопје, Тетово , Штип , Велес итн. Прашувате каде ?во кој град ? секој кандидант може да полага државен испит каде сака без разлика од кој град е т.е. ако фармацевтски техничар од Скопје сака да полага во Тетово или Велес тоа е негов сопствен избор Прашувате каде да се обратите ? : па нормално ако прочитавте погорното објаснување дека мора да се проследи шест месечен приправнички стаж на три места каде би можеле да работите и тоа под контрола на државта значи полагањето се врши во Јавните установи Општа болница или Клиничка болница во соодветните градови, Сите профили на завршени средно образование здравствени работници своите информации за пријава на државниот испит ќе ги добијат во Управа (архива) на тие болници, но во интерес на ваше информирање за полесно , ќе следи тука понатамошно објаснување ... :whew:

    ... значи за полагање на државен испит на сите здравствени работници со средно образование за да се добие Уверение или Сертификат за положен државен испит за медицински сестри , физиотерапевти , лаборанти , рентген технолог, фармацевтски лабораториски техничари за да истите работат покрај самостојните соодветни со високо образование мед.сестра уз лекар , физиотерапевт уз физијатар , фармацевтски лаб.техничар уз фармацевт треба :
    1.) Писмена пријава за државниот испит која се пополнува во архивата на соодветната болница во градот каде се полага по избор на кандидатот по обавување на приправничкиот стаж во таа болница ( кандидат од Струга ако сака може да полага во Штип по поминување на приправничкиот стаж во болницата во Штип...итн )
    2.) Заверка ( фотокопја ) на Дипломата за положена матура на соодветно стручно средно образование на нотар ( не постара од 6 месеци )
    3.) Стажанска книшка ( се купува во книжарница околу 100 ден ) со пополнување на текст , печат и потпис на трите места каде кандидатот стажирал ( приправнички стаж на здравствен работник )
    4.) Уплата на 6 000 ден во банка + 50 ден како таксена марка уплатница во банка според трансакционата сметка што ќе ја дадат во архива во соодветната болница
    Испитот се состои од два дела :
    Прв дел : Соодветни стручни прашања поврзани со стажирањето и знаењето здобиено во соодветното стручно училиште , дали кандидатот знае да ги примени своите знаења добиени теоретски во пракса обавена на три места за шест месеци , испитувач соодветен стручен професор со високо образование .
    Втор дел : Приправнички дел , каде кандидатот мора да ги знае основните работи од делот на законот за работни односи , законот за здравствена заштита , Уставот на Мкд , испитувач правник во соодветната болница.
    Полагањето најчесто се одржува во последните денови од месецот , после 14 часот со предходно телефонско известување за денот и часот од правна служба на болницата на секој кандидат поединечно.
    После полагањето , се заверува Уверението архивски и за ден два се добива Уверението за положен државен испит , доколку кандидатот незадоволнително одговара на испитот ќе биде вратен повторно за полагање .
    ....
    Да напоменам дека профилот на стоматолошки техничар државниот испит на ист начин го полагаат , само со таа разлика што го полага на друго место не во болница ( нема стоматолози во општа болница сите се со приватна дејност ) туку во Здравствен Дом каде има стоматолози ( во јавно здравство за прегледи/ превенција на детска популација ) чиј испитувач се тие стоматолози !
     
    Последна измена од модератор: 8 април 2017
    На Alianna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Chrisantema

    Chrisantema Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Незнам дали прашањево е за тука ама јас сепак да си прашам :) Дали личност која дипломирала на висока медицинска школа како медицинско лабораториски аналитичар може да работи во аптека или да отвори своја аптека?
     
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.510
    Допаѓања:
    144.227
    Аналитичар не може во аптека.
    А да отвори секој може, само дипломиран фармацевт мораш да вработиш да ја води аптеката.
     
    На Doryana и Chrisantema им се допаѓа ова.
  7. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... во 2006 година, кога настана приватизација на примарно здравство ( матични општи лекари, матични педијатри, матични стоматолози, приватни (се уште нематични) аптеки - Медицинските Центри во сите градови се поделиле на два дела на Општа болница ( која остана под централно управување) и здравствен Дом ( кој остана под локално управување на самиот град каде бил лоциран Медицинскиот Центар)... во Медицинските Центри менаџирањето околу лековите ги вршеше Болничките аптеки чиј персонал се состоел од стручни кадри на фармацевти и фармацевтски лабораториски техничар, но кога се поделија на Општа болница и Здравствен дом Болничката аптека се деградира во пониска форма ,, Депо на Лекови,, што значи дека можат да работат и други здравствени работници освен стручните здравствени работници од областа на фармацијата кои се затекнале при поделбата само со цел да нема нови вработување доколку при поделбата нема доволен фармацевтски стручен кадар или фармацевтски лаб.техничар може сам да биде одговорен за Депо на лекови на Општата болница или на Здравствен дом...
    пример бр.1 :
    Болничка аптека при Медицински Центар Кочани располагал моментално со фармацевт и фармацевтски техничар, но при поделбата на Општа болница Кочани и Здравствен Дом Кочани стана Депо на лекови каде во Општа болница во Депо на лекови остана да раководи фармацевтски лаб.техничар , а во Здравствен Дом во Депото на лекови остана да раководи фармацевтот (што во случај на именување =Болничка аптека= фармацевтски лаб. техничар не може да менаџира оти се бара високо стручно образование - фармацевт) без да вработат уште еден фармацевт доколку останеше како економска единица Болничка аптека.
    пример бр.2:
    Постоеле и Медицински Центри во некои МКД градови кои имале само еден вработен од областа на фармација -фармацевт (со високо образование) или фармацевтски лаб.техничар (со средно образование)и при поделба фармацевтот остана или во Депото за лекови на Здравствен Дом, а во Општата болница во Депото на лекови менаџира друг здравствен работник од тип на медицинска сестра, хемичар, лаборант, физиотерапевт, рентгенолог све со цел да не вработат нови кадри при поделбата на Медицинскиот Центар , така да денес во МКД има Општи болници , а и Здравствен Дом каде во Депото на лекови работа медицинска сестра или друг со средно здравствен работник.
    -значи во Депо на лекови МОЖЕ ДА РАБОТА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА или било кој друг здравствен профил со средно образование што го посочив погоре !
    -во аптека од отворен тип кои се сите приватни ( наскоро ќе станат матични тие кои ќе склучат договор со фондот, а ќе ги води специјалист по фармацевтска пракса) , основач на аптека може да биде било која личност која ќе ги спроведува законските нормативи за регистрирање на аптека - просторно ( локација , објект, одредена просторна квадратура) и кадровски ( носител на фармацевтска дејност - Фармацевт) заедно со фармацевтски лаб.техничар како тим за работа во таа аптека ! :nod:
     
    Последна измена: 14 ноември 2016
    На Chrisantema му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vaga89

    vaga89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    B
    bas taka :) go opisa bas kako sto e momentalnata sostojba
     
  9. couple

    couple Нов член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво нова сум на форумов.
    Сакам да прашам доколку некој е запознаен имам завршено гимназиско образование, но сакам да се вработам во аптека, е сега ме интересира дали ќе можам да го полагам тој државен стручен испит, или пак ќе морам да го земам вонредно средно фармацевтско, па потоа да одам на државен испит. :)
     
  10. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.642
    Допаѓања:
    9.467
    Пол:
    Женски
    Мораш да имаш соодветно образование, значи земи вонредно средно и после полагај д. испит.
    Да можеше така сите ке си бевме сестри, фармацевти, лаборанти со д. испит без никакво образование.
     
    На toogood и joy1 им се допаѓа ова.
  11. couple

    couple Нов член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Така и претпоставував, фала многуу :)
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... секој кој завршува средно образование може да работа според законот за работни односи на нестручни места по избор дури и да биде носител на дејноста во бутик, козметички салон, ресторан, трафика,фитнес, продавница, но доколку се сака стручно да работа мора да има и завршено стручно средно образование !
    - општо или гимназија се подразбира како ошто средно нестручно образовање со обавезително понатамошно учење во определување на соодветно стручно образование со добивање на стручна професија,
    сите кои избираат стручно средно образование од профил :
    медицина- ( медицинска сестра, акушерка,лаборант, ренгенолог техничар, физиотерапевт техничар, фармацевтски лаб.техничар, стоматолошки техничар !
    градежно
    економско
    текстилно
    трговачко
    ветеринарен техничар
    земјоделско
    ...итн
    можат да ја работат работата според својата стручност односно спред својата професија за која има завршено соодветно стручно средно образование,
    доколку стоматолошки техничар не сака да ја работа својата професија од медицинската гранка стоматологија со средно образование може да се префрли во друга гранка на медицина со средно образование на пример да биде фармацевтски техничар, со тоа што ќе му бидат признати сите исти предмети и ќе мора да ги доположи вонредно сите други стручни предмети на фармацевтско средно училиште што временски би било до две години!
    истото важи за кандидат со завршено било кое друго стручно средно училиште (економско, градежно, земјоделско,трговачко ..итн) како и тие со општа гимназија, можат да ги дополагаат сите стручни предмети вонредно и да добијат професија со средна стручна спрема на соодветното стручно училиште каде полагале дали е тоа како фармацевтски лаб.техничар, медицинска сестра, лаборант...итн
    државен испит- не е класичен испит кој треба некој да го учи, па да го полага пред некој што би го предавал,па да добие некое повисоко знаење, државен испит се состои од 6 месечно стажирање на места каде би можел среднистот т.н.приравникот( зборуваме за активност за работа, а не за учење) со својата професија да работа и на крај на самиот државен испит биде испрашан дали знаењето што го добил предходно во стручното училиште може да го примени и на кој начин ќе го примени за време на тоа 6 месечно приправничко стажирање, ако може да согледа примена на своето знаење во таа пракса тогаш добива преодна оценка за положен државен испит за среднист и може да работа уз соодветен профил ама со високо образование кое има исто државен испит положено и добиено лиценца за самостојна работа!
    пример, медицинска сестра ќе стажира 2 месеца на интерно, 2 месеца на хирургија, 2 месеца на урологија и потоа се пријавува за државен испит каде ќе биде прашана како ќе се снајде со своите знаења од средно медицинско училиште во тие места на стажирање , дали ќе знае да пружи нега на болен, брза интервенција доколку има некое венско крварење од прикачување на канила...итн , доколку ќе одговори на сите прашања како спремна медицинска сестра, ќе биде спремна за стручниот дел, па после и се поставува едно прашање од правен дел но не од учење на право, туку од општа култура да се види дали има ошти познавање од работни односи, закон за здравствена заштита, уставот....итн т.е. треба да знае дека во еднодневно работење и следи пола час пауза одредена точно од- до, дека и следи годишен одмор, неплатен одмор, боловање...итн
     
    Последна измена: 12 февруари 2017
    На couple му/ѝ се допаѓа ова.
  13. earth_girl

    earth_girl Нов член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски

    Здраво. Дали можеш да ми кажеш како се станува специјалист по фармацевтска пракса? Откако ќе дипломираш на ФФ, потоа треба да запишеш мастер?

    Ти благодарам однапред.
     
  14. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Има конкурс за специјалистички студии на есен. Се запишуваш. Таа специјализација трае 36месеци и семестар е 1000евра.
     
    На CoCoGiiiRL му/ѝ се допаѓа ова.
  15. earth_girl

    earth_girl Нов член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    И откако ќе стапи на сила овој законов во секоја аптека двајца фармацевти, едниот од нив ќе треба да биде специјалист што ќе ја води аптеката? (според ова што го напишала bijonse, или грешка сум сфатила.)
     
  16. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Не прочитав кој што пишал ама мила едно да знеш кај нас хигиеничарки со вечерно фармацевтско стануваат фармацевтски техничари така да дека ќе треба специјалист да води аптека ДА ,специјалист за шитни-продај заштеди-замачкај очи итн.Колку сакаш учи/специјализирај/докторирај ама поштен лопов не се станува или си или не си,ова од мое искуство кога работев како техничар по аптеки на газдарици специјалисти за се освен за поштени работодавци.
     
  17. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    383
    Може некој за стажирањево да ми објасни, колку време треба, што треба и дали тоа испитот е усно или ?
     
  18. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    121
    Здраво феминки
    Би сакала да знам колку изнесува платата во Зегин аптеки за дипломиран фармацевт со работно искуство?
    Ви благодарам :):):)
     
  19. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...зависи како ќе се покажеш иако си фармацевт и имаш работно искуство сигурно ќе почнеш со 18 000 ден, ако си носител на дејноста можеби 20 000 ден! прашање? зашто сакаш да бидеш „заробена“ во аптека... имаш опции за вработување на мнгоу повисоки работни места и тоа што се вели утре да почнеш со работа! 8)
     
  20. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    121
    Ви благодарам на одговорот. :)
    Е сега уште нешто да прашам ако може да ми кажеш кои се опциите за вработување на повисоки работни места? :)