Ме интересира ваше искуство за работа во бутик за алишта, како е ? Односно да ме упатите на некои предности, но и недостатоци да работиш баш во таков бутик.. ме интересира бидејки добив понуда за работа во познат бутик во мојот град па сакам да си бидам спремна доколку одлучам да ја прифатам работата...
Познат бутик? Мојот совет е: Прифаќај без размислување! Немаш поима колку јаки врски имам за да влезам во еден од појакиве имиња на бутици, па уште ништо. Не пропуштај ваква шанса кога веќе ја имаш и среќно нека ти е.
Јас сум утре на интервју во бутик за долна облека и незнам уште сега паника ме фаќа, немам искуство со таква работа или воопшто како продавачка.. Колкава е платата на една продавачка во еден ваков бутик? отприлика?
Нема причина за паника, ако те примат брзо ќе навлезеш во работата Околу платата зависи од газдрата ако те осигура ќе ја имаш најмалку основната, ако не те осигура колку сака ќе ти дава, јас лично работев за мизерни 6000 неосигурана. Но да не те демотивирам ќе си прашаш се што те интересира на интервјуто и ќе нема проблеми. Среќно
Најкраткото интервју на светот 5 мин. Осигурана на пола работно време, плата 5000 ден. За празници или ако има ептен многу работа плус се доплаќа. Што мислите во ред ли е ова? Јас прв пат имам вакво искуство и незнам што и како е. Некој по искусен да ми каже?
@Umbrella22 воопшто не е во ред. Осигурана на пола работно време, мизерни 5000 плата, а претпоставувам 8 работни часа на ден. Чиста експлоатација. Ја разбирам јас беспарицата и потребата од работа, ама ова е тотално понижување на личноста и трудот што го вложува истата.
Е сега ко спомна @thinkerbell ја забораив да кажам дека 4 часа е работното време, секој ден освен Недела.
Епа ако се работи 4 саата, изгледа ќе бидам на 2.. ама незнам дали уопште ќе ме примаат, до сега чим не се јавија, не верувам дека ќе се јават
Според мене @Umbrella22 ако во моментов немаш друга опција за работа, почни. Ако добро разбрав ќе работиш 4 часа на ден, ќе земаш 5 000 денари плата, времето ке ти летне, а и за 4 часа не се малку тие пари ( не и дека се многу, ама) да седиш дома нема ни толку. Според мене прифати, па кога ќе ти излезе нешто подобро, смени ја работата. Само убаво прочитај си го договорот пред да го потпишеш. Сега прочитав,мислам дека на помалку од 4 часа не можат да ти платат осигурување, барем јас така знам. Најверојатно ке си осигурана на пола работно време, бидејќи пола работн овреме и ке работиш. Значи ке работиш 4 часа и на исто толку ке си осигурана. Не губиш ништо.
Со тие МИЗЕРНИ 5000 денари што попрво, да купиш автобуски билет, да си купиш јадење и што ќе ти остане за тебе?
На страната на Агенцијата за вработување, каде што има огласи за вработување имам прочитано дека плата е 9590 мкд. Колку е тоа точно и дали онака само ги пишуваат сумите не знам.
Најмногу ми треба сега помош....Каде што сакав да одам на факултет не ме пуштат од дома само они каде сакаат во тој град,јас не сакам ни да слушнам,си имам други желби не можам да одам по други....Решив да отидам во Ск. таму да бидам цимерка со моите другарки,мислам секој месец вкупно е 6.000 и баш е колко што треба.Оваа година ќе работам другата и ќе учам и ке работам.И дечко ми е таму,му реков да ми помогне да ми најде работа,вели не сакам да работиш ама морам.Сама сум сега,се откажав од нив за една недела ќе си одам и нема да ме видат веќе,само ви се молам сакам да најдам работа во некој бутик или ќелнерка или шанкерка ама не знам што се прави таму,ама реков се ќе работам и сама ќе си застанам на мои нозе.Ви се молам помогнете,давајте ми совети не знам што да правам
под 12 000 не можиш да живееш Скопје,а за работа во скопје да најдиш е премногу тешко размисли што правиш
Најдов на интернет страна каде што се бара работа,има разни,и прочитав пример ако бидам келнерка,дневницата е 800 така да секој месец ке имам околу 24.000 нели одговара така
Не е секаде дневницата 800 денари. Всушност, прв пат слушам за толку висока дневница. Од муабети, знам дека во кафичите и рестораните низ Центар, дневницата е повисока, ама не верувам дека истата би била до толку.