Променето го принципот на вработување,рабитење и слично. Втора работа, НИЕ за декор. Немој да бидеш толку сигурна дека сум таму вработена. Трето како што кажав, направете ја промената имво приватно и во државно. Во приватно исто се за декор да ги ругаат газдите. Грешка си дека МЕНЕ ќе ме менуваш. Смени го начунот на функционирање во државава. Се гледа темата кого допира најмногу. Не прекинавте по цел ден и цела ноќ.
Па не знам, дискусијата си почна скроз ок, секој со своето искуство и се убаци ти со ароганција во какви услови работеле административците и покрај тоа што споделивме неколку искуства од другата страна на шалтерот. Што треба да помислам, дека ружи цветале на секој шалтер кај што си била? Нормално дека помисливме дека си државен службеник инаку зошто би барала од нас промени? Промените треба да дојдат од тие што си ги гласате секои избори, од нив барајте си промени. Мене работата не ми зависи ни од вмро, ни од сдс. Вие не сте задоволни од вашите работодавци, ние од нашите службеници и така цел систем е во колапс. Значи кој треба да се смени?
Убаво пиша треба и од тие што се гласани ама и од тие од администрацијата од најдоле до најгоре треба да се сменат, а не тие од доле ќе ја видат 1-2 еве и 3 Славици си можат па и тие неможејќи по работодавците и Славиците удираат со ароганција, неуслужливост кон народот, по онаа народната ''ако не можеш по магарето удри по самарот''. Да не се лажеме како е за да ти завршат работа за која се платени или треба да познаваш некој од нивниве претпоставени да ѕвониш па тие да ги натераат овие да сработат или митото да заигра ако никој од горе не познаваш. Браво за чесни исклучоци од оваа шема, не дека ги нема, ама ретки се таквите, што велиме од мајка родени што озбилно сфатиле што значи да идеш на работа, поштено работиш и заслужено зимаш плата без да ја гледаш Славица и се поведуваш по нејзиниот ум и однесување.
Тоа е вреѓање јас што го прочитав. Тоа не е споделување исксутво. Вакви биле такви биле,тоа правеле она правеле вака вработени онака. Никој од нас не треба да ни е гајле кој каде работи и што работи. Напишав дека треба да се почитуваат сите. Приватните фирми исто се катастрофа со странки,клиенти,што и да се, заради газдата шефот…што и да е и се светат на овие што не се виновни. Така е нели? Уништуваат намерно роба,крадат пари додека можат, го загрозуваат. И? Те молам, ние сме најнеработливиот народ што само вака знае да е јак позади тастатура и толку. Нема добрина и ништо кај нас. Заради тоа што приватниот сектор не е толку гласен,нели “демократија” затоа скоро ништо не се збори јавно.
О и те како ќе ни е гајле, грижа додека од мој, наш џеб се платени, а не нудат никаква задоволителна услуга. И секогаш ќе реагираме за лошата услуга. И на приватно реагираме, ама таму одма се менуваат неспособните за разлика од на државно. Многу погрешна перцепција имаш за приватниот сектор, претпоставувам дека ден стаж немаш во приватна дејност, бар на таква кај што примарно се работи со услужување странки.
Лоши работници има секаде. Еве јас сум во приватен сектор и работам со странки. Шефот може да ми се качи на глава, да ми скока на неа, да ме малтретира, да ме притиска, да врши мобинг (мое е дали ќе останам во фирма или не) ама моментот кога јас ќе го истурам мојот бес на било кој од фирма или странка, јас летам од работа. Е ова го немаш во државно. Ќе си се испокараш фино лепо, ќе ти го расипе денот и никому ништо. Кај да се жалиш? Едно време и тастери имаше на шалтер да дадеш оценка за услугата, ги исклучија од струја во една институција и им се смееја на луѓето 'штракај колку сакаш'. И така. Како не треба да ми е гајле кој работи? Си била извод да вадиш? Да одиш два дена по ред, обезбедувањето да дава предност на негови пријатели, да ѕвони по шалтери чии документи први да излезат? Знаеш дека извод за детето земавме со врски? Морав да кренам слушалка да речам 'те молам јави се види до каде е, итно ми треба, чекам повеќе од 10 дена', за на крај да биде готов за 15мин. И зошто? Како да не ме интересира кој/а неписмен/а зима 20000+ денари плата? Да, неписмена, мрзлив паразит закачен за државна цицка. Тоа е реалноста.
Секој од секого зима пари. Дај малку пошироко гледајте. Тоа е начинот на живот едноставно, се се врти околу парите. Доволно имам стаж за да зборам вака како што зборам. Во приватни фирми исто така има неработници,затоа што овој бил внук на шефот,другар на овој, братучед на оној и тоа е еден ланец кој што не можеш да го скршиш и пак дреме таму,нема да работи ништо и ќе се изживува врз клиентите и ќе си го краде својот вујко,другар,братучед. Така да, како и да свртиш истото е сегде. Само треба реално и пошироко да ги гледате работите.
Ние сите многу широко гледаме, ама некој не гледа широко туку ограничено гледа и не убедува дека бајките се реалност. Пак по ова што читам сфаќам дека немаш доволно стаж на приватно, зошто да имаше ќе сфатеше роднините и врскаџиите на приватно се на топ позиции и таквите нема што и кого да крадат, преплатени се и таквите нема да ти услужуваат клиенти и се изживуваат со нив како најдолните по хиерархија на државно. И да ниедна не рече нема врскаџии на приватно ама тие се 1-2 во приватен сектор исто толку 1-2 колку што поштено работат на државно. Реципроцитет некако? Логика во твоево погоре пишано некако? Не, епа да тоа е.
Колку лежерно си ги ставаш на вага работиве, тоа е чудо. Приватни фирми мора да имаат стратегија која ќе вроди со плод, односно ќе биде доволно профитабилна да ги покрие сите трошоци со својата работа меѓу кои и плати за вработените, обврски кон добавувачи и даноци кон државата. Јавниот сектор прибира даноци за да може да подмири плати на целокупната администрација, и сите други обврски кон јавни набавки, да не редам, најверојатно ми ја сфати поентата. Се сомневам дека тролаш бидејќи и ова ниво на ароганција е веќе незамисливо и не сакам да верувам дека сте до толку несовесни.
И да трола она на темава, небитно, жалното е што со вакви размислувања како нејзиниве се огромен процент на државна цицка закачени и ако се побуниш малку дека треба да сработат нешто дента, документот што ти треба од нив може последна ќе го добиеш, ако и воопшто решиле да ти го дадат.
Се гледа се. 3/4ца работат за сите 100 други, затоа што тие му се фамилија. Па каснат со извршување на работара тие зошто се незадоволни и се мајтап со се околу нив…. Па тие 3/4ца ќе си отидат во странство и ајде пак отворен оглас за вработување. Као да не живеете во државава.
Пишав многу убаво секаде каде што реплицирав. Од даноци се финансираат сите државни институции!? И маркетите зимаат пари од граѓаните затоа што МОРААТ да купат да се нахранат. А даноци колку што знам секаде во светот се плаќаат. Не е измислено само кај нас, па да збориш као дека те крадат или слично. Граѓанска должност е тоа секаде. Кога веќе си се свртела на даноците.
Да, од даноци се финансира државата и сите нејзини институции, само што јас како плаќач на даноци и граѓанин на оваа држава, друга држава не може да ми издаде пасош, извод, имотен лист, здравство... Резидент сум овде, овде плаќам даноци и овде треба да бидам услужен. Ако во некој маркет не ми се допадне услугата и третманот, ќе одам во друг, тие губат клиенти во тој случај, не знам што не е јасно
Моја школска единичарка ,не знаеше да чита до 8одд.е раководител на сектор. 90% неспособни партиски мрзи. Да ги ставиш приватно да работат или нешто друго, десет денари нема да можат да заработат. Ние сме будали што плаќаме данок за овие мрзи.
Ние мораме да ги тинтраме клиентите, мора да биде како тие ќе кажат, инаку, не сме само ние на пазарот, имаме конкуренција, па ако не работиме добро ќе пропаднеме. Во приватен сектор има луѓе кои цел век се шлепаат на циле миле муабети, кукање како тоа се мајки, како имале кредити, како платата не им стига, ама реално опстанале поради нашата толеранција и совесност. Тие луѓе си имаат докторат за сплетки, манипулации, угнетување. До скоро една колешка која од не знам кои причини беше толерирана, и земаше денови за да оди по гости во друга држава, дојдоа две 50 годишни колешки и кога почнаа да газат со работа, едната си рече „јас овде си давам придонес, а некои други што прават, ништо“. Директ мрзливата колешка во друг сектор, па кукаше после на фб, и мислеле зло. Никој не и мисли зло, ама кога немаш знаење, не се перчи и чепкај. Деновиве една моја познаничка која работи државно, доби деца по пат на инвитро, и нека и е со среќа, убаво е тоа, но не паметам кога последен пат била на работа, оти земаше долгииии боледувања, па сега е на породилно. Такво нешто нема во приватен сектор. Сите кои работеле во приватно, а решиле да станат мајки по пат на инвитро, најмалку 3 години остануваат без приходи.
Не би требало да биде така, но на некои огласи тоа отворено е наведено како опис. Но ако веќе е така, треба соодветно да бидат платени.
Ај те молам појди еден ден во некоја конфекција и види дали 3/4 работат за газдата. И дали ако забушаваш , ако си правиш муабет со колешките нема на плата да те казни. Или ако имаш недај боже потреба од да отидеш на болница. Исто во маркет, зборни на телефон во работно време. Државната служба треба да е во служба на народот. А не да чекаме да го допијат кафето,да го дојадат ѓеврекот и да се вратат од шопинг. Маж ми требаше да вади извод од друг град,зеде слободен ден од работа, госпоѓата таму му вели дојди утре. И вели не можам утре, од друг град идам. Епа ај дојди во 15 ч. Одиме таму , жената игра солитер,пренесена ,те гледа како најголем душман, и за 10мин куца и дава извод. Епа зошто бре велиш дојди утре? Среќа имаме сите по некој другар,роднина,познаник вработен на државно па знаеме како функционира се. Ако имаше толку незадоволство од работата во државно зошто нема на секое огласи како што ете во приватен има ? Никој од убајна не си оди
Како што сме тргнале, за темава и книга ќе напишеме. Има не многу, туку милион работи што не функционираат во државните установи, и една од тие е тоа што се полнат вработени на работни места за кои што веќе има доволно вработени, па овие другите ќе џаболебарат после, наместо да се вработат на позиции каде што реално има потреба. Пример хигиеничари ! Останатите членови од мојата фамилија работат во приватни фирми, каде што член имаше потреба од подолго боледување и неплатено отсуство, па фирмата одлучи дека од полно работно време, ќе го пријави на скратено работно време, бидејќи ја оштетил фирмата од толку отсуство и доби опомена за отказ (ах, да напоменам дека работи за минималец) ! Тоа на државно го нема, еден куп вработени одат на неплатено, платено, боледувања и какви уште не отсуства и никому ништо, некои имаат вистински причини нормално, а некои само злоупотребуваат.