1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа во маркети

Дискусија во 'Барање работа' започната од daskaloska, 24 септември 2012.

  1. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Еј па тоа па, да си пукнеш, а во маркетине каде што имаат обезбедување тие дечките само муабет си прават ништо не пазат, за што земаат плата само не знам(facepalm)
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Џабе се и камерите. Нема да му направат ништо ако украде еден шампон од 200 денари. Ама затоа вработената ќе одговара.
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Јас затоа пишав нема идеално во маркетиве и дека платата што се нуди не е таа што реално ја зема вработениот, ама еве @Starlič пишала
    И во право е од попис пари не се одбиваат туку од платата на вработените.
    Како и да гледаш и со испотен газ и без 15 500(facepalm)
     
    На Tanjamm и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Ама поарно да земаш 15 500 отколку да седиш дома. Кога ќе западнеш во криза не треба многу да се пребира.
     
    На Tanjamm и mime87 им се допаѓа ова.
  5. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Јас 5 години работам во маркет, и го кажав моето искуство со работата. Нема да се убедуваме веќе.
     
  6. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Мило ми е за тебе. Убаво што се ти е погодено така треба, дај 5ка со раче(highfive)
    За тоа што не се бира работа не се криви ни шефовите, ни платите, државата е крива.
    Јас напишав погоре накој се пронаоѓа во работа во маркет, а некој има други желби и можности и ова го употребува како искуство во цв како почетно работно искуство. Секој со својот ум, ксметот и искуството.
     
  7. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Епа не можеме сите да бидеме газди, и со налактирани ноктиња да куцкаме на тастатура, мора некој да ја нареди робата во маркет и да исецка 100 грама кашкавал за некој насабајле да си направи сендвич. Еве ти 10 (highfive)(highfive)
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Затоа пишав. Никој не ги тера да работат. Што ако не можеш да најдеш подобро? Нека седат дома и нека чекаат од мама и тато.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Тебе тоа ти е во опис на задачи на работното место да редиш роба и да сецкаш за кој што сака да си прави со кашкавалот(можда сака мачката да си ја нахрани а не сендвичи да прави на пример) за тоа добиваш плата и месечно од платата вадиш 100-150денари за сиот кусок во маркетот, барем така ти пиша.
    Значи пак се сведува на тоа дека се одбива од плата за попис на кој се утврдува состојба на залихи. Во некои маркети одбиваат поголема сума од 100-150денари значи пак се сведува на тоа дека платата што ја нудат на почеток не е 15 500 туку е намалена од сумата што се одзема при попис. Важно е покрај тоа вработените да знаат опис на работни задачи и да знаат за ова а не да им се премолчува и ако нема хигиеничарка да знаат дека треба да се грижат и за хигиената на работното место како што наведе @SummerGirl дека во некои маркети каде што нема хигиеничарка тоа е твоја обврска.
    Додека студираме сите седиме дома и реално чекаме од мама и тато, така?
    Ако не можеш да најдеш подобро ќе си работиш во маркет, ама добро би било од почеток да ти објаснат кои ти се работни задачи и дека платата ќе ти варира во минус од кусок на роба или плус со достигнување таргет и добивање на бонус така?
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Не мислев на студенти. Мислев на оние кои веќе завршиле со студии и дремат дома без работа. Срамота е на 30 години да чекаш од твоите. Ама за тоа родителите се виновни. Мора да се почне од некаде со работа.

    А за опис на работни задачи мало сутра. Само лажат на интервјуа. Ти кажуваат дека твоја задача е да работиш на каса и да редиш роба. Како да се плашат да го спомнат делот со чистењето. Секој ден треба да се чисти (под, прозори, рафтови, магацин). За тоалетот и да не зборувам. Божем ќе доаѓа некој да оценува каков тоалет имаш. :rofl:
     
    На Novecento, Tanjamm, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Сите сме почнале од некаде од 0. Дека лажат на интервју лажат, на тоа целам со мојов муабет, незнам што е толку лутење да се признае дека за попис се одбива од плата? И незнам зошто толку прикривање дека плата што ја нудат како почетна во маркет не е реално таа што ја примаш, кога јавна тајна е во сите дејности поврзани со трговија дека се манипулира со платата на различни начини. Под манипулација мислам дека треба да се каже на интервју дека може и пониска плата да се земе од понудената а не да се замачкува очи дека е повисока со бонуси и тоа. За тоалетот ај да не почнуваме ич муабет:x
     
  12. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Тука каде што работам, на интервју ми беше кажано се што ми е обврска, и прифатив по тие услови да ја работам работата. Незнам зошто од чистење на тоалет ви се згади толку. Ти на твоето работно место си 8 часа, јадеш, пиеш, задача ти е местото чисто да го одржиш чисто, кога ќе дојде другата смена да оставиш како што треба, и обратно.
    Јас работата ја сваќам како втор дом, и од неа зависам, научена сум да работам, не да седам и со прст да покажувам која работа каква е, дека ми е гад ако ми кажат дека вц мора да се чисти.
    Работев и на други места, (не маркети) земав и 10 000/ 11 000 ден плата, и бев задоволна, овде со 15 500 плус бонуси, празници, се стигнува и до 17 000 презадоволна сум, иако плаќам кирија 150€,плус сметки. И маж ми работи сами седиме, помош од никој.
    На некој и 500€ да му дадеш, а дома да седи пак нема да биде задоволен.
     
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Е, морам да ти реплицирам, извини ако звучи грубо, не ми е ништо лично према тебе, само морам да кажам мислење на ова, конкретно на делот дека луѓе и со 500евра не би биле задоволни.
    Зошто некој да се задоволува со малку? Мислам во ред ти ако си задоволна, сепак сите за себе си знаеме ама не можеш да кажуваш во име на други... Не си само ти со овој став, пред некој ден и во една тема видов на една членка и држеа лекции дека била себична зошто сакала поголема плата. :^)

    Поготово да имаш завршено факултет, а да не можеш ни да работиш со него, па и да си игра со тебе некој газда и да ти дава да работиш што стигнеш за едвај 15000 плата. Уау, колку треба да си задоволен у животот, само така, да си ќутиме и да се задоволуваме со мизерни плати.
    Да не се лажеме, не се големи плати 15000, ни па 30 илјади, за да си овозможиш убав живот.
    И не треба да ги охрабруваме газдите на маркети или на што и да е, дека со овие пари е супер животот. Па и ВЦ да чистиш, да продаваш, ма што и да работиш, под 20000 плата не треба да е. Зошто да не се избориме за ова на пример? За доброто на сите. Што газдата ќе осиромаши ако пушти плата плус? Треба никој да не прифаќа да работи за пониски плати, па да видиме како ќе покачуваат. Како што и се почна во последно време. Ете тоа треба да го поддржиме.

    Плус фамилија ако имаш, трошоци за училиште, па дете студент уште ако имаш, па треба ли да прошеташ некаде, па да излезеш, да се почастиш?
    Дај не бидете вакви, 2020та ќе дојде, уште ли ќе напаѓаме луѓе зошто некој си имал амбиција за нешто повеќе у животот?
    Еве ја не се гледам задоволна со 17000 плата, во ред ко за старт кога ќе работам, можеби за почеток ќе е во ред, додека стекнам потребно искуство, но со години да работам за тие пари, не и не. И никој не треба да се гледа задоволен со вакви плати ко што има државата.
    Јас прва ќе поддржам да има протест за покачување на плати, за борба да се плати трудот итн.
    Ама за вакво нешто, не.
    Читаат тука газди на маркети и такви места кај шо даваат мизерни платички, па еве нека си прочитаат. Се пунат со пари, а никако да дадат нешто плус на вработени што цел ден трчаат и им работат.
     
    На SummerGirl, senza.parole, Feminka192 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Познавам лично многу што и 500 € им се малку, затоа пишав. Може дека не завршив факултет, па оваа плата што ја земам сега ми е топ.
    Слободно тие со факултет таму каде што одат на интервју, зборам према струка, нека си бараат поголема плата. Секој си се цени. Слободно штрајкувајте, ќе ви се даде сигурно.
     
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Ама јас сметам дека сите заслужуваме поголеми плати, не само тие со факултет.
    И вработени во маркет, било кај. Друго би ви било да плаќаат 20тина илјади чиста плата. Барем пристоен и нормален живот ќе може да се овозможи.
    Не дека немаат газдине, туку навикнати се у државичкава така да плаќаат.
     
    На Annath, Moon.Girl, RosettaStone и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Платите во маркетите, а и општо, се качени баш заради тие што ти ги плукаш, што не се нафаќаат за 12 000 да рмбаат па си го фатија патот за странство во толку голем број што сега дури и со повисоки плати, маркетите (а и други фирми) не можат да најдат работници.


    А да беа сите како тебе, задоволни и со 10 000, никогаш немаше да мрднат платите ни денар над тоа, и ден денес ќе рмбаше за тие пари.
     
    На SummerGirl, senza.parole, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Јас никого не плукам, да се разбереме. Само кажав мислење.
    Дека сите отидоа за подобар живот надвор си во право, ни таму не е лесно. 100 пати им е потешко, и физички и психички. Не секој може да го истрпи и тој живот таму. Штом сум се одлучила во Скопје да седам, ќе рмбам, зошто да не, и тоа малку некому му значи многу, кажав и погоре дека работев и за помала плата од оваа и пак бев задоволна,а не беше работа во маркет.
     
  18. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Убаво е што си трудољубива, но треба да научиш да си го цениш трудот.

    Затоа што се додека има работници што се задоволни со 10,000, газдата нема своеволно да ја зголеми платата, него не му е битно како некој ќе го прогура месецот со тие пари, туку единствено му е битно да си го максимизира ќарот.
     
    На senza.parole, MaciAci, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.089
    Допаѓања:
    11.253
    Луѓе не си играјте играчки, добро било со 17.000 денари. Не е и нема да биде. Качија од што мораа, оти минималецот се качи. и оти младите се безобразни и нема да работат за 14.000, 15.000. Над 20.000 се потребни за некој си нормален живот. Не е поентата да рмбам, да штедам на едно кафе, да одам испарталена, неуредна, непострижана пример. На што личи тоа? Не е добро во никој случај. Скокнаа цените до плафон. Јас земам 18.500 сега, качија малце оти минималецот се качи, но си спомнуваат нон стоп дека им е тешко да извадат пари за придонеси. Газдите гледаат секој денар да го заштедат. Тешко нас, законот нив ги штити. Сум кажала утре тие ќе имаат луксуз, ќе печалат и за внуци, а ние сироти ништо не видовме, ни празник, ни делник, да се штеди што ќе јадеш, пиеш, на колку кафиња ќе отидеш, што ќе купиш облека, па поевтино да е. Ова не е живот. Сега се обвинувам што имав верба дека во Македонија нешто со тек на време и со труд ќе биде. Нема да биде. Тоа е само залажување. На работа имам луѓе дојдени од помалите градови. Благодарни се што избегале од таму, оти таму ништо нема, но и животот во Скопје не е живот, цел живот ќе плаќаат кирии, ќе се мачат, на крај ќе сфатат дека не е тоа тоа.
     
    На SummerGirl, didisi, Gaga.sk и 3 други им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Тешка е работата во маркет. Креваш тешко, работиш на каса, редиш роба, примаш роба, чистиш, и др. За викенди и за празници си на работа. Треба да се обрнува внимание на роковите на производите. Има фирми кои не враќаат роба ако не ја пријавиш пред да измине рокот. Па ти ќе си ја платиш од свој џеб. Муштериите се безобразни. Растураат, се расправаат со тебе ако производот не им е по ќеиф. (facepalm) На каса ако згрешиш од свој џеб си го покриваш минусот. Таму најмногу треба да се внимава.
     
    На RosettaStone, tina2018, Gaga.sk и 3 други им се допаѓа ова.