Здраво, дали може некој да ми објасни како оди стажирањето откако веќе сте завршиле средно медицинско(фармацевтски техничар).Каде се стажира ,колку време и ако има некој да ми прати фотографии како е потполнета стажантската книшка.
Другарки уште пред неколку години во Зегин стигаа со бонуси до 22 23. Верувам дека сега се поткачени платите
Ќе ве замолам доколку има некој тука што скоро полагал за лиценца за фармацевтски техничар да ми пише во лп.
Некој што работи во Зегин или Еурофарм како фармацевтски техничар, дали може да ми кажете колку време чекавте за да ве повикаат на интервју откако аплициравте?
Едно големо не за работа во аптека во ова наше државиче, плати мизерни, газди мислат дека се господ а исто знаење имате, правеш мултитастинг во исто време со пациенти па сакаш да им објаснеш за лекот не е чоколадо за да и го плеснеш само, работа со пари, документи, фактури, роба, рокови, попис, за секој нов лек треба да знаеш се, рецепти... Напорно ептен а зимаш пари како и на обична бензинска што зимаат, и после не биле задоволни пациентите со услугите па нема да се им е скиснато на фармацевтите некој да ги ... у здрав мозок.
А шо на бензиска е полесно, нема одговорност? И крајно ако си неспособна за да ја работиш работата ќе ја напуштиш и готово.
Ако не си работил во аптека не пишувај глупости, работеш со отрови, дрога.. а зимаш мизерна плата и никој не ти го цене знаењето.
Секоја работа има своја тежина и одговорност, доколку не ти се допаѓа платата или не си способна да ја работиш ја напушташ и толку, нема потреба да правиш глупави споредби со работни позиции.
Па ја напуштив не сум будала да бидам и чистачка и докторка и медицинска сестра за 20 илјади фала богу..
Супер, сега можеш да се вработиш на бензиска бидејќи сметаш дека не е напорно и без одговорност, па лесно ќе стигнеш до плата.
Жал ми е не сум во државата, али поарно таму отколку во аптека а толку мака утепав за учење латински имиња и генерички..
Не е тоа поентата, можеби девојката направи некоја споредба секоја работа е одговорна едноставно станува збор за пореметени вредности, сепак се работи со чивечки животи, лекови што не би смеел секој да ги издава, работа што бара знаење и премногу жртва за да се заврши тој факултет или средно школо за техничариве небитно едноставно кај нас не е ценето и работа во аптека е исто како и во Кам, Тинекс, бензиска, а мислам дека по бутици во Citymall се поголеми платите. Не е овде за ако не си способен да работиш па најди друго, нормално дека секој работи за плата и подобра егзистенција, и мора да има критериуми и разлика во тоа што го работиш и на кое си посветил толку години учење и труд.