Никогаш немам и не би работела во маркет. Кога бев невработена пред еден месец ова ми беше буквално последна опција. Драго ми е што остана така... Многу ги малтретираат вработените. На пример кога и да влезам во тинекс, се чувствува тензија меѓу вработените. Секогаш се растрчани со полни раце работа. Едни чистат со џогери, други бришат полици, трети на каса...Хаос. Во бутик, кафуле и маркет ниту на најлош душман не би посакала да се вработи. Да работиш во услужна дејност е многу тешко.
Мене „интересен“ ми е феноменот на онаа групација граѓани што никад у животот не мрднале со прст, како муштерии да се изживуваат врз персоналот на овие луѓе. Пример во дијалог - Хехе, му го пуните џебот на гркон, а?, за подоцна да следува: „еј девојчеее зашто нема цена тука истакнатоооо? Да одам сеа кај вашиот шеф и да му кажам?“. Ваквиов синдром е распространет меѓу народов како чума во среден век. Ќе се спомне дека муштеријата е секогаш во право, но каков однос па и тој очекува кога истиот се однесува надмено и во крајна мера простачки.
Вака, кога аплицирав порано за работа во маркет (сега не сум повеќе во маркет) политиката за аплицирање беше друга. Сега ме интересира за моја роднина да аплицира за работа во маркет. Освен cv дали се потребни дополнителни документи за аплицирање? Има завршено средно образование. Некој и има кажано да приложи и диплома од завршено средно образование што ми беше чудно затоа што кога работев во маркет при апликацијата мене не ми бараа диплома од завршено високо образование. Некој да ме упати подобро што има аплицирано скоро.
Ццццц... Како да нудат плата од 500 евра. Господ да чува. Многу се замислуваат. Бараат се и сешто...за колку? За 15 000. Катастрофа.
Глупости тогаш 11 и нешто или 12 им беше минимална. Извадив дадов парите и на крај условите не ми одговараа зошто нели едно се кажува друго излегува таму и си излегов и џабе пари дадов ко да у мвр влегувам. Страшно.
Секаде е така. Имам отидено на интервју во Кам. Верувај дека не е се така како што изгледа. Кога прашав за плата одма типката почна да ми врти од околу.
Кога ќе пополниш апликација ќе напишеш дека аплицираш за работна позиција Продавачка. Ако сакаш само роба да редиш. Ова за во Веро и Рамстор. И во Тинекс можеш така да аплицираш. Баш пред некој ден имаше оглас дека бараат повеќе продавачи - за пиљара, деликатеси, и др.
Маркет никогаш повеќе. Работев година ипол и низ нос ми излезе. И келнерка сум бил и во кујна, ама од маркет поужасно нема. Работев во познат маркет, од ланец маркети во Западна Македонија, абе УЖАС. Во 9 затваравме дуќан, некој му се јавил на газдата дека во 9 и 5 било зстворено, наредниот ден ни вика, абе седете барем до кај 9 и 15, немора вие во 9 да си одите, ги знаете луѓево какви пред затварање пазарат. И да исчистиш и на каса и месара и све. Трудна бев, нејќев да кревам пакети со Кока Кола од по 2л шефицата ми вика е де, мислиш прва трудна си овде дојдена, многу нежна ти. Секоја недела обавезно по еден минус по 300-400 ден. Кога ми пукна филм и им објаснив дека газдата ќе биде известен за минусите, веќе ни еден минус немав. 4 слободни дена во месец. Се ова за 13.000
Здраво, ме интересира дали некој има искуство со работа во Кам како заменик раководител? Најдов оглас но размислувам дали да се пријавам, дали знае некој како е тоа?
Prvo ke pocnes kako kasier i prodavac,da naucis kasa i da gi naucis artiklite,potoa ke dadat mislenje dali si spremen/na za da ucis dopolnitelno. Dokolku se pokazes ke pocnes na obuka za zamenik. Od tebe zavisi se. Platata e dobra no se bara i dosta posvetenost i vnimanie. So sreka.