1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа во кафич/ноќен клуб

Дискусија во 'На работното место' започната од MayDiamonds, 3 септември 2014.

  1. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Гледам има повеќе теми за различни професии па мислам дека е океј да има и тема посебно за локалите зошто повеќето млади одбираат да се вработат во нив.
    Што мислите вие, дали сте работеле или можеби сакате да работите во некој кафич или ноќен клуб, било како келнер/шанкер/менаџер.
    Мене особено ме привлекува ова третото но сепак не е лесно да се биде менаџер иако не е некоја тешка работа сепак е нај реномирана во градот :D

    Ако има и такви кои поседуваат ваков објект би ги замолила да напишат нешто во врска со отворањето на еден ваков локал, што е потребно и такви останати информации, бидејќи во иднина баш би сакала да отворам вакво место зошто гледам од пиење кафе сиромаштија нема :D
     
  2. Butterfly11150

    Butterfly11150 Нов член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Абе знаеш како, менаџерите во Македонија ја немаат истата улога како во странство.
    Исклучително битни да, но единствената нивна улога кај нас е лепење плакати.
    Инаку немам ништо против работа во кафич или ноќен клуб како келнер. Нормално секој си бара начин за заработка и нормален живот, а тоа си е поштена работа.
     
  3. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.357
    Пол:
    Машки
    Келнерите кај нас се потценети
     
    Последна измена: 21 јануари 2016
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Келнерите што ги гледате секојдневно, половина од нив се со дипломи, но кај нас во Македонија ќе мораат да се задоволат со кафич или дискотека.
    Кога нема што друго да се работи, келнер ќе бидеш за мизерна плата од 200 евра. Ама тоа е. Сите си бараат работници за ич пари, а денешниве млади на кои итно им требаат финансиски средства, би ја прифатиле секоја сума само за да дојдат до пари.

    Како резултат на големата невработеност во нашата држава, многу млади момци и девојки, но и повозрасни луѓе одлучуваат да се вработат како келнери во некој кафич, затоа што тоа е единствената работа која лесно може да се најде. И покрај тоа што платата не е голема, на некои луѓе им е неопходна за да си ги покријат трошоците за кирија или за студирање.

    Професијата келнер е добро платена работа во Австрија (а и во поголемиот дел од Европа), со оглед на тоа што со оваа работа може да остварите годишен бруто приход во висина и до 60.000 евра, а кај нас едвај 2.000 евра.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  5. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.135
    Допаѓања:
    17.715
    Не се согласувам со ниеден пост од досега напишаните во темава.
    Имам работено како келнерка во кафичи, дискотеки и елитни ланч барови.
    Во тој период месечните примања никогаш не ми беа под 30 000 денари. Секако дека така убава плата не може да Ви даде газда на маалски кафич чиј дневен промет е 10 000 денари. Затоа ако веќе сте се одлучиле да го работите тоа ќе си барате работа во елитни локали каде платата би Ви била од 25 000 денари па нагоре, зависи од тоа каков келнер сте и секако дека на такви места има и голем бакшиш.
    Не велам не, голем дел од нашиов народ сеуште мисли дека бакшиш е град во Турција, но рајата која ги посетува тие елитни локали верувајте остава бакшиш за добра услуга и квалитетни јадења и пијалоци.
    Од мое лично искуство, во последниот ланч бар во кој работев, не само јас туку сите колеги, дневно имавме бакшиш по 1000-1500 денари просек. Тоа е повеќе и од дневницата.
    И некој ќе ми каже дека келнерката работа во државава не е добро платена?
    Немојте Ве молам.
    Верувам дека сте имале лоши искуства односно малку сте биле платени, но не затоа што оваа работа не е добро платена на секаде во државава туку затоа што сте тропнале на погрешна врата.
     
    На Vindetta, Mr. Right, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Vindetta

    Vindetta Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2021
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво , не очекувам да ми вратиш бидејќи гледам дека одамна е пишувано ова . Но сепак ќе пробам. Можи ќе ми излези во пресрет среќата . Сакам да почнам да работам в кафич , или негде слично . И имам неколку , а поточно многу работи, кои се уште не ми се јасни . Ако ја видиш пораката , би била многу благодарна ако ми пишиш . Оти нема кон кого да се обратам .
     
    На Irenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Nikogas ne bi rabotela kako kelner, gi cenam i alal da im e so sekakvi budali da se raspravat pijanici.
     
    На Vindetta и Limpan им се допаѓа ова.