1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа во маркети

Дискусија во 'Барање работа' започната од daskaloska, 24 септември 2012.

  1. daskaloska

    daskaloska Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Сакам да размениме мислење околу работа во маркетите како касиери или продавачи во тинекс космо, тедико супер, жито маркетите, кам маркет, мега деликатес, мик св николе, промес и слични на нив.........

    Колку му е платата, кои се условите за работа дали за овие приватни фирми треба врски или мозе да работи било кој, сто треба да исполнувас како услов,( бидејки еднас кога прашав ми се случи за во месарница или бурекџилница за продавач да бидис ти треба биотехнологија или хемиско завршено) знаци ако немас ти треба сертификат за работа во прехрана ама сеа тоа почнало и помаркетиве да биде така за работа во прехрана сертификат..........??????????........али тоа е тоа....
     
  2. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    работа во кам маркет, тедико супер, тинекс и космо, мега

    Јас сум работела во маркет,на каса и е многу напорно.Треба да одиш 1-2 недели на обука и после тоа на плата да бидеш.А додека одиш на обука ништо не ти се плаќа.Не знам како е во другите,зборам за маркетот кај што почнав да идам на обука и се откажав.Стварно не вреди толку стоење на нозе за никакви пари.И баш приметувам по маркетиве работат по 1 месец и одма си одат.
    А инаку нема никакви врски за да те примат на работа,јас мислам дека може да работи било кој,само треба да имаш завршено средно.Барем ја коа почнав да работам ништо не ми бараа.
    Поздрав :)
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    работа во кам маркет, тедико супер, тинекс и космо, мега

    Арно ти вика Грин, тоа таму се е лудница. Барем оние обични продавачки што се, на каса, таму кај месото... :x

    Имам блиска роднина која работи во еден многу познат маркет (да не го рекламирам, ќе спомнам само дека го има низ повеќе градови) и значи душата и ја извадија! Девојчето е вредно, стварно нема мака од работа, плус и студира... И како ќе дојде на работа од 14 часот, до вечер до 22 кога затвора каса, па бројат пари, па чистат... НЕ СЕДНУВА!

    За плата, не верувам да зима повеќе од десет илјади. И тоа во Скопје. Во помалите градови платата е бедни шест или седум илјади. :tmi:

    Работат за секој празник, државен, верски, нема врска. Слободни денови им се Први јануари и Божиќ. Пак ќе речам, она е млада и има некако сила да го издржи тоа темпо. Ама јака им душа на повозрасните жени кои мора да го работат тоа оти немаат друго што.

    Згора на се, газдата е идиот и ги казнува цело време без некоја којзнае каква причина. Еве цело лето не им исплатил плата. Чувај Боже да се направи некоја ненамерна штета, луѓе сме мајка му стара, нема маркетот да ти пропадне ако има некои пари настрана за амортизација.

    Исто, имаат цака, и така се полнат со пари. Викаат ѓоамити на ,,пробен,, период, во кој потпишуваш договор дека не е должен да ти исплати пари. И работиш, работиш со месеци, а наводно си на пробен период. Кога по најчесто два месеца ќе ти пукне филмот, тој си наоѓа други што се спремни да работат така. И цела година плати на вработените - аш. ;) А маркетот си работи фул тајм.

    Да не те разочарувам со постов ама... тоа е тоа.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miamigirl

    Miamigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    25
    И јас исто така имам работено во маркет на каса... Работата е лудница, работиш како коњ без престан, на неписмените шефици никогаш не си им по ќеиф и нормално клиентите (да не речам пациентите) исфрустрирани знаат да ги истураат својот бес и незадоволство врз тебе. Работата ме убиваше и психички и физички :worried: ... Не дека е работата толку тешка колку што може некој да те изнервира, едноставно ќе работиш ќе издржиш некако, ама со овој народ без култура е многу тешко да излезеш на крај. Газдите воопшто не те ценат како работник и не те плаќаат чесно и покрај тоа што секојдневно во касата правиш 100 000 денари. Само искрено се надевам дека ќе се сменат работите во државава и ќе почнат да го ценат работникот и неговиот труд :doh:
     
  5. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    Во Рамстор ме интересира колку ги плаќаат? И како е таму за работа ако знае некој од искуство
     
  6. B-I-B-A

    B-I-B-A Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    12
    Ме интересира во Тинекс-Космо колку земаат плата вработените и дали најчесто преку врски се вработуваат или пак процедурата оди реално,бидејќи во МК дојде време да се бараат и врски за да работиш како еден обичен продавач :x
     
  7. Miamigirl

    Miamigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    25
    14 000 е платата :)
     
  8. Miamigirl

    Miamigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    25
    Во Космо платата е 10 700 ;) За вработените дали се со врски влезени не можам со сигурност да тврдам, но спорен кажувањата на пријатели изгледа дека е така.
     
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Јас работев во маркет 7 месеци,бев касиерка,а повремено бев и на штандовите ,на редење на роба.Работата не ми беше толку физички тешка колку што психички се уморував.Еднаш на две недели,а некогаш и воопшто месец,два сум немала слободен ден, цело време на нозе ,работното време ми беше 8 часа,а јас останував девет,десет.Кога бев втора смена место во 24 часот кога требаше да си одам дома јас си одев во 1 по полноќ бидејќи не враќаше по 3 пати да ја броиме касата. Исфрустрирана шефица со набиени комплекси ,газда кој што не излегува од маркетот 24/7 и цело време гледа во камерите и чим види секунда да направиш муабет со колешката веднаш на рапорт кај него.,зошто што и како.Цело време на штрек дека во секој момент газдата може цела нервоза да ја исфрли на тебе или шефицата своите комплекси ќе ги лечи на вас.Ако фали нешто од робата или не се продало тоа што им поминува рокот од вработените бара да го платат тоа секој месец по 500 денари,па ако платата е пример 8000 фактички е 7500,а некогаш не ни ги имаше тие пари,демек во криза бил маркетот:worried:majlisosekrsti:.Значи на крајот се добиваат еден куп нервози,мала плата,страдање на здравјето и недоволно време за самите себеси,а камоли за нешто друго.Ете таква е работата во повеќето од маркетите секако со чест на некои исклучоци.
     
  10. varsa

    varsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    3
    Колку се платени различните професии во Македонија?

    Сакам да прашам дали некој знае колку вработените во кам маркетите имаат физичка работа, бидејќи бев на интервју но имам некој здравствени проблеми и ми рекоа дека штом е така нема да можам да ја извршувам физичката работа бидеќи имале многу работа, ве молам ако знае некој нека пише.
     
  11. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Во Кам маркетите и машките и женските цело време ја креваат робата и бидејќи се реди магацински треба цел пакет да го крениш и да го ставиш на рафтот.Колку што имам познавање мислам дека е така ако нее нешто сменато :?: .Посебно сега пред празниците има повеќе работа од вообичаеното,па можеби затоа ти рекле така.
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.737
    Пол:
    Женски
    Не би ти препорачала да работив во Кам Маркет, многу се мали платите за таа работа, а башка повеќето се осигурани на пола работно време. Мрзнеш во маркет бидејќи имаш излегување и надвор, редење роба, имаш смени и може да ти каже од сабајле пола смена, попладне дојди пак, а пример живееш Волково а те става во Драчево дури, катастрофа, изживување се вика тоа според мене. Јас лично не сум раотела, но имам пријателка која има работено и и се имаат дешавано сите овие работи, да не речам и полоши. Знам од сигурни извори дека плата непоминува повеќе од 10 000 денари, а работиш доста, празник делник, што се вика. Почнувајки од дирекија, па се до маркетите, никој не се задржал на работа повеќе од година дена, се разбира чест на исклучоците, но најголем дел од вработените по неколку месеци напуштаат.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    954
    Пол:
    Женски
    и те како не се исплаќа да работи чоек во маркет! тие газдите а богами и шефовите (секоја чест на исклучоци) се ламји :devil: ете конкретно во Бт во маркетите платата е сегде 7500 максимум,а можи негде и помалку! а минималната плата кај нас 8050 :fubar: |( е кај се сега инспекциите,а? :swear: а кутрите вработени работат се и сешто,немат ни еден слободен ден,ни во лето ни во зима,не се знај ни празник ни делник.....срамота!!!еднаш бев во еден маркет,да не го спомнувам сега.......и газдарицата значи од кога ќе отворат од 5 сабајле до 12 навечер таа цел ден е таму и само посматра :fubar: алоооооо и тие се луѓе остај ги да дишат.....се прат газди на туѓа мака!
     
  14. marija.gligorovska

    marija.gligorovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    [СДК] Сакам да кажам...

    Вака ај малку помош!!!Потребен ми е некој кој работел или работи во Кам Маркет во ГТЦ.Доколку има некој(а)би го замолила да ми пише порака.
     
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Еден другар се вработи во Кам маркет. Го осигураа на пола работно време (а, работеше повеќе од 8 часа дневно :!: ).
    Му ветиле 12 000 ден. плата, ама повеќе од 6000 ден. не добил.
    Секој месец му ветувале дека следниот месец ќе добие целосна плата, ама тоа со месеци не се случи, па тој ја напушти работата.
    Кревале пакети, трчале на каса, премал број вработени биле и само во трчање работеле, а шефот и 1-2 постари вработени се иживувале над нив, над ново вработените, ги користеле и манипулирале (бидејќи се тазе вработени) :x
    Е, сега, можеби зависи од маркет до маркет на Кам, и за кој град се работи...

    А, и другите маркети не се посјајни. Не те оставаат да седниш, некаде и мобилниот ти е забранет, работаш за празници и делници, стално те крадат и си во минус, па ретко добиваат чиста плата, а и таа плата е одвај 7000-8000 ден., женските креваат тешки пакети, намчорски шефови над глава, алчни газди, сенекакви муштерии..
    И сите другарки кои некогаш работеле во маркет, по одвај издржан и препатен 1-2 месеци си дале отказ.
     
    На SummerGirl и kikav им се допаѓа ова.
  16. one87

    one87 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    Плата во ДМ маркет

    Здраво. Дали некоја има информација за како се платени вработените во новиот маркет ДМ во Скопје? :angel:
     
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.156
    Допаѓања:
    46.951
    Пол:
    Женски
    Огласи за вработување

    Дали некој знае какви се условите за работа во Рамстор маркетот? Платата е мала но со можност за зголемување бар така начув, ама условите какви се? Ако некој има повеќе информации ќе бидам благодарна да ми каже :)
     
  18. devilll

    devilll Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Некој да има некакво искуство или да знае нешто за СП маркетите?
     
  19. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    абе како 6 000 плата во супер маркет и тоа во скопје :?: :?: кај нас во ниту еден ,маркет не земаат плата испод 10 000 во кам маркет имам еден другар што зима 11 000 а тие што се на каса по 12 000-13 000,така да не ми се верува во скопје да се пониски платите од кај нас |(
     
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Мене ме интересира дали сте запознаени како стојат платите за касиерка во Карфур?!
    Моја познаничка аплицираше за работа на каса, само во огласот не било наведено колку ќе изнесува платата ниту нешто слично од тој вид.

    Ако имате некоја информација било каква, било да е за платата тука или општо Карфур како вработувач, би ми биле од голема помош.