Се бараат девојки за работа во казино. 35 000 плата + бакшиш. Сите заинтересирани нека ми пишат порака за повеќе детали.
Како кажваш шифрирано, посочи таму и таму бараат работник и готово. Освен се разбира ако нема некоја скриена позадина на вработвањево, па да мора вака со мамец.
Далеку од мамец и скриена позадина, сметам дека нема потреба на анонимен форум да се расфрлам со подетални информации. Тие што беа доволно заинтересирани ми пишаа порака и дознаа се што треба, без грижи ти
Тоа на огласник кога се објавува. Овде можам да објавам како сакам, без правила, со наведено уште во првиот пост "за подетални информации - порака" и не знам што не е јасно тука. Ако си заинтересирана, пишуваш порака и дознаваш се што треба. Ако не, одминуваш пост и не го разглабаш без потреба само да се полни темата со мислења без поента.
Не се расфрлаш туку споделуваш информација за работно место, а вака без детали секој би се посомневал во твојава понуда, и би требало да се грижат тие шо ќе се распрашуваат не јас.
Па тоа го кажав и јас, не е ова огласник па јас да пишувам детални информации. Ако мисли @RainBow дека треба да се брише, слободно. Видов слични постови и во други теми па не гледам ништо лошо во тоа да им се помогне на тие што моментално бараат работа.
Кое казино во мк дава плата 35.000??? Со години сум во обложувалници а сега моментално и казино, дај детални информации штом веќе нудиш работа. Името на казиното?
Тоа е маката околу целово ова реагирање уствари. Ајде убава вечер имајте си и продолжете да мислите дека никој во МК не зема повеќе од 20--25 000.
Штом си решила да пишуваш на форумов, зошто тогаш не кажуваш барем подетални информации?? Секако дека вака оставаш простор за сомнеж, сепак ти си знаеш. Убава вечер.
Затоа што убаво пишав и претходно. Тие што пишаа и беа доволно заинтересирани дознаа се што треба и немаат никакви сомнежи, имаат останатите кои не би требало ни да ги засега и што ја пунат темава непотребно со коментари кои секако утре ќе бидат избришани.
Зошто да бидат избришани, за да не се сомневаат наредните кандидати? Ме стави во мисла сега, да не случајно барате вработени на црно па да мора вака шо по анонимно да биди огласов, да не испадни големата? хмм
Очекуваше одговор после мислењата? Те молам, работи си во Моцарт и без грижи, најдовме веќе девојки. Фала што ја подигнавте активноста на темава