На страната на клиниката и на аврм, ама секако, тие се огласи однапред договорени и се знае кој ќе биде вработен, за жал.
Здраво, барам работа за лиценциран доктор по општа медицина во Скопје. Доколку знаете некој кој има потреба од доктор ве молам пишете ми.
Кога ќе објават оглас за вработување колку и да е договорен мора да помине во службен весник , доколку имаш време , живци и желба преголема купи весник следи и директно поднесувај каде бараат со точно пополнети документи и запазен рок.
И мене ова ме интересира некој повеќе дали има информации? Јавни огласи имам видено по весници дека има, ама не сум сигурна. За во државна здравствена установа мислам дека на АВРМ не објавуваат. Некој поупатен со оваа проблематика има ли?!