Треба да има огласи, посебно ке се бара медицински кадар....отворај редовно на страните на министерс. за здравство и прати..не е лошо да поднесеш барање за волонтирање во некоја установа, јес да е без пари ама ке имаш шанси да влезеш прва кога ке биде огласот излезен.
@baba Rada јас сум веќе вработена, не е за мене, за другарка е... она поднесе на неколку места али беше одбиена поради тоа што веќе местата биле зафатени од волонтери, мислев да не знае некој дали бараат на било каде, амбуланти, старечки домови
@tea20 нека отвара по огласи, доста често гледам на вработување.ком приватни клиники како бараат мед. сестри.
Здраво да ве прашам да не знаее некој како е во зан митрев клиник искуство да не е имал некој на обука сум там па ме интресира како е
Девојки, дали некоја од вас работела/работи како негувателка во некој дом за стари лица? Ме интересираат информации од типот: дали е потребно некаков курс да се има завршено, или некаква обука, колку време трае истата, отприлика колку се платите, што сѐ спаѓа во задача на негувателка и слично. Ве молам ако имате искуство или точни информации од некој ваш близок што го работи ова пишете. Може и во приватна порака. Ви благодарам.
Сакав да прашам, дали е сеуште потребно после средно медицинско да се стажира 6 месеци за да може да почнам да работам како медицинска сестра?
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ има потреба од медицински сестри, болничари и медицинска сестра инструментарка. Заинтересираните кандидати апликациите за вработување може да ги достават на hr@acibademsistina.mk или да аплицираат online на https://acibademsistina.mk/kariera/
Здраво ме интересира дали има некој информации колку плата земаат физиотерапевтите со средно образование во невромедика ? Ви благодарам
Па све , како изгледа еден работен ден , во кои смени се оди , дали е напорно и нормално плата . Фала однапред .
Здраво , Дали има фармацевти на форумот ?? Јас сеуште сум студент имам уште 4 испити , но би сакала да прашам дали може да одам некаде на пракса (било каде , по можност во аптека ) сакам да научам нешто плус додека да ја запишам регуларно праксата од факултет - 10ти семестар. Дали би можела?? некој што работи во аптека сигурно знае или мора да имам некој близок познаник за да ме земат како практикант ? Фала однапред