За во Кипер комшика аплицираше, ама не ја викнаа на интервју. За во маркет не ти требаат врски. Во Кипер може не примаат македонци.
Јас до пред некое време работев во маркет. Секакви примаа. Живи неписмени. Не знаат да враќаат кусур. Комшика моја пред некој ден пазарувала во Рамстор. Таа на каса појма немала.
Па во Кам праќа ЦВ-а веќе 2 години на секој оглас, еднаш имаше аплицирано преку Вработување, и пишаа од Кам маил демек на маил да пушти податоци, пушти, има искуство како продавачка повеќе од 6-7 години, цел живот тоа го работи, не и се јавува никој. Дека се работи за помал град, не е Скопје, изгледа требаат врски. Незнам што се случува во мизернава држава и јас еднаш кога се вработив во маркет, преку пријатели се вработив, со молење, со мизерни услови за работа, ама немав друг избор.
Па во Рамстор колку едноставен програм има,треба да бидеш ептен неписмен за да утнеш. Многу постари примаат,немсат сила,неим работи кликерот. Ама кога нема избор секој вработу аат.
Незнам и јас сум разочарана од ова што се случува. Јас барам работа цела година, имам искуство, факултет, пракса, абе на едно интервју да ме викнеа. Незнам што е работава искрено. Затоа луѓето и си одат од оваа мизерија.
Има Рамстор, преку пријатели и таму праша, ништо, немале потреба. Буквално по конфекции, за чистачка, сегде прашуваше од врата на врата, никој демек немаат потреба, во една од конфекциите после 2 дена вработија едно девојче што нема иксуство, ама внука на една од шефиците. Женава изгуби работа со коронава, во депресија мислам падна од ова што и се случува. Абе има и такви што немаат избор и трпат. Дома деца чекаат јадење, сметки да се платат, кредити.... Све се злоупотребува
Еве кај мене подолго време сме ист персонал,ама јас сум 4 ипол години тука и само тројца сме останати другите се се нови. Чим ромите си напуштаат бараат подобро јасно е се.
И јас би исто. Исто. Ама нема ни за тоа огласи, све е преку пријатели. Ова што се случува во помаливе градови е ужас. Јас сум разочарана. Со таков ентузијазам излегов од факултет, со таква желба за работа, за на крај да молам по пријатели и за чистачка.
Таа касиерка во Рамстор е Ромка. Не знам дали уште работи. Не му одговара на секој работата. Ама штом постојано бараат персонал, се е јасно.
Не ми се верува. Најчесто пазарувам во Стокомак и само 4 се исти. Се друго е сменето. Е сега....можеби ги преместуваат. Ме интересира....колку е почетна плата во Рамстор?
Јас за Рамстор кажувам. 15.500 е основна,само они плаќаат и стаж од завод и стаж од Рамстор на годишно ниво.
Работата во маркет дополнително и најмногу ја отежнуваат клиентите - наречени муштерии. Менталниот склоп на нашиот народ е таков да се однесува лошо и дрско со тој што е во маркет јасно давајќи му на знаење дека тој јаде леб од тоа што тие муштериите пазарат таму. Истиот човек муштерија не се однесува така со докторот, медицинската сестра вработената на шалтер бо банка итн. Кај продавачките се со минимална плата уште се соочуваат со нечовечки однос од муштериите понекогаш и колешките. Дури може на крајот отказот да го добие работникот по барање на муштеријата иако работникот не е виновен. Таа работа продавач според мене е работа за млади луѓе додека студираат додекаа најдат нешто друго. За жал во нашава држава не е така. Малку дури ми е незгодно кога ќе видам возрасна жена да услужува на каса или каде било низ маркет и уште плус да е со завршено високо образование. Реалноста сосема различна од моите желби и размислувања. На секој чекор се отвара нов маркет, па така ние какви и да сме по карактер со какво образование и да сме а притоа да не сме деца на побогати родители ќе мора да работиме таму. Ќе работиме па ќе даваме отказ и се така во круг а може и ќе испадне дека сите ние што сме дале отказ од работа продавач дека не ни се работи. Добив дури и таков коментар.