1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа во маркети

Дискусија во 'Барање работа' започната од daskaloska, 24 септември 2012.

  1. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Женски
    14 500 е почетна во Зур и постојано бараат персонал.
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.906
    Допаѓања:
    32.481
    Пол:
    Женски
    Ќе бараат кога работата е напорна. Се стига и до повеќе. Гледам дека и во повеќето маркети почнале да плаќаат и бонуси. И не само во Зур. Во сите маркети бараат. Таму треба да бидеш и продавачка и чистачка.
     
    На Brunebrune му/ѝ се допаѓа ова.
  3. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Женски
    И многу бонуси има, се стига и до 18 000,19 000.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Имам редено роба, работено на каса и работено на фрижидер.
    Можам само едно да кажам: ,,Девојките кои редат роба треба да земаат дупло повисока плата од сите други."
    Знам дека не е така "правилно" но така треба да биде.И ако сега работам на фрижидер момемтално сепак го имам истото мислење. Посебно за маркетите каде девојките кои редат роба си го уредуваат и магацинот
     
  5. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Колку добиваат плата за редење роба?
     
  6. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Епа секаде е различно на пр во првиот маркет беше почетна 12000 а најмногу стигаш до 13000 а овде е 14000 почетна.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.906
    Допаѓања:
    32.481
    Пол:
    Женски
    А на каса е многу поголема одговорноста. Не знам дали по сите маркети фаќаат таргет на каса.
     
  8. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Не е поголема ако погледнеш реално. Иако така изгледа.
    На каса земаат многу повеќе пари затоа што кога остануваат во минус треба да додадат пари од нив. Но тоа не е секогаш така. Тие можат да се покријат со тоа што пр ако претходната недела секој ден добивале пр по 100 денари вишок и еден ден ако бидат 50 денари минус не е страшно. Е сега може да се случи некогаш да испаднеш 500 или повеќе денари минус и да си ги дадеш( ми се има десено:wasntme:)
    Додека пак тие што редат роба постојано кршат работи кои си ги плаќаат. Колку и да пазиш ќе шутнеш нешто на несакајќи затоа што редиш роба. Ако има поминат рок од тоа што ределе пак плаќаат. Постојано трчаат да постигнат секаде. Кога работев на рафт посебно затоа што бев на хемија си даваав многуу пари...|(
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Затоа после им фалат работници. Кој ќе работи за 12/13.000 денари. ;(
     
    На Tanjamm и piksooki им се допаѓа ова.
  10. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Има маркети каде што почетна плата е 15 500, таргет кога ќе се фати сите зимаат 1000 денари +
    Без разлика дали е на каса или на фрижидер. Бидејќи и едните и другите ги нудат акциите. Празници се плаќаат по 900 денари..
    Сите ја зимаат таа плата, секако персоналот што има поголем стаж зема 500,1000 денари плус.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.906
    Допаѓања:
    32.481
    Пол:
    Женски
    Ни за толку не им се работи. Не се до толку парите проблем. Не сакаат да се испотат.
     
  12. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Нека си седат дома тогаш.
    Не можам понекогаш и работниците да ги разберам. Доаѓаат,им се кажуваат условите за работа, ако почнат почнат, ако не уште веднаш кажуваат тешка била работата. Е тешка е ама дома што седиме никој не не плаќа.
     
  13. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    А кога ќе им се одбие сума од попис колку им испаѓа просечна месечна плата?
    Инаку во некои маркети и неделна дневница се плаќа повеќе од обичен ден.
     
  14. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Не се одбиваат пари од попис.
    Ствар на договор меѓу вработените и шефот да се даваат по 100/150 денари месечно за да се плати нешто што е украдено а не може од фирма да биде одобрено.
     
  15. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Значи од старт по вработен 100/150 денари*12 месеци, -1200/1800денари од плата минимум кусок доаѓа а ако на попис фали поголема сума секогаш се дели по број на вработени сигурно фирмата нема да го покрива тоа.
    Инаку украдена роба ако има си има процедура и за тоа, со записник по пријава се одбива сумата од осигурувањето на робата ама тоа не им се кажува секогаш на вработените јер и од нив ќе се одбива сумата на плата и осигурувањето ќе ја покрие сумата така фирмата се секогаш во ќар.
     
  16. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Од попис пари не се одбиваат, не знам како да ти објаснам, барем не таму каде што работам јас. Сите маркети си имаат одредена сума која е дозволена за минус на попис. До 30 000,40 000 ден е дозволено. И ти ако вака гледаш на работите никогаш нема да ја најдеш посакуваната работа од соништата. Работев и во маркет каде што ќорав денар за ништо не се даваше. Ти кажав погоре се е ствар на договор меѓу вработените и шефовите.
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  17. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Не се лути одма дискутираме, форумот е отворен за тоа. Работа од соништата? Ха ха, такво нешто само на филм има:rofl:
    Муабетот ми е дека не е се идеално во маркетите и подобро е тоа не секој вработен од страт да му се објасни а не да се тргаат ма не 100-150 ни денар да не се трга настрана. Ама еве ти не убеди дека ќорав денар не се давало ама се било ствар на договор меѓу вработени и шеф. Па ако шефот рече ќе се даваат пари колку и да е сумата додека вработените се овци за стрижење ќе даваат ќорав денар што и да сакаше да кажеш со тоа ќорав денар:D
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.906
    Допаѓања:
    32.481
    Пол:
    Женски
    Опасни се газдите. И уште една работа. Од старт не кажуваат дека треба да бидеш и чистачка. Така што ти си и касиерка, и продавачка, и чистачка. Буквално се правиш во маркет. Има маркети кај што се плаќаат бонуси. Така што платата е солидна. Ама не може секој да се нафати на таква работа. Особено е напорно на каса. Мора многу да се внимава со парите. Ако ти фалат пари, готова си. А за редење роба и да не правиме муабет.
     
    На glittergirl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Во поголемите маркети има хигиеничари и поделени се кој е на каса, кој реди роба. Не е проблем да се испоти газот, сепак секој почнал од некаде па стигнал таму каде што му одговара и каде што можел. Мене ми е од старт муабетот дека во маркетите не е идеално бидејќи од страт не се кажува што ти е во опис на работни задачи и те третираат како овца за стрижење кога доаѓа крај на месец и треба да изигруваш донирач на пари за наводно украдена роба. Ама па и секој со своето искуство, некој почнал во маркет и се гледа и пронашол таму, некој видел, поработил, стекнал искуство утре да го впише во цв и продолжил понатаму со работата:)
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.906
    Допаѓања:
    32.481
    Пол:
    Женски
    Многу се краде по маркетиве. И на крај вработените се виновни. Не оделе по муштериите.
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.