Работа во државни институции

Дискусија во 'Барање работа' започната од Mateo mark, 7 ноември 2021.

  1. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Така некако, остави податоци кога ќе биде готово ќе ви се јавиме, па поминала тука цела недела, а требало да сменат само основни податоци во терк документ кој веќе го имаат во компјутер, или да направи копи пејст !
     
    На asdas и Just.do.it им се допаѓа ова.
  2. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2021-11-12-11-54-04-363_com.facebook.katana.jpg а вакви екскурзии дозволени се? Две години....
     
    На asdas, Tanjamm и Just.do.it им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    И како мислиш дека ќе се промени мислењето? Демек ќе си речам 'леле што зборев за службениците, колку било напорно, колку им е тешко, а јас мислев ништо не работат. Колку се фини и услужливи, секогаш тука за луѓето, летен и зимен одмор, па ова касиерките во маркет не работат толку многу.'
     
    На christinnn, raww, asdas и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.552
    Допаѓања:
    13.902
    Илјадници луѓе земаат и ќе земаат пониски пензии, оти вработените во ПИОМ ги мрзи да внесат податоци за стаж од 1991, 1992, а ги имаат во подрум. Некој нема ни да земе пензија поради нив. Ова ревизорите го утврдија. Инаку, одам во ПИОМ, пружам лична карта да ми провери колку стаж има, вели имате во фирмата книговодство, таму види си. Вртам во кол центар на ПИОМ, уште не сум поставила прашање, жената урла од таму како луда. Се е тоа за на клоци.
     
    На tea1221, winnie02, oblace1 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Дека вработените во јавна администрација не работеле ништо, само кафиња си пиеле и сл. во повеќето случаи е еден голем мит. Митот е создаден од самите вработени во јавна админ. преку принцип на озборување и клеветење на колешките и колегите кои од некоја причина не им се симпатични или се скарани со истите. Тоа се шири преку расипан телефон, од уста на уста (таа ништо не работела и сл.) речиси секој притоа додавајќи или одземајќи делови од приказната. На крај завршува во ушите на оние кои не се во јавна админ. и во нивните умови се создава нереална слика дека јавна админ. е мед и млеко, наводно „клати врата, зимај плата„.

    Проблемите на кои обично налетувате се должат на немање соодветни упатства или пак упатства составени од луѓе кои малку или воопшто поим немаат какви се потребите и ситуациите на терен (на пр. на шалтер) - и тоа потребите како на граѓаните така и на службениците. Таквиот менаџмент доведува до тоа упатствата во пракса да бидат неизводливи или дури придонесуваат кон поголеми проблеми и нервози и напнатости.

    Вашите искуства што се ги виделе „со свои очи„ се такви токму затоа што ги гледате низ призмата на тој мит, и не сте се нашле никогаш од другата страна на пултот да видите како изгледа полно работно време да услужувате неретко неписмен или полуписмен народ, иако си имате и свои проблеми и нервози. Точно е додуша дека сте платени за одредена работа, но дали ги имате соодветните услови да ја извршувате таа работа? Што е виновна диспечерката/-рот на брза помош ако имаат ограничен број на екипи кои (не) можат да ги испратат на терен?

    Дали сте знаеле дека голем број од членовите на избирачките одбори се од јавна администрација, не од партии? Дека поради каприци на политичките партии, упропастен им е викенд за мал хонорар, и многу ментален и физички напор, како на пр. чекање по 10-12 часа да се предадат избирачките кутии затоа што некој „паметно„ проценил дека доволно е целата операција во голема општина да ја извршуваат недоволен број на службенници? Зошто не се ангажираат хонорарци како за пописот? Ако е до законот, тогаш законот треба да се смени или надополни.

    На пр. низ скопските јавни болници и клиники честопати има гужва. Од лично искуство тврдам дека лекарите и пред пандемијата беа посветени на пациентите. Зошто да се воведе втора, па ако треба и трета смена за прегледи, контроли и консултации? Лекар 24/7! Но тоа за да функционира потребно е да се вработат доволно лекари за сите смени, а не да се оптоваруваат веќе постоечките вработени.

    Како вработените од јавна админ. но и другите граѓани да си ги завршат работите во банка (да платат сметки), кога банките работат до 16 или 17часот а за време на викенд воопшто не работат? Не сите имаат компјутер и знаење за интернет банкарство. Секако за тоа не се виновни банкарските службеници на шалтер туку (претпоставувам) управата.
     
    Последна измена: 12 ноември 2021
    На tea1221, tambelina, sagittarius57 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.963
    Ете се јави уште еден вработен на државна града.
     
    На Tanjamm, Аргентина *, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    За каков мит збориш? Тука кажуваат луѓе од нивно искуство, не од озборувања.
     
    На Idedemja, S.W.A.G, Tanjamm и 5 други им се допаѓа ова.
  8. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Леле леле упропастен им бил еден викенд годишно малее.
    Знаеш дека има луѓе што секој викенд се на работа во смени а не еднаш на две години, така? И тоа пази ви е платено:!:
     
    На CareTee, Idedemja, S.W.A.G и 7 други им се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Па затоа реков „од искуство„ стекнато со гледање низ призмата на митот.

    Кога ќе се вработите (или ваш најблизок) во јавна админ. сегашно време (не пред децении) тогаш друг муабет ќе правите. Сега вие како гости во кафуле ги забележувате маните на келнерката/-от но кога ќе се најдете од другата страна на шанкот, ќе почнете да забележувате колку гостите се во заблуда.
    Едно платено шо им е, што да ти кажвам, милионери станаа луѓето! И наместо да речете во право си, дај да се дадат парите на оние кои немаат никакво вработување уште им се подсмевате на луѓето.

    п.с.
    И за тоа ви се виновни луѓето од јавна администрација? Прашањето треба да ви е зошто е кај приватните тоа така? Од каде им нив таква искористувачка идеја, кој тоа го дозволува и како тоа да се промени кон подобро? А не цркнала козата на едните, па сега од завист нека им цркне козата и на другите.
     
    Последна измена: 13 ноември 2021
    На tea1221 и kikin им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Ах ко не сум на власт, ќе видите вие 120.000 луѓе во администрација и вработување со врски.
    Па уште и 'сон' да ти е да работиш во државна администрација.
    Да фаќаш врски, за да ти завршат работа за која се платени од твој џеб.

    На запад се викаат Civil servants државните службеници
    Кај нас се Civil vultures
     
    На sagittarius57, Emy867, S.W.A.G и 4 други им се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Затоа што или им е таква управата (директори, шефови, управни одбори и сл.) или тие кои се над нив (општини, градска управа, надлежни министерства и сл.) се незаинтересирани и непосветени на решавање на вистинските проблеми.

    Конкретен пр.: Тоалетот во јавната институција е гнасен бидејќи нема хигиеничари, директорката писмено бара дозвола за вработување од надлежните, наместо одговор, по неколку месеци стига решение да се вработи обезбедување или возач, иако веќе ги има доволно. Нововработениот иако е од партија, како човек е разбран и фин, па првично се нуди да го исчисти тоалетот. Ракавици нема проблем, има едни дома ќе ги земел... само нека му дадат средство за чистење и џогер. Директорката вели, види кај хаусмајсторот да не има останало средства за чистење... ама таму нема. Оди во сметководство, таму велат нема пари за такви средства, нека дошол следен месец. И така неколку пати за по некое време со право да каже возачот „аман луѓе више со тоалетов, не ми е тоа работа, вработете чистачи!„. Во меѓувреме управниот одбор заседава и донесува односно одобрува одлука или предлог да се инсталираат копчиња со кои странките/граѓаните ќе ја оценат услугата на шалтерите со задоволен незадоволен и неутрално бидејќи такви виделе кога биле на семинар низ Европската Унија. Граѓаните згрозени од тоалетот го стискаат масовно копчето „незадоволни„. Во други институции хаус-мајсторот и сметководителот заминале во пензија, но не се отвора ново работно место, наместо тоа се ангажираат скапи приватни надворешни соработници кои не секогаш ја обавуваат работата квалитетно.
     
    На tambelina и kikin им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Епа нека се бунат вработените.
    Не им смета да мочаат во гнасно вц?
    Или не им е тоа во нивна надлежност?
    Ко за се' друго...
     
    На Tanjamm и Mikha4 им се допаѓа ова.
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Се бунат. Нема ефект. По некое време почнуваат да го користат тоалетот од блилскиот ресторан, кафуле, ТЦ каде одат за време на пауза. Вработени во приватно или невработени го гледа тоа со свои очи и си вели „Алал да им е од јавна администрација, цел ден си одат по кафулиња!„. Потоа изреволитрани пишуваат на форум кој све работи по тоа администрацијата, и тоа за народни пари. И така митот за мрзливата јавна администрација се здобива со нови „аргументи„.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  14. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    А ако толку ви пречи што не се договорите да си исчистите ? Еден распоред за сите по еднаш. Повеќето приватни фирми така функционираат. На пример во маркет касиерот и на каса работи и роба реди а богами и растовара, и прашина брише а понекогаш и вц чисти. И јас во фирмите кај што имам работено имам чистено вц. И за тоа не ми било срам. Или полесно е да се појде во кафуле во вц каде што одат сите отколку да си направите договор и да ви биде чисто оти само вработени нели го користат? Или па понижување е?
     
    На Idedemja, S.W.A.G, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Затоа што ќе им фалат луѓе на другите места, дури и така на смени. Работите набрзо стануваат нефункционални. Не е јавната институција Мекдоналдс...
    Тоа им е во описот на работното место и платени се за тоа. Дали се платени соодветно, тоа е веќе друга приказна.
    Ако не, да си завршат сите еден курс по сметководство, електричарство, возење комбиња па на смени нека ги водат финансиите и на смени нека ги вршат поправките и возењата. Не оди тоа така! Затоа постојат соодветни работни места, прашањето е зошто надлежните се оглушуваат или даваат приоритет на други работи наместо на решавање на конкретниот проблем.

    п.с.
    Тебе не срам, на газдите „срам„ им било да платат чистач/-ка.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  16. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Ама работа на администрацијата е да работи за народот и државните процеси ноермално е да бидат ваша работа. Не реков дека е поради вас за приватното ама зедов споредба за да то кажам дека немаш ич прпстор да се жалиш за еден изгубен викенд кој патем е платен.
    Завист за шо? Толку е убаво таму, затоа се жалиш за небитни работи?
     
    Последна измена: 13 ноември 2021
    На Idedemja, Tanjamm и Mikha4 им се допаѓа ова.
  17. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не знам за вас и за други, ама 8часа да немам кај да појдам во вц (да ми се гади) ,да немам кај да менувам влошка кога имам добиено , ќе појдаам 15мин порано или еден ден ке ја жртвувам паузата и ќе исчистам. Тоа е до карактерот, не е до ништо друго. И ќе им предложам на колегите истото да го направат. Да ,разбирам дека е проблем што надлежните не сакаат да преземат мерки, ама да одам во вц по кафичи, а имам кај што работам што знам некако ми нема логика. Додека сите така се правиме наудрени,ништо нема да функционира. Емпатија фали многу,скоро секаде се гледа само да се оговара другиот ,да му се наштети , наместо сите сложно да работат како прво за доброто на себе а после и на другите. Ама џабе,нас секогаш друг ни е крив. П.с. си имаа чистачка ама преку агенција и доаѓаше еднаш неделно, останатите денови имавме договор вработените и распоред,зашто хигиена е половина здравје
     
    На Idedemja и asdas им се допаѓа ова.
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    Парадоксални глупости. Членки тука кажаа нивни примери колку и како биле услужени во јавна администрација, значи тие кажуваат од искуство. И тоа не е мит, вистина е дека во државно најголем дел ништо не работат, пијат кафиња и си завршуваат приватни обврски во работно време. Ако е толку лошо државно зашто не идеш приватно, може таму е подобро.
     
    На sagittarius57, Idedemja, S.W.A.G и 6 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Аууу, значи за мочање шетале по 3 саати во работно време?

    Очигледно не се бунат доволно.
    Не знаат да се самоорганизираат луѓето, пошто на повеќето им одговара да не работат, а да им стига плата секој месец.

    Реков, лекот е кратење администрација и прекинување на циклусот на партиски вработувања.
    Не е одржлив системот со толку буџетари.
     
    На sagittarius57, Idedemja, S.W.A.G и 6 други им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Значи изговор за одење во кафулиња е дека немаат соодветно санитарно катче. Ко божем тоалетот од златни перја е правен во кафулињата.
    Абе признајте си дека сакате повеќе да ви е “зимај плата,клати врата.”
     
    На Tanjamm, asdas, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.