Баш затоа што не е тешка работата и добро платена, моја комшика напушти. Самата ми рече - Бегај подалеку.
Епа сега... фармацијата не траже да одмараш да седеш и кафе да пиеш. Мора малце и да се помачеш а не со врски положат државен испит и стават и потпис колку да се знае дека биле на стажирање. Мојата сестра работа во зегин ама таа кога стажираше одеше 3 месеци секој ден по 3 саата све научи и тоа без пари одење. И работе во Зегин веќе 1 година и не се жале.
Јас од тоа што сум слушала,би ти препорачала Еурофарм,не им е лоша платата,а за Зегин меѓучовечки односи биле нула,таков лош глас ги бие затоа периодов еден куп луѓе им отишле.
Не е за работата, за односот кон вработените е. Те множат со нула. Работа како работа, тој што има желба секаде ќе ја работи добро но има разлика кога уживаш во истата и идеш на сила и си под стрес. Работев 5 години, знам убаво како е таму. Искрено не знам како сум седела толку време, сега ни минута не би. На сегашното работно место сум скоро осум години, со мерак одам верувај. Ем платата ми е поголема од таму. А и да не беше, не е се во парите. Некогаш едноставно кога ќе извагаш ќе сфатиш дека мирот е многу поскапоцен. Ама за кого како.
Слушнав дека имало некој курс со кој се добивала диплома за фармацевтски техничар. Има такво нешто или дезинформација е?
И тоа како има..сум работела со "курсашки". Две години као учат и потоа полагаат, добиваат диплома за техничар.
А, овие со курсот како ќе ги заведат? Чисто ме занима. Мора да има барем еден магистер и еден техничар законски. Не може техничар да биде со курс. Не е само продавање апчиња. Со 4 годишно образование не можеш се да научиш, не пак со курс од два месеци. Фармација е доста комплексна наука која се заснова пред се на хемија и ботанички предмети. Кој курс ќе те научи се тоа за неколку месеци?
Не знам..во Работнички карши ГТЦ имало. Ова од колешка што го имаше завршено, инаку средно во Влахов учела, не знам што точно.
За жал може и јас сум сведок на тоа. Познавам такви луѓе. За година дена се "купува" диплома и таа диплома има еднаква тежина како и онаа 4годишната од медицинските училишта. И најчесто им се ветува работа само да донесат диплома. Да можат правно да им го оправдаат вработувањето. Жално но вистинито.
Фармацијата не е лесна наука, поарно тај што си ја купил дипломата да ја продаде на некој што знае и умее да работе со таква комплицирана работа, бидејки пола град ке бидеме отровени.
Мене ме чуди што до сега не ви е познато дека има курс за фарм. техничар. Јас сменив 3 локации, под иста фирма, и во сите три имав колешка со курс. Како што пиша и членката погоре, најмногу пречи што има иста тежина како да си завршил средно фармација. За нас нема, ама за работодавецот, тоа ми е мислата.
Не знам што да кажам веќе. Да ги прашаш интеракција на лек или замена пошто си бремена/доиш ќе те гледаат како теле. Може и да се кладам дека и на витамините име не им знаат. За структури муабет да не правиме, а пак за фитопрепарати да си ќутиме. Жално до каде сме стигнале. Едит. Бог да не чува од ваков "медицински персонал" кој има диплома земено како да е во прашање правење нокти или фризури.
И мене ми сметаат тие со завршен курс, ама сето е така тргнато во државава па ајде и тоа. Тие да можат и ќе се фалат со тоа. Ние што имаме години и години вложено во образование за оваа струка нема кај да се жалиме. И згора на тоа потценети сме. Некни влегува еден тип во аптекава зборува на телефон и вика на жена му еве ти ја продавачкава разберете се. И ми го подава мене телефонот Се вртам зад мене да не има некој - нема! Мене ми се обраќал.Јас не го зедов телефонот му објаснив дека овде не продаваме туку издаваме лекови на рецепт и нашата работа е одговорна, не продаваме круши и јаболка. Има секаков кадар излезено а и допрва ќе излегува со оглед на ситуацијава моментална мислам дека на полошо иде. За чисто - чиста работа е не можам да се пожалам од тоа ама од односот од пациенти па и газди, ми се одмилува се.
Каков е тој курс бе нам шанси не зафркавајте не е тоа во кладилница да работеш да научеш бројки и да куцаш