Овде во мојот град. Е сега не знам како е, ама една блиска што работи таму толку кажуваше. Кажа и дека немаат голема разлика во плата од фармацевтите, околу 2-3000
Здраво девојки, дали некоја од вас полагала за лиценца со средно фармација? Ме интересира за испитот од колку прашања се состои, дали даваат од таму насоки што да се учи или како оди тоа? Ако може некоја подетално да ми објасни, многу би ми значело фала ви многу
Јас пред 5 години кога се вработив во Еурофарм, 18 000 за фармацевт беше платата. Сега се надевам дека навистина се толку покачени платите.
Покачени се. Фармацевти зимаат 32/3 илјади +, зависно од бонуси и аптека. Шефици не се испод 38-40000, ниту во Еурофарм ниту во Зегин. За помаливе аптеки не знам .
Јас конкретно сум шефица на аптека Зегин земам 33000 и сум во понова аптека за да ја достигниш платата од 38-40000 можес со бонуси во попрометни аптеки, значи не е почетна толку а би требало да е реално многу сме потценети како фармацевти во било која фирма, а посебно во аптеки
За жал баш е како во кладилница да работиш и да куцаш, точно дека земаат курс т.е. вонредно завршуваат фармацевтски техничар најчесто во Тетово, почнуваат како асистенти а потоа се сите техничари, така да секој може да работи во аптека, која и каква ќе е услугата е друга тема, тоа е реалноста
Услугата е 3 за 100. Пазарско продавање. Не е ова за да ги омаловажам луѓето на пазар што работат меѓутоа не може исто да биде издавањето лек или било што од аптека и продавање домат. Имав колешка со курс завршено во Работнички. Жената правеше промет ама не ги знаеше лековите доволно и точно. Макар што и тие не се криви него тие што ги вработуваат. Се е интерес за повеќе пари, никој не размислува за одговорности.
Тука сме и ние фармацевтите криви не сме сложни да си ги бараме правата, отвараат аптеки ни ги користат лиценците а платата е срамно да ја спомниш, тие што ги кажува членката погоре а ги има во секоја аптека ја достигнуваат нашата плата со разлика од смешна сума, со бонуси и празници на исто сме, не се криви тие си работат издаваат лекови за кои 99% незнаат што е …. Жално е тежок факултет а ова ни го направија само подалеку од тука