Само Рамстор е исклучок. Имам пријателка што работеше таму. Кажуваше дека секој својот дел си го гледа. Ама слабо се платени. Затоа она напушти. Другиве се ужас. Секаде бегаат. Нонстоп има огласи за по маркетиве. На каса и да не си мањак пак ќе ти најдат мањак. Си крадат шефовите. Најнапорно е за празници. А по маркетиве доста се краде. Користат кога има најмногу гужва.
Почнаа многу роми да примаат по маркетиве на каса. Ене Веро и Тинекс 40% од вработените им се такви. Ама кај и да е ќе се свестат и они па ќе бараат друга работа за повеќе плата.
Примаат кој стигнат. Не е проблем што се Роми. Некои од новите врска немаат. Не може некоја што нема искуство да ја ставаат одма на каса. И нормално, се прават грешки.
Во КАМ примаат деца од дом бидејќи за нив имаат некои бенифиции (не сум сигурна, мислам дека придонеси не плаќаат). Без разлика, ништо не ми пречи , има едно ромче па и многу е вредно и брзо. Повеќе ми смета што им се дерат на вработените без потреба.Во смена се на пример 4-ца, а според обемот би требало да се 6, па се ствара гужва, па им викаат. Што се тие виновни кутрите и онака се скапани од работа за мала плата.
Јас многу се изнервирав во Кам за празниците кога бев дома. Бевме со татко ми да пазариме и требаше да платам. И јас обично гледам во компјутерот колку треба ама сега немаше таква политика не видов и продавачкава ми кажува ама толку тивко зборува и третиот пат ми повиши тон арогантно "Па нели слушаш" ко божем пријателка сум и не клиентка. Леле како ми идеше да и ја влепам една ама се воздржав и реков извини носам слушно апаратче а ти би можела во иднина да научиш погласно и покултурно да зборуваш. Излегов моја нога у тој Кам веќе не стапнала.
Од Кам сум многу незадоволна од некои вработени. Пред 7 години отидов да купам нешто. Кога стигнав на каса жената ми рече Дај ми го ранецот да го проверам. Јас и реков Повели. Го отвори, виде што има внатре и го затвори. Наместо да ми го даде како јас што и го дадов, она го фрли на касата. Сто пати се покајав што не ја подбрав. Веќе такво нешто не трпам. Одма ќе реагирам. И за други маркети важи ова.
Мене обезбедување во Бриколаж ми го напрљви тоа. Свиреше кога поминав за надвор и се затрчаа двајца накај мене и ми рекоа извинете мора да провериме во торбичката (педерка) што имаш. Можам да ги тужам за такво нешто?
Не знам. Ама така одеднаш на каса да ти рече некој да ти го проверам ранецот, а да вратат камери и да не е отворен ранецот па да им викнеш фино лепо полиција зашто да не викнеш? Зашто ќе те брука пред сите? И мене еднаш не знам во кој маркет беше само што влегов и кога излегував почна да свири сензорот ама ништо не најдоа па се извинуваа сензорот им бил расипан
Во Кам маркетите кај што купувам,вработените се ок,а за некои непријатни ситуации пишав порака на ФБ профилот на Кам и тие бргу ми одговорија,и добив и извинување,за разлика од Веро,кои ме оставија само на seen,ама повторно им пишав за нешто и по некое време видов минимално подобрување во Веро маркетот во кој купувам. Разбирам дека некои вработени не се задоволни од платите,ама тоа не им дава право да се однесуваат непријатно кон муштериите.
Јас разбирам дека ако муштериите крадат, они плаќаат од свој џеб. Ама тоа не им дава за право да бидат дрски. Еднаш трпев ама веќе не. Малку фалеше да ме удреше со ранецот.
Во Кам има сандачиња со клуч за да си оставиш нешто што си купувал на друго место или лични работи. Затоа може и се изреволтирате.
За во кам не знам ваму кај што одев немаше за чување работи, а во маркети други кај што сум пазарела имало случај муштерии да се пожалат дека оставиле во сандаче работи ама не се сите сандачиња со врата и клуч и им ги немало работите на кој што шефовите реагирале не е во наша одговорност. Се повлекувам од дискусија
А како да оставам ранец во сандаче? Имам право да влезам, како што она има право да го провери ранецот. Ама не и да биде дрска. Ако не и се работи нека седи дома. Татко ми кога пазарувал во истиот Кам слушал расправија помеѓу муштерија и шефот. Причина - на муштеријата некој му ги украл работите купени од друг маркет. Е како тоа не е во нивна надлежност? Катастрофа. Истово важи и за другите маркети.
Да, во право си тука. Не смее да ти забрани, ама и не смее дрско да се понаша. А мислат дека ако работат во Кам дека Господ за онакво го фатиле.