Многу лесно е да се намали администрацијата, но проблемот е кај ќе ги вработиш потоа. Намалување на администрацијата значи зголемува на сиромаштијата и социјална криза.
Уште еден од низата класични македонски сељачини од газди, т.е. локални ликови уфилмани дека се Елон Маск во бизнисот и дека водат фирми со милионски добивки, а не фирми, кои ги изградиле преку партиски врски и живеат од надеж дека државата ќе им даде тендери. Не сите, но голем дел се такви. Жени со деца, бремени жени треба да се најзаштитениот дел од општеството и треба да имаат највеќе привилегии, затоа што тие создаваат живот, работна сила, иднина, а не и тие малку што раѓаат уште повеќе да им создаваш слика дека мајчинството е терет, а не најубава работа за една жена. Затоа секоја нормална власт во Македонија треба малку повеќе да поработи со тие газди на нивно превоспитување. Нормално ако сакаме да не има за 40-50 години.
Состојбата во приватниот сектор многу зависи од ефикасноста на државните инструменти за спроведување и почитување на законската регулатива. Да беше инспекторатот приватен, сега сѐ ќе беше под конец и во приватниот сектор. Кој е крив кога работници пријавуваат злоупотреби, а наместо заштита добиваат отказ? Ако во кафуле не ме услужат добро утре ќе седнам во други и само они губат како бизнис, а за извод, имотен лист немам избор кај да одам на друго место, плус квалитетот на животот ми зависи апсолутно од нив, а не од маалското кафуле. Срамота е ова што го пишуваш. Живеам во внатрешноста, горе-долу сите знаеме кој каде работи и колку работи. Околу условите не се бунат воопшто и уште помалку за тоа што не функционираат институциите кај што работат. Проблемот е што упорно се зголемува со нестручен кадар. Не се работи на создавање нови работни места каде што треба, туку приоритет е сместување на партиски членови по секоја цена.
Нека му ја мислат тие шо ќе останат без работа. Точно е дека ќе има криза и ќе влијае на цела економија, ама шо сме сееле, тоа ќе жнееме. Сами го дојсовме до тука, не ни ја наметна некој 'културата' на земање плата без работа и преоптоварување на буџетот. Повеќето гласаат со надеж дека партијата ќе ги вработи на државно. Епа чорба. *Да речеме плата од само 20.000 денари месечно. 20.000 Х 120.000 =2.400.000.000 Значи секој месец, само за плати, без пензиско и здравствено, и под услов да не зема никој повеќе од 20.000, а има и што повеќе земаат. Во евра: 38.709.677 - месечно
Да претпоставиме дека е толку на број администрацијата, помножи ја по 3, 4 во просек, толку гласови носи еден административец или некој што директно има интерес од државната каса, и ќе го добиеш бројот на гласачи на последните избори.
Примерот со мојот извод кој го дале на друго лице е од поодамна, кога се поднесуваше барање и за 7 дена одиш да го земеш. Одам на шалтер, ми велат нема, може не е готов, одам по 10 дена, пак исти одговор. По месец дена странките на кои им го дале мојот извод, ми го донесоа дома, мрсен, валкан, а и веќе не ми беше потребен, рокот за аплицирање и така го испуштив. Денес да дадат нечиј извод на друго лице, едноставно може да ги злоупотреби личните податоци. Ова беше во време кога народот не беше толку „профинган“ за злоупотреби. Моја роднина пензионерка добива решение дека ќе и блокираат сметка оти наводно не платила за одржување на зградата, што не е вистина. Жената ги зема сметките, оди го бара административецот кој е потпишан на решението, и не го наоѓа во канцеларија, туку ја праќаат во кафич каде што седел на кафе. И рекол „ааа ние да не ги бараме луѓето во систем, кој должи, а кој не, на сите комплет им пуштивме опомени, па кој не платил ќе плати, немај гајле, да те почестам нешто“. Жената се пожалила дека и направиле стрес, оти таа прво сметки си плаќа, па после за другото што ќе остане. Јас инаку додека работев во мала фирма, имав клуч, доаѓав на работа час и половина пред газдата, така што денот ми почнуваше со бришење на бирото, тастатурата, метење, и рибање со џогер по потреба, оти беше мала канцеларијата, 4 на 4 метри, и не ми беше мака воопшто. Во саботите кога е полабаво си рибав и ходник. А никој не ме терал, јас седам на таа маса, и сакам да ми биде чисто. Фрлање на смет исто, не е тоа тешко. Имаше еден постар колега и ми велеше „абре дете, јас еднаш ќе го фрлам, ти 10 пати, се ме претекуваш“. Инаку, викаа чистачка ама поретко, и тешко се наоѓаа вредни жени да исчистат. Една дојде, па од несмасност истури кофа вода во канцеларијата, па турна слика од ѕидот, па наместо во еден ден да ги среди тие 50 квадрати, и втор доаѓаше да дочистела и на крај и рекоа „слушај ваму, ти вака ако чистиш, овие неколку простории ќе ги чистиш може 10 дена, ама ние нема да ти плаќаме за секое доаѓање“.
За жал сурова реалност. Инаку, фирмиве каде јас работам немаат врска со партии и тендери. Ние сме сектор кој не зависи од партии, туку од клиенти. Жената една работна задача ја одложи за „утре, задутре“, па носела дете на вакцина и задоцни, и газдите сфатиле дека тоа може да премине во пракса, па навреме се ослободија од неа. Тоа е реалноста во Македонија. Ако му носиш пари, ок, ако не му носиш, чао пријатно. Ако си вадиш само за плата и придонеси, а не носиш плус пари во фирмата, ќе те помножи со нула, такви на пазарот на труд има со лопата да ги ринеш. И фирмата каде сум сега, нема врска партии, тендери. Еден колега е фан на Заев, па се караше со вмровци на ФБ, по што доби опомена дека тоа не смее да го прави, оти му стои инфо каде работи, и не смее да лепи етикета, да мислат дека фирмата е сдсмовска или вмровска.
Искуство од приватна „администрација„ (во Рамстор на каса) - чекаат 4 луѓе на каса, муштериката нешто проблем имало со грамажата на портокалите, продавачката љубезно оди до делот со овошје да ги измери портокалите. Луѓето негодуваат... доцнат на работа или им истекува пауза, но продавачката не може поинаку, така ѝ е наредено да прави. Во некои маркети имаат вага на самата каса. Не е до касиеракта (службеничката на шалтер и др. административци) до менаџерите и осмислувачите на целиот процес е. Искуство од здравствена „администрација„ (лабораторија при градска болница): На пациентот му земаат крв од вена, му се слошува малце сестрата љубезно му помага да подлегне да се смири и со желба да го орасположи му кажува смешки. Пациентот се орасположува и заедно се смеат. Во истиот миг вратата ја подотвора друг пациент прашува нешто но не го довршува прашањето бидејќи ја слуша смеата, погрешно сфаќа дека нему му се смеат и шокирано вели: „Смешно е?! Смејте се вие, само смејте се... а ние ќе ве плаќаме нели приватно!„ - и ја затвара вратата без да ѝ дозволи на сестрата да објасни и да се обиде да го услужи. (Претпоставуваме) потоа оди по роднини, пријатели и форуми и раскажува каква багра работи по тоа болниците. За ова си во право, но ова се однесува и на емпатија кон јавната администрација, а не да генерализираме дека сите се професионални вратоклатачи. Згора ако ги задолжат вработените да им ја одржуваат, тогаш е и преполовен трошок! Со други зборови кажано ве искористиле да си ги намалат давачките, мешајќи ја вистината (хигиена е половина здравје) со своите мотиви за профит.
Гостите не се таму да ја услужуваат келнерката, ако келнерката не ја бива да се прилагоди на работата и потребите на клиентите и се правда дека овие се во заблуда зошто не се најзино место гадно се лаже. Или ќе се прилагоди да работи како што доликува по струката, угостителска или ако немаат нели план како да работат како што спомна пример е во администрација ќе си направат самите (ете погоре пример девојката на пријателка и направила табела да и ја олесни работата, 2 дена се мачела, за едно фала што нив таму 30год. ги мрзи да направат) или другата опција е да си заминат. Не се пронаоѓаат во работата, клиентиве им се неписмени, злобни и мит ширеле дека ништо не работат таму или пак им биле во заблуда има решение отказ и нека седне некој што сака и е способен да работи. Кутрите на кутии седелепа викенд им се расипувал, знаеш попис колку саата трае у трговачки сектор, а при тоа не им е ни платено, некој можда сендвич ќе им дадат или мизерни 200-300 преку сила 500 денари за саат и саати попишување. А попис и седење на избори не е ни споредливо, овие се прекшуваат од работа, цел викенд упропастен, не ни платени и најчесто ни слободен ден немаат утредента, пак во пон. редовно на работа. Ептен ако се смилува некој им се дава слободен ден некој во месецот натаму. За греотка во јавна адм. како што ти опиша, еве ај групно да си поплачеме со нив
Не им е виновна јавната администрација за тоа. А тие на кутии ни сендвич не им даваат, освен ако не се набљудувачи испратени од партија. Келнерката правилно си ја врши работата, но понекој од гостите ѝ се истресуваат, вреѓаат озборуваат како ѝ е нејзе лесно, клати два макијата земај плата...
Никој не прави муабет кој е виновен туку кој е мрзоволен, неработник, ако не можеш да го уочиш тоа или така ти чини да не можеш нема што да се дискутира понатаму. Келнерката ако има време да уочува кој како реагира па некако изгледа стварно не си ја работи работата како треба и за која е платена во случај на држ.адм. од народот, па многу зјапа и се сее да набљудува наместо да работи, така да нема оправдание. Ама ако сакаш да има ајде еве ќе ги потапшаме администрацијо најдобри сте, идете мочајте у вц-њата на приватниот сектор, лушпи од банани, јаболки, крставици и смрдени влошки нека ви седат и се распаѓаат до следната власт кога ќе дојде и ќе ве смете сите како што и се прави. Едни мрзи со книшка идат, други со друга книшка доаѓаат, тешко на 1-2 што работат за сите.
Ако стоите позади вашиве мислења за вработените во државните инситуции, зошто вие не направите некоја промена во државата? Во приватен сектор по дифолт-газдите се криви. Во држаниот-вработените не ги бива, а ПАЗИ истите доаѓаат од ПРИВАТЕН сектор. Значи не се паднати од марс. Ајде еве вие како поединки почнете да делувате на промените во нашата држава. Генерално зборам за се,не конкретно. И не превземам ничија страна.
Ц, по 15 носат. На список, со матичен број, адреса, тел број, се' комплет. @daylight како во описот на работното место на касиер му е редење роба???
ТИ ПАЗИ СИТЕ НЕ ИДАТ ОД ПРИВАТЕН СЕКТОР ИДАТ ОД СРЕД.ИЛИ ФАК.КЛУПИ И ЛЕПЕЊЕ ПЛАКАТИ И... Да еве сега сум у план да направам некоја промена која опфаќа да не дискутирам со клатачи на врата у државна адм. што само цитираат без аргументи
Каква промена да напрајме? Ние да им ја работиме работата на административците? За шо сте вие таму? За декор?
Да де и да идат да мочаат у кафичи, битното го пропушти па и ти па А уз пат 2 саата у просек да не знаат да си го најдат патот од тоа вц до нивната канцеларија
Важи цуци, скролај ти на фејсбук, а јас еве ќе ја оставам мојата работа и моите проблеми и ќе дојдам тебе да те менувам на 30+ години. Сериозна си?
Да дојдеме да ви ја завршиме и вашата работа ако не? Ќе ни ја дадете и платата И како тоа јавна доаѓаат од приватен сектор? Вака сега, очигледно те погодува темава, но општата перцепција е таа поради лични искуства, никакви резултати, неефикасноста.. сѐ е со причина, и проблеми кои се наталожиле со години во јавниот сектор сѐ повеќе изгледаат нерешливи. Никој не те напаѓа лично тебе, но ситуацијата е таква и фактичка. Нема што да се споредувате со приватниот сектор, затоа што тој е веќе во 21 век, и по вештини на работниците, и по ефикасност, и со технологии, и со усовршување на работните процеси.... додека администрацијата сеуште се ослонува на стандарди поставени од времето на Југославија која не постои веќе 30 години. Јасно, но го даваат тој список како доказ, и јас сум била на такви но никогаш не сум ги гласала, затоа мислам дека 3-4 е реална бројка, пример 120000 по 3.5 е 420000, а бројката на гласачи вкупно беше околу 450000, мислам.