Кои се тие раб. места преку интернет за кои не треба некаква стручност? Молам за одговор, однапред фала.
Истото се прашувам, јас повеќе од пола што ги знам работат во државни институции во Скопје (а се заминати од помали градови). Како живеат, тоа тие си знаат, очигледно подобро од живот во мал град.
Јас и нив и тие од Скопје не ги разбирам како им се исплати ако велите платите се 20- 25 000 и како што пишале членките што раб.на државно дека не ги унапредуваат и платите се тие како им се исплати да не се унапредувани ај не мора позициски ама платата да не им расте и да не им се вреднува на трудот така. Па ќе работам за сите и ако се згреши нешто прстот вперен во мене па и потенцијална парична казна на плата, некако многу збунувачки ситуации, ама пак секој викенд слободен, па и денови од одмор како што е според ЗРО и некако можда им се исплати. Еве на приватно се заработува и повеќе и можеш да напредуваш, ама дека имаш само 8 часа работни на ден не е баш така, често се останува прекувремено и има некои работни позиции на кои се работи секоја сабота или 2 во месецот или една барем или викенди во пакет, зависи од организацијата на вработените и струката. Така да може е понапорно на приватно ама се исплати ако се покажеш и трудиш, те бива.
Ако имаш деца , најдобра опција ти е државна работа. Никој (можеби ретко) не ти стои на глава. Градинките работат до 15/16 како и ти, си ги земаш за викенд си слободен ,имаш време за децата. Плус некогаш и во работно време можеш да си излезеш да ги разнесеш децата навака натака по курсеви (некни бев сведок). Во приватен сектор никој не те прашува тоа. И има фирми каде се работи до 22,23. Саботи ,па и недели. Ете,затоа се тепаат за државна работа. Оти ти нуди комотен живот. Пример, мажот работи приватно, жената државно, со разумно планирање на пари се живее некако.
Јас имав шефица истово што го опишуваш и на приватно го правеше, а претходно на државно работела ама не и се свиѓало што не и ја покачувале платата и таму ми раскажуваше пример раб. време од 8 и секој ден по една колешка иде и ги куца сите, а они покасно си идат на раб. Утредента пример друга ќе стане у 8, така си биле договорени тие. И на приватно исто си идеше подоцна, си заминуваше порано потрчковците нејзини ја куцаа и откуцуваа на време. Ќе иде до банка налози да пушти 2 саата ја нема, а банката преку улица, на пауза наместо пола саат, цел ја нема. Ама добро се покриваше, пример ако имаме дојава иде директорката нејзиниве ја известуваа, пред неа она се фали како убаво раководи, како е најдобра, а се ние сме сработиле и увек ја нградуваа само неа, за нас трошките понекогаш. Така да не ми држи вода дека за мајки со деца и ради ова што си навела само сакаат у државно, има нешто друго доплонително да е во прашање, пример бесплатни доедукации на државен товар можеби им значат, па мито за услуги итн. Вака од што гледам ова сум заклучила така да не ќе да е за децата само, ако е само за тоа зошто машкиов што ја отворил темава плаче за државно?
Предност на работа во државно е тоа што многу малку работат, имаат слободни викенди и празници. Платите и не се нешто високи. Во библиотеките и музеите земаат мали плати. Што е 21.500 денари плата во библиотека за живот во Скопје? Платени во општините се раководителите на сектори. Другото работи за ситна пара, тоест не работи, се шета, пие кафиња итн. Се влегува со врски, роднински или партиски. Ептен ретко е некој да е дојден по друг пат. Атмосферата е лоша. Секаде има озборување како на селска чешма, иако е државно, и некој мисли дека таму работат некои си јаки интелектуалци ( ова важи и за Скопје). На многу места се пуши и тоа е еден голем минус, непочитување на закон и труење на непушачите. Колку работат доволен е фактот да видите дека книгите кои ги добиле во библиотеките ги обработуваат, тоест внесуваат во систем по една година ( тука исклучок се Валандово, Прилеп, Демир Капија). Јас работам во приватна фирма. Ако на газдата му вадиш пари само за плата и придонеси, ќе леташ по неколку месеци оти си нерентабилен. Пари мора да му носиш, тоест со мој речник треба да си „р'мбаш“. Сите овие години немав проблем со редовна плата, оти да ми доцни еден месец плата, реално веднаш би си отишла, не би чекала. Плата земаме и неколку дена пред 1-ви. Бонуси има од 1.500, 3.000 или 6.000 денари, за Велигден, одмор, и по заслуга. За Нова година к-15. Мене работата не ми пречи, ми пречат натрапници кои не работат, туку кодошат. Некои така опстанаа со години, среќа па сега ги немам во фирмава, на други места заминаа. Искрено, над 50% административци да ги пратат во приватен сектор, ќе си извадат минималец, ништо повеќе. Газдите беа шокирани од идејата да примаат администартивци по наредба на Владата.
Се прашувам,до кога во нашата држава ќе се шират чаршиски муабети и ќе се понижуваат државните службеници дека се вакви или онакви. И знаете што? Изгледа тоа се,се прави од завист и срамота е.Само во нашата држава не се почитува ни еден работник,ни една државна институција или приватна фирма. Македонското око се сити и има омраза према СЕ! А никој не се погледнува прво себе си! Посакувам еден од вас да се вработи како државен службеник и тогаш да го слушнам неговото мислење.
Ве просветлив со тоа што посакав барем еден од вас да се вработу државно.Толку. Тие претходно работеле и приватно,не сте знаеле? Ако си работник,работник ќе бидеш сегде.Можеби вие сте тие што сакате да правите екскурзии на работа,па мислите дека во државно ќе ви e дозволено.
Сакаш да кажеш дека ти е тешко да работиш државно? Што не дадеш отказ тогаш? Илјадници работни места има.
Во право си дека ако си работник секаде ќе бидеш. Но во приватно никој нема да те толерира да си завршуваш приватни обврски во работно време. Знаеме колку работат на државно и колку им е тешко.
Пак ќе кажам. Не ширерњ чаршиски муабети. Не си завршуваат свои лични работи,освен ако зборите за некој ваш член од фамилијата што го прави тоа. Рекла казача муабети 30год во нашата држава.
Никој од мое семејство не работи државно. Второ, не е ширење муабети. Да не живеам во Мк, може ќе ти поверував во приказните. Која институција функционира кај нас? Кај нас само еден работи, другите се шетаат.
Затоа никогаш нема да имаме држава,затоа што никој не си ја работи работата како што треба! А за државните службеници,знаеме сите како работат, барем секој од нас имал искуство со вадење документи и слично. Каков е тој државен службеник кој нема појма во која служба работи? Само дреме и зема плата од парите на народот. Никој не спори дека има и луѓе што работат ама за жал од што се дозволи ова што погоре го пишав горат и тие покрај другите. Има еден куп примери, одиш во МВР за возачка ти викаат а таа вработената иде во 11 на работа,одиш во 11ти викаат на пауза замина ,ако имаш среќа да ја начекаш пред 15:30 арно,ако не ќе си дремеш таму. Одиш во суд , службеникот со нозе качени на маса ни добар ден ни ништо го мрзи да мрда.
Класичен пример зошто администрацијата е на лош глас. Општата неефикасност и безобразието кое преовладува нѐ засега сите кои живееме овде. Тоа што сте се фатиле за столче за кое реално немало потреба не ве прави недофатливи и над сите, напротив треба да сте како целина далеку поодговорни за јавните средства и како се располага со нив. Може таму кај што работиш се однесуваш вака кон граѓаните, но овде на јавен форум нема да ти помине. Вакво однесување на поединци е најголема причина зошто јавниот сектор е на лош глас. Добро, плус и тоа што колку повеќе вработени има, толку е понеефикасна првичната улога која треба да ја има, а тоа е непречено функционирање во корист на СИТЕ граѓани, што само по себе е парадокс.
Најопшто и најважно вечно искустсво: или ништо не работат или избегнуваат да работат. Ако немаш пријател, ништо не правиш, години и години ли години...
Јас не спаѓам во администрација туку во даватели на јавни услуги. НО, во најголем дел ова што сте пишале е така. Џабе се палиме и као глумиме дека во администација или јавни претпријатија сме утепани од работа. Луѓе овде работи еден или двајца другите се рашетаваат колку да им помине денот. Кога ќе дојде странка за нешто да бара се префрла топката од еден на друг и само ако ти се јави некој да посредува, само тогаш се убрзува работата. Иначе ќе си чекаш со месеци... Па врнело, па снегови, одмори, корони и така во круг. Затоа граѓаните се толку разочарани и не веруваат во работата на администрацијата. Ти даваш пари за нивните плати а таму на шалтер ти се продерава некоја тетка на која не и работело фигарото утрото па е нервозна .... И до утре да се убедуваме и иако сум дел од оваа бранша, стојам на ставот дека имаме не функционална администрација и дека таму се примаат секакви луѓе....
Луѓе каква омраза и љубомора? Ако спомнеш невработени, тепани жени, големи куќи, веднаш аргументот е „љубомора“ за што и да се работи. Во државно мојот извод го дале на друг, иако ми беше итно, па ми го вратија странките по месец дена со дамки по него, како чорба да јадел некој, кога веќе не ми ни требаше. Во државно, жена во катастар по грешка ни кажа дека друго лице живее на наша адреса, и не фати паника, па при друго одење во катастар испадна не видела убаво, Во АВРМ пола час чекав да ми најдат документ, не знаат во која канцеларија е. Во општина, од 140 вработени само 5 се за таму, другото е се за клоца и надвор. На кого да љубоморам? На неспособни што мама и тато им нашле работа? Таму каде јас сум работела една колешка задоцни пола час оти носела дете на вакцина, утре ја викнаа во канцеларија и и дадоа отказ со ставот „мислиме дека ти нема да одговориш на нашите потреби“. Жената почна да плаче пред сите, оти има дете за хранење. Сите што се чудат како е во приватен сектор, веројатно не работеле. Како е во државно, седат по кафичи во работно време дури ги чекаш на шалтер. Во библиотека каде е лежерно, една година не можат да внесат книга во систем, да ја заведат под број. На што личи тоа?
Баш пред некој ден, и кажувам на колешка што да направи за да има подобар преглед на некои работи, значи и кажувам за нејзино добро, да си олесни работа при пребарување на одредени податоци кои ни се потребни скоро секојдневно, а ги бараме од нивен сектор.. И нејзиниот одговор беше, има тука и други колеги, зошто јас да го правам, само и реков тоа е за твое добро бре, ти, за тебе да си олесниш.. она пак ме гледа и трепка, крева рамења.. и само и реков ти сериозно си ја сфатила работата на државен службеник ! Коса ми се крена, и на крај земав јас да средувам за Нивен сектор податоци, пошто и мене ми ја кочат работата, при што за два дена беше направена табелата со сите можни потребни информации за цела институција, за на крај да ми вика леле што убаво си ја средила, ми се плачеше да ви кажам право И сега они си имаат средена табела, за која не мрднале со прст, а мене очи ми капнаа два дена за нешто што не е ни мое да го работам.
Na tie takvite ko drugarkati i paga sistemot u petok sigurno Uzas !!!!!! Use koga ke gi slusnam kako se dogovaraat site da kazat na klienti deka padnal sistemot ...I na kraj samo moment ke proverime za kratko Zaino