1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа во државни институции

Дискусија во 'Барање работа' започната од Mateo mark, 7 ноември 2021.

  1. Mateo mark

    Mateo mark Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2021
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    Апсолутно точно.
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.801
    Допаѓања:
    80.550
    Пол:
    Женски
    Кај ги најде тие 200 огласи?
     
  3. Mateo mark

    Mateo mark Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2021
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    Во последните 10 години.
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.801
    Допаѓања:
    80.550
    Пол:
    Женски
    Не кога туку каде прашав.
     
  5. Mateo mark

    Mateo mark Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2021
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    Администрација
    ЈП
    Бироа
    Агенции
    АД
     
    На tea1221 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Не сакам да навредам никој, но смешно е да имаш завршено на ФИНКИ/ФЕИТ, економски/маркетинг, архитектонски и се што е поврзано со научните области, а да бараш работа во државна институција.

    Можете да работите преку интернет за странски фирми, да земате одлични плати, далеку подобри услови, да ви се отворат шанси за уште подобри работни места. Да, државна администрација клати врата-земај плата, ама цел живот ќе имате фиксна плата и никаков напредок. Само треба да сте упорни и да се борите. Буквално знам еден куп неписмени луѓе, кои работат преку интернет и заработуваат многу пари, ама треба да сте што се вика народски “мувало“:)
     
    На темјанушка, Amelia, CareTee и 4 други им се допаѓа ова.
  7. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Еве јас сум вработена во државна институција, немам партиска книшка и беше тотална случајност што влегов како волонтер неколку месеци за 4000, потоа добив договор на дело за некои 10 000, па ме фати таму некој закон на Грујо кај што мораа да не примат на неопределено и така уствари бидна. Што се однесува за работната атмосфера.. што да ви кажувам, пример од 30 луѓе, вистински работат 5, другите се баш клати врата зимај плата и тоа страшно иритира, посебно за тој што работи, ама џабе ти е се. Тие што не работат башка земаат поголеми плати. Искрено во прва добра прилика си одам и тоа од државава ! На тоа што се изнагледав овие години тука, и тоа што пропатев од останати институции.. не вреди да се мачиш и да вложуваш во оваа држава, посебно сопствен труд што не ти го цени никој !
     
    На tamche995, raww, daylight и 11 други им се допаѓа ова.
  8. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    3.944
    Пол:
    Женски
    Богами среќа да волонтираш неколку месеци, луѓе волонтираа со години. Мислам платата е минималец, нешто повеќе, а атмосфера лудница.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Точно така, имав колешки кои што буквално волонтирале со години или биле со договор на дело по повеќе од 10 години.. Жално
     
    На WildMk, eliesaab и tina2018 им се допаѓа ова.
  10. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден бев во аврм, влегувам, канцеларијата катастрофа, на бирото седат двајца, наспроти нив на една клупа тројца. На масата лушпи од мандарини, ножеви,најлони, пепељари. Смрди корни на цигари. Овие тројцата на клупата кутрите немаат појма ни кај работат. Работата ми ја заврши една од вработените. Искрено, ми се згади. Внатре се старо , шкафови распаднати, биро од времето на Тито (на него расфрлани триста документи). Не можам да разберам како може некој да сака да работи во такви услови. Уствари разбирам, сигурна плата, работа ич, во тек на работното време си завршуваш приватни обврски, викенди слободни. Дечково што ги нашол огласите нека ги става тука ,да си ја пробаме среќата :D
     
    На темјанушка, Tanjamm, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Да, теши се дека неписмени работат и добро заработуваат на интернет.
     
    На daylight, Tanjamm и WildMk им се допаѓа ова.
  12. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Нема што да се тешам.

    Стотици знам околу себе што заработуваат добри пари преку интернет, а просечно интелегентни. Само снаодливи и упорни. Се врткаат по разни кругови, а добро платени работни места на интернет често не одат преку огласи, туку преку врски и дојава. За многу работни места не ти треба знаење, туку пракса. Ќе влезеш во шема и ќе чепкаш по интернет.
     
    На tea1221 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Хахахаха, врски требаат за на интернет да работиш :rofl: да да, вистина е, за чепкање нѝ даваат одлични плати.

    Прво рече неписмени, сега просечно интелегентни, ти очигледно се сметаш за надпросечно интелегентен. Туку кажи ни, ти каде работиш?
     
    На christinnn, raww, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Работа преку интернет не подразбира само работа преку Upwork;)

    Не се сметам за ништо, туку кажувам тоа што го гледам со свои очи и како многу деца вртат добар кеш преку интернет, а ниту се во нешто посебно стручни. Такви работни места одат преку рака, а не преку огласи.
     
    На tea1221 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Unread

    Unread Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    207
    Пол:
    Женски
    Работам долги години во јавно претрпијатие. Состојбата е следна:
    Не се вработува тој што е умен, паметен, вреден, со образование за кое се трудел... Се вработуваат партиски потрчковци, тој што повеќе плукал по противникот.... Квалификации никакви ама јазик до под. Јас се вработив на крај на едно владеење. Желна за работа, мислев рози цветаат. За секоја работа викав јас можам ... ќе го сработам. За сега по 10 години да не мрдам од стол, и да сум напукана до коска од она што го гледам околу себе. Сега ми глуми шефче едно чиче кое си купи диплома и не знае да каже што има завршено. Зема плата со минимум 100 евра повеќе од мене а ја испокраде фирмата. Решена да си одам од овде, поднесов апликации во многу фирми повратно нема ништо. Дали е лоша информација дека сум била вработена во државна институција па важам за не работник. Во секој случај овде еден кој е мирен, си ќути нема некој силен грб да го штити работи се а останатите пијат кафе, гледаат фб, шетаат од канцеларија по канцеларија, па доручек, пак кафе и после си одиш дома изморен.... на 15 ти земаш 30000+ и мува не те лази. Не сум 20 годишна туку 35+ и страв ми е од промени ама ова не се трпи.... Фрустрации на најјако!!!!
     
    На темјанушка, WildMk, Jana06 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Многу е жално што има еден куп како тебе. Лично познавам такви како тебе поради овие другите кои трпат а уствари тие работат за се.Мој совет (најискрен ) освен ако немаш некое ептен добро и сигурно работно место во приватен сектор седи си кај што ти е сигурно. Ама сакам само еден одговор: зошто сите молчите,зошто не се направи нешто против вработувањата на овие неписмениве и неработење то? Значи буквално штом еден ја врши работата ,тие што се шетаат и пијат кафиња се штета за сите, особено за државниот буџет.
     
    На tea1221 и Unread им се допаѓа ова.
  17. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не зборував ниту јас само за работа преку Upwork, а дека некој ќе те толерира ако не си ги извршуваш обврските, тоа може само на државно во Мак засега.

    Не знам кон што целиш кога етикетираш луѓе како неписмени, просечно интелегентни и ништо посебно стручни. Ако не се стручни во она што го работат нормално дека нема ни да заработуваат. Разликата е што кај странските фирми се цени трудот, се даваат шанси, се инвестира во вработените, секако не се раѓаме стручни нели, па ако се покажеш ќе заработуваш добро.

    Туку не ни кажа кај работиш, државно или приватно?
     
    На Tanjamm, WildMk и Ivanna23. им се допаѓа ова.
  18. Unread

    Unread Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    207
    Пол:
    Женски
    Е тука е проблемот. Седи до мене и ми вика знаеш дека имам пишано празник.... Јас викам не сме работеле на празник... е вика ама јас сум работел и цинички се смее.... Сум се побунила многу пати, само повеќе ме матретирале и линија на помал отпор се заќутувам. Носам нервози дома, плачам се потресувам. Од пет места за унапредување се планира да се унапредат најголемите џаболебари. А прв проблем кога ќе настане сите викаат нее јас не го работам тоа, тоа го работи ::::::::...и пак ти си крив за се!!! Не е баш се идеално во работењето во државни институции!!!! Барем не за мене.
     
    На WildMk, st-el, Mateo mark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Јас комплетно те разбирам бидејќи истата ситуација е и кај мене. Мислите дека не се буниме, се буниме, ама џабе, они ќе најдат начин подол долен безобразен, ќе те наместат и пак они ќе бидат во право што не работат (они се шефови и шефуваат), а ние обичните ќе работиме за нив и така до недоглед.. Со таквите верувајте не се излегува на крај, а да не зборам па за тие што се 3 дена на работа, па 3 месеци на боледување, па 20 дена одмор, па ќе дојде 3 дена ќе „поработи„ па пак глава ќе ги заболи, па ќе земат боледување и така..
     
    На WildMk, tina2018, Mateo mark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    1.716
    Ајде за во помалите градови да сфатам, сигурна работа, ама се знае во државно обичен службеник колку зема од 20.000-25.000, ама Скопјани како со таа плата, знаеме колку е таму поскап животот, па и превоз, итн?
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.