Па искрено бољи е втора и трета. Барем пола бел ден гледаш. Особено сега коа поголемиве фирми, шо соработуваат со европски компании, воведоа "европско работно време" па направија прва смена да почнува во 9 или 10. Небо ќе видиш ако си го ставиш на позадина на мобилен.
Јас малку да се умешам во муабетот. Сум работела сите смени, првата ми беше од 10 до 6, втора ми варирала од 2 до 10, 2:30 до 10:30 и од 3 до 11. И краток период работев трета смена од 8 до 4 сабајле. Е сега, плус кај првава смена ми беше што не беше од многу рано и можев да се наспијам, релативно ми беше блиску работатата и пак после работа скоро се е отворено, можеш да отидеш до маркет да си купиш нешто, аптека, мол. Вторава смена исто е позитивно што можеш да се наспиеш, но, едно големо но , зошто скоро цело време работам втори смени, верувај ми ни небо, ни земја не видов. Околу 2 саати губев на пат до работа, 8 саати таму и се враќав дома во 12 вечер. Значи рачунај, еве и да станеш во 10 сабајле, пиеш кафе, јадеш нешто набрзина, излегуваш, се гужваш во автобуси и стигаш на работа, фактички ти од денот ништо не гледаш. А за пример да стигнеш да пиеш кафе, јадеш, вежбаш/излезеш негде (макар што скоро сите работат прва смена) или отидеш на лекар, треба да станеш во 8 и после цел ден ненаспан да треба да цркаваш дур работиш и дома у 12 вечер, не иде тоа темпо... Јас еднаш или два пати во неделата ако станев порано за обврска некоја, после по 3 кафиња пиев на работа за да се одржавам у живот. Така што според мене, за на подолги стази, најидеална за мене е прва смена од 8:30 до 4:30 или од 9 до 5. И да не ја заборавам третата смена што ја работев, таа беше горе долу ок, зошто го имаш цел ден до кај 7-8 и пак не остануваш до 6-7-8 сабајле ко некои други трети смени.
Прва смена секако и јас сметам дека е најдобро. Јас пак прва смена најчесто ја имам работено од 7 наутро, шо ми е супер бидејќи после 3 се осеќаш како да имаш уште еден ден. Прва смена покасно од 8 тешко би можел на долги патеки. 9 и 10 па никако. Еве октомври сме а веќе е темно во 18:00. Сабајле времето ми е изгубено, а навечер шо дека работи све кога е веќе ноќ... Месец дена така и одма депресија хахаха. А втора смена исто така сум станувал најчесто порано сабајле, 7-8. Така да пак голем дел од денот се осеќав ко да имам слободен... Ваљда индивидуално е.
Е да, за ранобудници и луѓе што нема у кома да паднат кога ќе завршат во 3, тогаш да, супер е стварно таа смена, единствен проблем ми е што така од сабајле не можеш на преглед да отидеш и слично, за такви ствари втора смена е топ. Мене па така ми беше у 11 вечер кога чекав автобус во јануари, сите по дома, јас од работа се враќам заледена, надвор мркли мрак. Абе кога ќе видиш, ниедна смена не чини, најјарно ич да не работиме. Иначе, он топик, гледам дека некои од customer service позицииве што се на англиски почнале да се опаметуваат и веќе нудат плати од 35к па нагоре. Не дека и тоа е премногу, ама има мноогу од нив што сеуште нудат малку над минималец. Другарка пред неколку години почна како customer service за онлајн спортско обложување, на почетокот земаше 30к, и пред да си замине стигна до кај 61, 62к. На наредното место кај што се вработи и понудија и уште повеќе. Едино One Contact, Taskforce, па еве и Slice и Pabau, како и мојата бивша фирма си останаа со мизерните платички. До ден денес One Contact мислам дека нудат 20-22к почетна за ИСКЛУЧИВО ноќна смена, и тоа ноќна до 9, 10 сабајле. Ми зе ри ја.
Да се умешам во темава би сакала како човек што има искуство во кол центар од 2 години. Прво и основно сметам дека на подолги стази можеби и не е работа за секого но тоа не значи дека во кол центар не можеш да напредуваш. Јас во кол центарот влегов како студент на којшто му одговараа парите, и си работев со студентски преференци и си ги менував смените според факултет, некогаш сум работела до 11 часот навечер некогаш до 12 што според мене (и за млад човек е сосема ок). Е сега имаше луѓе коишто беа постари и не им одговараше пример да работат нон стоп втора смена па затоа си работеа и прва, но платата е неспоредлива со работењето било каде. Ако го знаеш јазикот, конкретно зборувам за германски, тогаш е полесно и не се малтретираш со продажби и работната позиција ти е фиксна. Јас како студент аплицирав и за тим лидер и ме примија, но не им одговараше што морав претежно да работам втора смена а јас им бев потребна таму на новите групи итн. Така што не би рекла дека и кол центар не е за подолгорочно работење доколку убаво те плаќаат, можеш да напредуваш. Како за студенти нема нешто поповолно искрено од моја гледна точка.
Ако идеш само втора смена, според мене не е многу изводливо. И да станеш во 8 и да се прибереш вечер во 22 или во 23 часот, секој ден, не знам дали некој би издржал. Не студент, што сака нека е. Особено не со фамилија.
На некои луѓе им одговара, пример мене лично ми одговара моментално работам само втора смена и преку ден имам обврски да си завршам и слично. Така што за кому како е.
Јас имам Ц1 ниво германски и англиски, тоа и мислам го бараат бидејќи проектот е со Англиски Германски, конкретно јас на тој што работев. Треба доста да го владееш јазикот за да можеш да се разбереш и да зборуваш. Не ти бараат диплома никаква но ќе ти го проверуваат знаењето.
И уште ова ќе кажам Тим Лидер е некој со поќе години искуство, а не како во некои фирми што ставаат деца од 18 години пошо се пријатели со него или шефот.
Возраста нема врска со знаењето и искуството Можеш да имаш 18 години и да работиш од 16 и да имаш таква ѕвезда за лидерство и да те бива во тоа. Јас затоа и аплицирав. А за врските може и некој што има 30 и 40 и 50 години да нема искуство и со врски да е пикнат.
Да, така е. Делот за 'ѕвезда' не постои таа. Или те бива или не. Лидерството е вродено и се надоградуваш. Но, сепак. Не верувам дека некој од 16 год би работел во контакт центар, за да на 18 би бил главен ама нмв.
Не дека ќе работи на 16 години во кол центар туку дека може да има и 18,19 и да го бива да биде тим лидер. Јас на 19 години се пријавив за тим лидер.
Супер, не мора да останеш тим лидер. Оди повисока позиција. Нема шанса да ме убедиш дека некој на 18 години има толку спообност да менаџира како со работа така со луѓе. И да има, сигурно е 1: 1 000 000 000.
Здраво, ве молам доколку некој знае или работи веќе, да ме насочи за работа во кол центар на англиски јазик и по можност да не се работи ноќна смена? Некој да сподели некаде кај што знае дека бараат или познава некој да ме насочи?
Не е за секој дефинитивно. Постојано примамливи понуди со бонуси за вработување и слично, но реалноста за работа таму е хорор. Бев сведок на 5 луѓе што напуштија во рок од 3 месеци и покрај големите плати. Прво, има обука од 1 месец, што навидум изгледа доволно, но ефективноста на обуката е questionable. Работиш со луѓе со разно-разни проблеми и секогаш излегува нешто ново, не е возможно се да се совлада брзо. Точно, имаш скрипти (процеси чекор-по-чекор) што можеш да ги читаш кога имаш луфта или додека го обработуваш процесот, и тие понекогаш се од многу голема помош, но некогаш само прават се да трае подолго и потешко. На цела среќа имав колеги со разбирање и секогаш тука да помогнат. На крај сфаќаш дека обуката од 1 месец е малку. Работата како работа не е претешка кога се би функционирало како што треба и да немаш притисок. Фокусот е повеќе на правење што е можно поголем број на повици отколку решавање на проблемот. Micromanagement колку сакаш. Па листи со резултати кој колку повици направил, демек ние сме средношколци. Дерење по телефон кога не можеш да им ги решиш проблемите затоа што тоа не е во твоја моќ, едноставно политиката на фирмата не го дозволува тоа. Работата како работа не е воопшто лесна и не е за луѓе што имаат проблем да работат под притисок. Треба доста ментален напор и иако знаењето на јазикот е предност треба многу повеќе од тоа. Секоја почит за оние што го работат ова. Нешто што не ми се допаѓа е што на почеток се потпишуваат само договори на дело и не ти тече стаж за време на пробниот период. Сепак имаше и доста колеги на кои им "легна'' работата, некои таму си работат со години и се задоволни. Среќа, труд...Што и да е причината. Зависи од проектот, а зависи и тоа дали ти одговара таков тип на работа. Можеби и ќе се пронајдете во работата и ќе бидете успешни во неа. Но јас не би ја нарекла работа за цел живот. Доколку можете да издржите притисок и micromanagement, расправање со секаков народ и не си ставате се при срце - go for it. Ако сте спротивно на тоа - обидете се и видете дали ви одговара. Ако не друго ќе го усовршите јазикот
Не дека не е за секого, туку ЗА НИКОГО НЕ Е. И не во сите фирми има договор на дело, туку обука и договор од 3 месеци. Нема напредок и се вртиш во круг. И се друго шо кажа е точно. Плус ако сакате гратис, анксиозност и депресија да ве мавни, особено ако си во Америчка фирма, па да идеш само втора смена и да му речеш ЧАО на фамилијарниот и социјалниот живот. Затоа ПОДАЛЕКУ или едноставно ако сакате да смените нешто за на краток рок.
Многу добро кажано, како јас да сум го напишала. Работев 9 месеци, сега на породилно сум, ама се мислам дали ќе се вратам, најверојатно не. Дефинитивно не е за луѓе кои не знаат да им се лигават и смешкаат на клиентите. Јас не се пронаоѓам во таква работа плус трпеш викање на телефон, менаџери и тренери ги занима само бројка, не и квалитет. Се слуша секој повик, ако направеш нешто или добиеш негативна оцена, одма одиш на тренинг како вака или онака требало, никогаш не се задоволни. Убави пари се земаат, со бонуси, ама не ми требаат, стрес и притисок невиден.