Па мислам како и на секое интервју... Што знаеш за фирмата Зошто баш таму аплицираш Слаби и јаки страни Работно искуство и тоа е тоа.. Среќно
Што мислите за раководител во Кам? Дали работи и друга работа низ маркетот, колку часа се работи итн?
Јас мислам дека нема шанси некој да одбијат на интревју за во маркет на толку намаленост на персонал. Да можат од улица ќе ги земат.
Мене и се јавија дека сум примен на работа, но незнам работата дали е за смеење или плачење. Ми велат еден месец ќе имаш обука која нема да биде платена и тоа во друг град од нив платен само превоз, а за тој месец треба да се докажам како добар работник во спротивно после обуката од еден месеџ ке бидам елиминиран Изгледа во многу јака фирма аплицирав, а плата од 12 000 ццц е за тоа народот бега по другите држави, некој да го малтретираат за парче леб, озгора не оти сѕм со факултет да се ценам, јас ако ми испонижување да работам како продавач нема ни да аплицирам таѓу за работа, но со вакви услови и те како е понижение
Не ме чуди што по маркетиве бараат персонал. Не се нафаќа секој да работи за 12 000 и плус во недела и за празници. Другарка моја работеше во маркет и слободни и беа само 2 дена во месецот.
Мислам не многу повеќе од другите работници ако тие земаат 12000 шефовите 15000/ 16000 зависи од маркетот.
Пред неколку години, додека уште постоеше Керфур аплицирав ми се јавија и бев на интервју. Условите им беа: Работно време почнува од 6ч средување роба, маркетот отвара во 7:30. Слободни денови 2 пати месечно. Да однесам потврда за неосудуваност. Празници и привремено не се плаќа. И плата од 9000 ден. Ме прашуваа прашања мислиш во НАСА ќе работам.
Ауууууу. За никаде. И моја другарка кога работеше во еден маркет слободна беше само 2 дена во месецот. Прекувремено и празници не и ги плаќаа. Плата 12 000. Не знам што мислат газдиве на маркетиве. Дека некој ќе им рмба како коњ за 12 000 и плус тоа ќе им работи за секој можен празник? Катастрофа.
Заборавив и ова да го пишам робата сама си ја товарам на количка за да ја наредам. Така е во скоро сите маркети, еве во близина имам Зур маркет и гледам кога им стига роба вработените ја истовараат. Ги прашав дали имаат магационер ми рекоа они све се. Плата исто 12000.
Знам како е во Зур. Комшика работеше таму. Претежно одеше втора смена, затоа што фалеше персонал. Цело лето не зема слободен ден. Ни одмор не и дадоа. Па се изнервира и напушти.
Наидов на оглас за раководител на Кам маркет Е сега ме интересира дали некој од вас имал искуство во Кам, дали раководителот во исто време е и касиер? Имаат ли слободни денови или како и секој приватен сектор вади душа на вработениот колку сакаш. Па се ставив во мисла да аплицирам или не
Ај со минимална плата е другарка ми. Беше на операција, не требаше да крева тешко,ама нема кој и таа и уште една нејзина колешка растовараат. Ами за празници до 16 ч. Преку времено не се плаќа на нејзе, А празник 500 дневница. Дати ако испуштиле нешто тие ги плачаат производите,си ги купуваат. Нешто дупнато,пак го купува. Минус на пописи,казна 1000 денари. Плаќа цигари. Храна и превоз -нема. 3 во смена се тие. Еден на каса , друг реди трет прима роба и разнесива ама имаат еден ден во неделата слободен. За тие пари не вреди,немаш ни позиција ко што треба,звање никакво. Расправи со луѓе. Нее е битно каде во кој маркет. Ама Јака им душа. Ниту недела се знае,ниту празник.
Значи шефовите се исто како и обичниот касиер само што имаат мн повише обврски да пишуваат нарачка за роба ,да прегледува роба коа ќе стаса .ако има потреба и куцаат и документи средуваат и ситни пари да ти дадат и редат цел ден главата им чури на сите страни искрено може ќе земаат плус пари ама па ич не е лесно
Jas od moeto rabotno iskustvo ako nekoj aplicira vo market svrtete na stranata na reptil marketite mislam deka gazdite se fer ok jas rabotev kratko vreme ama maloto go doev me pustaa porano, ne cekav da se prebroj kasa, da rabota kako rabota e teshka no i dava bonus, slobodni denovi eden do dva vo nedelata zavisno kako e rasporedot, gi nosi za nova godina, gi motivira jas navistina imav ubavo iskustvo, a i gledam vo marketot sto pazaram personalot i ne e smenet toa znaci zadovolni vraboteni. Cisto ete moe iskustvo i videte dali se baraat rabotnici.
Сигурно е толку плата? Не е малку? Јас сакав да аплицирам, па некој ако има работено во Космо да ми каже збор, два
12.100 е почетна плата. Не се влегува со врски само. Ако имаш искуство во областа на продажба и козметика можеш и сама да влезеш.
А какво искуство треба да се има? Работно ли мислиш? Бидејќи претходно немам работено нешто слично со козметика.
Не мора да е такво работното искуство. Но, предност имаат тие што имаат знаење или искуство во областа на козметиката.