Мајка во приватен сектор е најголемо зло. Па ај едно дете, ама ако сакаш две или повеќе збогувај се од работа. Наместо државата да преземе мерки за мајките даа се најзаштитени затоа што се осудиле во оваа држава да дадат допринос за наталитет, тие се најпонижени, најосудувани. Ама тоа е веќе друга тема. За ова да бидеме искрени, не се криви вработените во државни институции,туку системот,државата и општеството. Реално додека се ставаат луѓе на пример со ете како Мила што е министерка за образование со социологија мислам има завршено ќе биде вака. Тогаш кога ќе почне да се цени школото,знаењето и придонесот во работата работите ќе почнат да се менуваат. Кај нас се оди наопаку, вистинските вредности се заменети со се погрешно. А тоа што вработените на државно го злоупотребуваат тоа тоа е друго. Има и меѓу нив прекрасни луѓе, никој не го спори тоа, ама за жал многу малку се. И баш тие се оние кои искрено признаваат како е .
Така е, имам и прекрасни колеги кои ем си ја тераат работата, ем се колегијални, сакаат да се заврши работата, да им помогнат и на колегите и на странките, но тие се помалкубројни за жал. Има луѓе кои се мислат дали да земат слободен ден, ама на колегата да не му остане многу работа.. и така натаму. Но, има и такви кои нема ни да ти кажат дека отишле на одмор, нема ти што да знаеш, тоа си е приватно, ко да не треба да ја работиш и неговата работа.
Работев во државен сектор во една дирекција и искрено самостојно си излегов бидејќи немам намера да си го тепам времето за 25 000 денари плата. Реално, просечните работни позиции не се соодветно платени. Се префрлив во приватен сектор и сега сум далеку по платена. Вистина е дека помалку работа има по државните ама ако веќе сум отишла и си го губам цел ден по исплатливо ми е место да дремам да работам и да земам многу по висока плата. А дека може да се прави што се сака се лажат тие кои никогаш не работеле во државен сектор. И таму има надредени и правила кои мора да се почитуваат.
Дали некој или некоја беа со договор на дело во оној период кога се смена власта? Па беа и избркани без очигледна причина. Дали има некој и да се оди со групна тужба, бидејќи не може само смена на власт да определува дали ќе се добие решение или не. И ако некој има адвокат нека ми пиши сакам нешто да прашам во лп
Треба да разликувате договор на дело и договор за вработување. Договор на дело се користи вообичаено за хонорарни работи, краткорочни проекти и сл., нема обврска за придонеси, ниту се пријавува во АВРМ. Претставува најобичен договор за размена на услуги. Тоа што самата држава го користи за други цели не е во ред. Додека не добиете договор за вработување или популарното наречено решение, вие не сте вработени, секоја тужба може да биде само во рамките на самиот договор. Освен ако не пишува дека е нераскинлив со промена на власт . Патем, колку што знам сеуште се нема сменето.
Не ми е јасно само ако е толку тешко, напорно, постоеле правила и се работело во државните институции, зошто побогу се тепате и душите си ги вадите да работите таму? Ем работа, ем мала плата. Зошто? Повелете во приватен сектор. И посочете ве молам една државна институција која функционира, каде одиш еднаш и завршуваш работа, без да чекааш саати/денови/месеци... Сериозно.
Еве јас ќе го напишам моето искуство , па видете сега.. Се вработив како надворешен консултант, на прект имаа таква ставка и ајде аплицирав. Одеше преку агенција, вајда од партија не им се нафати никој да работи па јас влегов. Значи бев во канцеларија со уште 4ца вработени таму, од кои двајца беа фигуративно.Едниот само слика гледаш од него тон нема. Почнав да работам , ајде тргна работава некако и почна да се реализира сега се што навеле во проектот ( им го пишувал некоој рандом што има отворено некои биро). Треба да се соработува со минимум 7 кои се таму вработени. Не можат да работат , верувајте колку не се заинтересирани за сорабтка. и колку се нестручни тоа чудо. А одговорна работа е реално. Зборувам за вработени во општината. Кога и да речеш да се сработи не знаат и не можат. Сама ќе сработам ти удри потпис, ги бараш три дена се на состаноци се( мистериозни). Пола се нестручни, шефот што им беше на оделот беше со земјоделски факултет. Не можам да ви опишам што доживеав таму. едвај чекав да заврши договорот да бегам што подалеку. Се заврши, ми понудија понатамошна соработка за уште 3 години со вработување јас не се нафатив. Тешко таму на тој што треба овие да го советуваат.
Dali si imal iskustvo so agencija za adminisyracija do sega mislam na ispiti so polaganje za drzv.sluzbenik ili i toa e partija sve i pravemje maska na obicnive lugje so zavrsile fakuktet pa imaat nekoa nadez Toa ostanale dobri stari vreminja,denes i da te odobrat na oglas (agencija za adm) znaes deka e partiski kadri i zanego e objaveno toa sto ako ides da polozis nz kolku poeni ke soberes i sto pa nema da vkezes
Mене вработен во ФЗО ме убедуваше да потпишам лажна изјава за висината на приходите со муабет „абе пиши дека си под тој лимит, па ако те фатат, ќе си платиш казна, а ако не, гајле ти е, во Авганистан работат, а користат осигурување на терет на државата“. На изјавата убаво си стоеше дека за давање на неточни податоци следи кривична одговорност. Ова кога царот Грујо ме остави без работа, па наложи сите хонорарци да си плаќаат сами здравствено, или да си платат приватно ако користат услуги во јавното здравство. Револтирана го изгужвава барањето, и си заминав. Шизик на ризик, среќа па немав потреба да одам по лекари, и не платив ништо, се до моето следно вработување со платени придонеси.
Јас лично не, цел стаж ми е во приватен сектор. За испитите колку што знам им даваат општи прашања за администрацијата и законите поврзани со администрација, една другарка ги учеше, имаа готови прашања и некои од нив им се паѓаат. Ако си работел претходно во канцеларија со правници, нотари сметководители, ревизори или слична дејност чии резултати зависат од дремење по шалтери, прашањата не ни мора да ги учиш, секако ќе ги знаеш. Тоа е тоа, самите вработени не знаат како функционираат институциите каде работат. Со интеграција и електронски системите на ФЗО, АВРМ и УЈП се поврзани, и може немаше да ти стигне казна веднаш затоа што никаде не се ажурни но кога тогаш има голема шанса дека ќе те пуштеле на суд.
Да, знаев дека се вмрежени и да не се, како ќе давам лажни податоци? Затоа си заминав без да пополнам барање.
Некој пишал да си тепам време за 25.000. До пред некое време, минималецот беше 15.000, а за таа плата во приватен сектор луѓето се изнамачија одејќи саб и недела на работа, психофизички истрошени. Некој аплицирал дури и по не знам кој пат и едвај дошол до работа. Вие, не зборувам за сите, сте се потпишале дека сте од ДСДСМ или ДМПНЕ и ви е тешко да седите 8 саати од кои 4 работите? Хаха Немој. Имам другарка што работи во мвр. Задоволна е. Си зема одмор по цели недели, кога сака. Некогаш работат и саб.
Јас така пишав. Искрено не ме интересира воопшто колку изнесува минималецот бидејќи со оглед на мојата струка, работна позиција, образование, искуство и знаење јас не спаѓам во категоријата на ниско платени а зборувам пред се од лично искуство. Макотрпно сум работела да стигнам до добра позиција и плата. И да, наместо да работам во државна институција за 25 илјади, ќе работам во приватен сектор за 50 илјади подобро. Ова е од моето искуство, ако на некој му е исто тогаш подобро нека си седи во државно оти факт е дека е полесно. Поисплатливо ми е кога веќе си го трошам денот да работам напорно и добро да бидам платена отколку цел ден да пијам кафе и да одговарам со колешки за упола плата. На работа одам за да работам и за да заработам. А знам многу луѓе, еве и колеги од факс и други околу мене кои реално се способни и имаат знаење а излегувале од приватни фирми кај што имале повисоки плати за да нишаат врата под државна капа. И само да ви кажам, газдите најмногу ги сакаат работниците кои во денешно време се задоволуваат со малку и за кои 20 или 25 илјади е добра плата. Добра е ако на некој единствена цел во животот му е да плати сметки и да се нахрани со скромна храна. Моите цели и потреби се повисоки. Со такво размислување, платите уште долго време ќе останат дно. Не се сите работни места во приватниот сектор ниско платени, реално бидејќи не нудат ни сите вработени ист квалитет.
Ако си образован, или со искуство и вештини, повеќе од 25 можеш да заработиш во голем дел од приватните фирми. А како обичен референт во државна адм платата е помала и од 20. Приер, Кам има огласи за 30.000 плата. Еве од блиски другари плати Банка, 48.000, 52 000, 34 000 (три различни банки) Сметководствена фирма, 38.000 Возач на камион, доставувач 35.000 работи од 6 до 2 саат Фармацевт, 45.000 Маркетинг менаџер на ланец продавници, 42 000 Меѓународна организација 64 000 Доктор, медицински преставник 70.000 ИТ над 1500е Добри адвокати ни сами не знаат колку пари прават, другарка работи во една од поголемите адвокатски канцеларии зема 60 000. На државно, проф во средно зема само 25.000 мкд. Обична администрација со 20.000 се сметаат за супер платени.
Секоја чест кој може САМ да живее со таа плата плус па ако живее со партнер или пак има семејство за тие 25 илјади работиш 25 дена 1000 ден од ден имаш плус тоа не ти се чисти пари не ја зимаш на крај чиста платава 25,35 или 45 секаде каде и да си на свет повеќе ке заработиш од тука поголема мизерија од плати дали приватен(чест на неколку на прсти да се избројат)или државен сектор нема од тука кој не излегол од тука и да работи надвор од Мкд не знае што значи заработка , плус да не зборам за квалитетот на животот и општеството што се нуди тука и надвор, Банка таа плата нема, единствено ако не си во ИТ сектор пошто јас сум работел за плата од 20 илјади денари во Банка некогаш а и сега се толку зборам благајна, референти слично ИТ сектор во секоја банка е платен почнувајки од 34 ,благајна ни у сон
Имам братучед банкар, ама тој е директор на банка и спомна плата од 70.000 денари. Инаку, почетниците, оние на шалтер, кога беше минималецот 15.000 денари, тие почнуваа со нешто над тоа, не многу, значи можеби со 3.000 денари плус. Економисти се бараат на огласи, ама платите тапа. Адвокати има со лопата да ги ринеш. Може заработуваат добро, ама добри адвокати, не просечни, не слаби. ПС во оглас може да пишат што сакаат, реалноста е друга. Во маркет на минималец се, или нешто малку над тоа, ама далеку од 30.000.