1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа во аптека - искуства

Дискусија во 'На работното место' започната од smiley16, 19 јуни 2013.

  1. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...твоите емо иконите што се смшекаат, не значи дека се шалам а ти тоа си го приметила, навистина вие новите генерации завршувате некој факултет, а дали воопшто знаете што е вашата професија т.е. каде можете да работите...ете конкретно во твојот случај ...тебе зарем твојата професија е работа во аптека и толку и сега ме прашуваш каде може на други „повисоки“ работни места? еве јас тебе те прашувам т.е. од твојот професионален дел како дипломирана КАДЕ МОЖЕШ ДА РАБОТАШ според твоја професија а да не биде аптека во Зегин? :)
     
  2. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    121
    Не помислив на тоа дека е шала, напротив прашувам заради тоа што рековте дека има опции за вработуање на повисоки работни места и тоа уште утре ...па ме интерсираше на која работна позиција мислите, во кој град? Во секој град ги нема истите услови и можности за вработување на посакувана и повисока работна позиција. Сите ги согледуваме можностите и предностите.
    Инаку ги знам предностите на овој факултет и апсолутно се согласувам со тоа дека со Фармацевтски факултет има можности за врабтување на повисоки работни места. Мислам дека со голема упорност и желба секој би можел да ја работи посакуваната работа.
    Ви посакувам убав ден.[/QUOTE]
     
  3. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...пааа, да беше заинтересирана ќе пишеше во ЛП, ама знаеш како е никогаш не знаеш кој седи позади виртуелните профили и што позиција има ... како и да е ти посакувам поскоро вработување! :)
     
  4. Doryana

    Doryana Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Што е потребно за лиценца за работа у аптека?
    Знам дека трае 6 месеци, но што точно вклучуваат истите?




    Здраво девојки, 4та година средно фармацевтско сум. И последниве три години по 2 месеци бев на пракса во летниот период. По договор од школо, на пракса треба да се иде 20дена, но
    1. Ја обожавам работата
    2. Шефицата е презадовилна од мојата работа.
    А што се вклучува "мојата работа" ?
    - се освен издавање на лекот. Од валидност на рецепта до генерика, од нарачка до редење, од средување на приватни до фондовски рецепти, од средување каса до средување класери; буквално на вработената што е со мене у смена и останува само да го издаде рецептот што секако законски јас не смеам.
    У 4та година праксата е задолжителна т.е. 2h неделно у аптека се MUST. Ма да ретко кој ги тера и ретко кој професор води ред за тоа.
    Секоја недела по 2 до 3 работни дена ги терам цела смена у аптеката и самата шефица се изјаснила доста пати дека ќе ме вработи после средно АЛИ за тоа се треба лиценца од ф. комора.

    Од ваше лично/ од друг споделено искуство, колкави се шансите да се вработи лице со завршено средно фармацевт? Колкава важност се придава на одличниот успех и видно покажаната способност на феријална пракса?

    Сите аптеки у РМ се приватни?
    Зегин можда се издвојува како псевдомонопол у бизнисот, али не е државен.
     
  5. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...сите кои звршуваат средно медицинско училиште ( медицинска сестра, фармацевтски лаборантски техничар, забен техничар, физиотерапевт, ренген техничар, лаборант) поминуваат приправнички стаж на три места по 2 месеци каде може да работаат со својата професија и потоа тој стаж СЕ ПОЛАГА ДРЖАВЕН ИСПИТ при што доколку се положи се добива УВЕРЕНИЕ за положен државен испит со кое може да се работа покрај соодветната професија ама со високо образование.
    ... сите кои завршуваат Медицински факултет т.е. високо образование ( лекари, стоматолози, фармацевти) поминуваат приправнички стаж исто 6 месеци со по 1,5 или 2 месеци на четири места каде може да работа според својата професија и потоа тој стаж се ПОЛАГА ДРЖАВЕН ИСПИТ што доколку се положи се добива ЛИЦЕНЦА што преставува правен документ за самостојна дејност.
    ...среднисти не можат да бидат носители на дејност во медицината и не можат да работаат самостојно и затоа тие добиваат УВЕРЕНИЕ, а не лиценца ! ЛИЦЕНЦА добиваат тие здравствени работници само со високо образовние кои можат да бидат носители на дејноста т.е. да работат самостојно, а овие со уверението ќе работаат покрај нив!
    ..ти како фармацевтски лаборантски техничар после завршување на средно веднаш можеш да се пријавиш за стажирање два месеци во аптека од отворен тип што работа со пациенти / рецепти, два месеци во аптека од затворен тип во состав на болница, клиника и два месеци во лабораторија, најчесто се стажира на трансфузиологија, после тоа се полага државен испит по желба со избор каде сакаш т.е. каде има медицинско фармацевтско училиште ( Скопје, Штип, Тетово, Велес..итн), тоа што си одела на пракса не ти важи ако не го има датумот после завршување на средно училиште и тоа се смета шест месеци од датумот што ти пишува на дипломата од завршен испит /матура!
     
    Последна измена: 1 февруари 2019
    На cresa-jagoda и Doryana им се допаѓа ова.
  6. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... мора да знаете дека во МКД примарното здравство е целесно приватизирано!
    кој спаѓа во приватно здравство? таму каде прв пат ќе одите за здравствена услуга
    ...значи матичен лекар, матичен стоматолог, матичен гинеколог, матичен педијатар и матична аптека, сите овие се приватни и склучуваат договор со Фондот за да би дале бесплатни здравствени услуги/преглед на пациентот, тоа што тие работаат во екс државни простории/ординации тоа да не ве збунува тие се приватници кои користат државни простории и затоа се викаат концесионери т.е. имаат приватна дејност како носители на таа дејност, но објектите се државни и тие плаќаат паушал струја, вода и многу мала кирија за разлика од другите кои не се концесинери и се сместени во објекти каде плаќаат високи кирии според моменталниот пазар за издавање под закуп!
    ... треба да знаете, кога зборувате за Зегин, а и за други фирми како Еурофарм, Еуролек, Др.Пановски, Промедика, тие се фармацевтски фирми кои имаат законски регистрирано и ординации и аптеки кои работат во примарно здравство како сите приватно и како сите и ТИЕ склучуваат договор со Фондот за издавање на здравствени услуги на пациентите т.е. Зегин има апттеки кои издаваат лекови на позитивна листа на рецепт сосема во ист ранг со другите аптеки!
    ...да спомнам дека секундарно и терцијално здравство сеуште се целосно државно!
     
    На cresa-jagoda и Doryana им се допаѓа ова.
  7. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... вработувањето не се врши според успехот, мора да имаш само положено државен испит и да конкурираш во Јавна здравствена установа доколку сакаш да работаш во болничка аптека или лабораторија или да конкурираш во фармацевтски тим на аптека од отворен тип имаш уште една опција да конкурираш во фабрика за производство на лекови пример Алкалоид, Реплек, а можеш да конкурираш за работа во некоја фармацевтска куќа во дистрибуирање на лекови!
    п.с.
    феријална пракса не значи дека имаш знаење, доколку некој друг не го провери тоа, затоа што е дискутабилно дали воопшто таму каде си била правилно работаат, секоја работа не значи и исправна работа!
     
    На cresa-jagoda и Doryana им се допаѓа ова.
  8. Bubble-trouble

    Bubble-trouble Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    17
    Добра вечер на сите.
    Имам прашање во врска со отварање на аптека.
    Јас сум лице кое образовно нема поврзаност со здравството, меѓутоа имам желба да отворам сопствена аптека.
    Дали некој може, сака и има време да ми објасни што сè е потребно за да се оствари тоа?
    Ви благодарам за одвоеното време
     
  9. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.771
    Пол:
    Женски
    Прво и основно,ти треба носител на дејност-дипломиран фармацевт со лиценца за работа и фармацевтски техничар.И да имаш регистрирано фирма.

    Треба локал кој ќе исполнува услови пропишани во службен весник,одобрен од инспектор од Малмед.
    Она што е најважно и ако сакаш да работиш со лекови кои се на терет на фзом е локација.
    Со распределбата на квотите на лековите на аптеките,многу тешко,да не кажам невозможно е да добиеш квота,затоа што квотите се распределуваат по глава на жител во општините,а тие се распределени.
    Ова е ако сакаш да работиш со фондот,во спротивно може да се продаваат лековите приватно,што е многу тешко.
    Ова е бизнис во кој ако влезеш ќе треба да се бориш со ланците на аптеки,која борба би била еднаква на борба со ајкули.
     
  10. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    што значи тоа со „лиценца за работа“? не можат да работат ако немаат „лиценца за работа“?... всушност што значи лиценца? зарем нема вработени со работен стаж, а немаат лиценца? зборувам за лиценците на здравствени работници со високо образование доктори, стоматолози и фармацевти! ?? ...што со фарм.техничар? за него не треба некоја „лиценца за работа“ ?
     
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.503
    Допаѓања:
    144.204
    Да има положено стручен државен испит кој се полага во соодветната комора.
    Да ,сите наброени полагаат откако ќе направат стаж од 6м по дипломирањето , во соодветна здравствена установа.
     
    На ph.orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... не е добро формулирано, јас можам да кажам примери каде овие три звања работаат без положен испит и без „ лиценца за работа“ !
     
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.503
    Допаѓања:
    144.204
    Да има работни места кои не бараат. Ама да имаш своја дејност и да си носител на фирма, мора лиценца. За тоа е прашњето.
     
    На bijonse му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.771
    Пол:
    Женски
    Лиценца се добива откако ќе се положи стручен или популарно наречен државен испит.Без овој испит не може фармацевтот да работи во аптека(може на други работни места но во аптека-не).
    Исто и за техничарите.Не е ,,некоја”,туку е дозвола за да може да работи во аптека.
    Отвори било кој оглас каде се бараат фармацевти за работа во аптека и ќе видиш дека е задолжително да поседуваат лиценца.
    Или прочитај закон,таму се е убаво објаснето.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... не е проблемот јас да знам, проблемот е дека погрешно се толкува, не е тоа „лиценца за работа“ затоа што работа на здравствениот работник доктор не се подразбира докторската ординација, работа на стоматологот не се подразбира само во стоматолошка ординација, ниту работа на фармацевт се подразбира работа во аптека, што нажалост кај нас стриктно овие професии тоа работаат, со својата професија овие три столба на високо образовни медицински кадри можат да работаат и на друго место како доктор, стоматолог и фармацевт, а да не им треба „ЛИЦЕНЦА“ ( терминолошки правилно треба САМО да се каже лиценца, а не „лиценца за работа“ тоа ми беше поентата) !
    така да докторот, стоматологот и фармацевтот доколку работаат во здравствена установа од тип на докторска ординација, стоматолошка ординација, или во повисоки јавни здравствени установи ...ДА! тогаш треба да идат на пробна работа и потоа полагаат државен испит и добиваат Лиценца за да можат да работат во тие здравствени установи, НО ако истиот доктор, стоматолог или фармацевт работа СО СВОЈАТА ПРОФЕСИЈА во образовен систем како професор, во Веледрогерија, Фармацевтска фирма, Фабрика за лекови, Научни, иновантни институти зарем нив им требаат лиценци? НЕ ! и затоа терминолошки лиценца е само за работа во здравствена установа, но не да се применува израз дека е „дозвола за работа“... истото важи за здравствените раб.со средно образование т.е. техничарите во било кој профил дали медицинска сестра, физиотерапевт, РТГ техничар, фарм.техм, стоматолош. техн, акушерка, лаборант доколку работаат во здравствена дејност на давање услуга на пациент, мора да поминат пробна работа и да положат државен испит со што добиваат Сертификат или Уверение за можност на работа во здравствена установа соодветно според професија, но никако не значи „Сертификат за работа“ исто како што не може „Лиценца за работа“ , затоа што истите можат да работаат со својата професија на друго место, а да не им треба полагање на државен испит ниту Сертификат!
    ...не знам колку сум разбрана!
    п.с.
    Сертификат или Уверение на фарм.техничар НЕ Е ДОЗВОЛА да работа само во аптека, туку на фарм.техн. му треба такво Уверение само ако е пријавен во фарм.тим, покрај носителот на дејноста, другите кои се “пиони“ во аптека нив не им треба ниту пак некој им бара полагање на таков испит!
     
    Последна измена: 21 мај 2019
  16. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...токму така, да се назначи Лиценца за Аптека, а не „Лиценца за работа“, да се каже Лиценца за доктор во докторска ординација, Лиценца за стоматолог за стоматолошка ординација...а не општо „Лиценца за работа“ на доктор или стоматолог.... и самиот факт дека стоматологот може да ја обнови лиценцата, оти на сите три професии им траат 7 години, мора да приложи дека најмалку 60% од својот работен стаж со таа лиценца, работел во стоматолошка ординација, а не општо !
     
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.094
    Допаѓања:
    37.553
    Пол:
    Женски
    @bijonse како мислиш никој не им бара полагање на таков испит? Работев во аптека како техничар и ми бараа уверение за положен држ.испит, исто и на колешката ѝ бараа. На сите бараа уверение.
     
    На theowndemon, Animali и duffi им се допаѓа ова.
  18. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.771
    Пол:
    Женски
    Се убаво објаснуваш,многу добро ми е се познато,но прашањето на кое беше даден одговорот,дали го прочита?
    Прашањето беше што е потребно да се отвори аптека?
    На ова прашање следуваше конкретниот одговор.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. temjanushka123

    temjanushka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Освен во Скопје, во кој друг град фармацевт може да работи на повисока работна позиција?
     
  20. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... прашај кој е Директор на Општа болница Охрид!